СКАНДАЛОЗНО СВЕДОШТВО: ТЕРОРИСТ ОД УЧК ГО ОТКРИВА ПЛАНОТ КОЈ ГО ИМААТ ТЕРОРИСТИТЕ И ЗАЕВ ЗА СОБОРУВАЊЕ НА ВЛАДАТА
Покрај многуте скандали кои денес произлегоа од интервјуто на Заев за косовска телевизија, произлезе и едно скандалозно сведоштво на еден од терористите кои биле во Куманово но кукавички ја напуштиле борбената линија пред да бидат убиени или уапсени.
Имено, терорист кој на видеото дава интервју за косовската телевизија, во истата емисија во која интервју дава и Заев открива дека тие имале планови за 12 Мај годинава да отпочнат со терористички акции низ Македонија. За такви акции извести и МВР но и премиерот Груевски.
Тој сведочи дека планот бил да се напаѓа Владата како и институции, и дека планот не бил да отпочнат битка во Куманово но биле откриени пред да започнат со плановите.
Интересно е тоа што плановите кои ги откри терористот кореспондираат со плановите на Заев за соборување на Владата. Имено и терористот и Заев велат дека Охридскиот рамковен договор е клучната точка околу која тие се борат и бараат оставка и дека доколку СДСМ дојде на власт тие ќе го спроведат Охридскиот рамковен договор па дури и ќе воведат задолжителен албански во градинките, основните и средните училишта, а ќерка му ќе била прва да учи албански.
Во истата емисија во која Заев дава интервју говорат и братот на убиениот терорист Мирсад Ндрецај, но и братот на убиениот терорист Зимбери. Тие велат дека планот е да се урне Владата и да се формира Голема Албанија.
Истата агенда на терористите и Заев ја откриваат и намерата позади активностите на опозицијата, но и кореспондираат со изјавата на Лавров кој предупреди дека се планира поделба на Македонија, едната половина на Албанија едната на Бугарија, со што Западот би ја исполнил желбата на Албанија и Бугарија и би го задржале апсолутното влијание на Балканот. Дополнително, Лавров предупреди дека Западот преку опозицијата планира да го спроведе овој план со што сите коцки од мозаикот се склопуваат и ги истакнуваат вистинските планови на опозицијата.
Заев, СДСМ, Соросоидите и УЧК се едно исто, организации финансирани од Западот да ја дестабилизираат Македонија на барање на истите тие Западни земји само да ги задржат своите гео-политички интереси но и парите.
Дополнително, она што ја докажува поврзаноста на Западот е тоа што во видеото Заев вели дека се гордее на одлуката на ЕУ дека доколку тој биде уапсен ЕУ ќе ја повлече поддршката за Македонија. Тоа е само уште еден доказ дека Заев помогнат од Западот одигрува сценарио за поделба на Македонија!
По ова, Заев треба да одговара и за помагање на тероризам.
https://youtu.be/tPsyPqQHoUg
Извор: “Инфомакс“
|