ZORAN ZAEV KOMUNITETIT KRENAR LGBT: ЗОРАН ЗАЕВ Е ГОРД НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА КОЈА ПРИСУСТВУВАШЕ НА ПРОТЕСТОТ И ВО КАМПОТ!
Дури и во Европа тешко ќе најдете да протестираат како што протестираа во Скопје Ромите, протестираше и ЛГБТ заедницата, со знамиња заедно тие испратија јасна порака и ние сме горди на тоа, вели во интервју за косовската телевизија РТК лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Заев вели дека протестот во неделата бил граѓански и претставувал голема потврда, на што потенцира дека е многу горд.
-Ние бевме само учесници во тој процес, тоа беше протест кој ги опфати сите граѓани на нашата земја. Овој протест има многу разлики, не само етнички што е многу добро, овие етнички различности испратија порака до мултиетничкиот Балкан. Мора да останеме заедно и да се бориме за квалитетен живот секој ден. И тоа е најважната работа. Во однос на различноста, беа вклучени различни асоцијации, НВО, интелектуалци и слично. Дури не е вообичаено ниту за Европа да се организира протест во кој ќе учествуваат заедно Ромите, но и ЛГБТ заедница со своите знамиња, сите заедно. Ние испративме многу силна порака и сме особено горди на тоа, вели Заев.
Извор: “Инфомакс“
|