Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-11-24, 6:19 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 23 » Калининград - руска врата во Европа
    3:55 PM
    Калининград - руска врата во Европа

    Калининград - руска врата во Европа

    За едни тројански коњ, а за други руска врата во Европа. По осамостојувањето на прибалтичките земји од Советскиот Сојуз, Калининградската област остана отсечена од преостанатиот дел од Русија, како некој остров, кој на запад излегува на Балтичко Море, а од исток, север и југ се граничи со Литванија и со Полска, членки на ЕУ и на НАТО. Руската ексклава е од огромно стратегиско значење за Москва. Таа е на чекор до европските метрополи и е дом на Балтичката флота

    ЕКСКЛУЗИВНО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ВО РУСКАТА ЕКСКЛАВА

     Кон крајот на 1944 година, 2.500 „разветчики“ (воени из­видувачи на советската армија), распоредени во 237 извидувачко-диверзантски групи, со воздушен десант се спуштиле во поширокиот реон на Кенигсберг, главен град на тогашната германска покраина Источна Прусија. Во тоа време, во овој регион биле стационирани големи сили на армијата на нацистичка Германија, кои биле закана за советската војска во нејзиниот поход кон Берлин. Во услови на немање никакви податоци за овој регион, задачата на разузнувачите била да обезбедат колку што е можно повеќе информации за теренот, за распоредот на германските сили, како и да вршат диверзантски дејства во нивната заднина. Меѓутоа Германците, кои биле добро организирани, успеале да им нанесат големи загуби на советските разветчики. Голем дел од нив биле застрелани уште во воздух, многумина загинале во борбите на терен, а дел биле заробени. Од 2.500 луѓе успеале да се спасат само педесетина. 

    Оваа голема жртва не била залудна. Неколку месеци подоцна, врз база на нивните информации, а откако претходно отворила коридор кон Берлин, советската војска на 7 април 1945 година успеала да ги порази Германците и да влезе во Кенигсберг. Една година подоцна, со Постдамскиот договор, потпишан помеѓу САД, Обединетото Кралство и СССР, оваа територија станала дел од Советскиот Сојуз. 
    Кенигсберг го добил новото име Калининград.

    ДОМ НА БАЛТИЧКАТА ФЛОТА

    Денес Калининград е главен град на Калининградската област, руска ексклава со површина голема речиси колку две третини од Македонија и со нешто помалку од еден милион жители. По осамостојувањето на прибалтичките земји од Советскиот Сојуз, оваа област останува отсечена од преостанатиот дел од Русија, како некој остров, кој на запад излегува на Балтичко Море, а од исток, север и југ се граничи со Литванија и со Полска. Жителите на Калининградската област, за да стигнат до матичниот дел на нивната земја по копнен пат, покрај низ една од овие две соседни држави, мора да поминат уште и низ Белорусија или, пак, Летонија. Најкраткиот пат од Калининград до најблискиот град во Русија е околу 700 километри. 

    Од друга страна, областа е од огромно стратегиско значење за Русија. Покрај тоа што се наоѓа на чекор од големите европски градови, тука се наоѓа и пристаништето Балтијск, каде што е сместен најголемиот дел од Балтичката флота на руската воена морнарица и кое е единственото руско пристаниште на Балтичко Море каде што преку зима водата не замрзнува.

    Сѐ на сѐ, еден специфичен дел од Русија и како таков доволно голема провокација за да го посетиме.
    За разлика од советските „разветчики“, ние во Калининградската област пристигнавме со автомобил, од Полска, преку граничниот премин Мамоново. Иако пред нас има доста возила со руски и со полски регистарски таблички, границата на Руската Федерација ја минуваме брзо и без никакви проблеми. На прашањето на љубезната цариничка за целта на нашето патување во Калининград, онака новинарски одговараме дека сакаме да направиме репортажа за животот на просечниот руски граѓанин.

    - Мислам дека Калининград не е најтипичниот град за да го дознаете тоа, но, како и да е, добре дојдовте во Русија - ни возвраќа таа низ насмевка и со доза чудење.

    Бидејќи стигнавме доцна навечер, задоволувањето на нашата новинарска љубопитност го оставаме за наредните три дена. 

    Првиот впечаток за Калининград е дека тоа е убав град. Распослан на двата брега на реката Преголја, во делот каде што таа се влева во Калининградскиот залив од Балтичко Море, тој претставува спој помеѓу со векови старата пруска архитектура и градбите подигнати во времето по Втората светска војна, спој помеѓу старото и новото, спој помеѓу динамиката на современиот живот, вткаена во урбаната инфраструктура на градот и некој чуден спокој што неодминливо го наметнуваат многубројните паркови и езера во чиј амбиент се сместени најубавите тврдини, катедрали и споменици, кои зборуваат за историјата на овој град. Еден од тие споменици е и обновената Калининградска катедрала, изградена во готски стил, а која датира од 14 век. Во катедралата се наоѓа гробот на славниот филозоф Имануел Кант, кој бил роден во Кенигсберг и тука го поминал најголемиот дел од својот живот. Во центарот на градот доминира огромниот плоштад на победата, карактеристичен за повеќето советски градови, на кој покрај споменикот во чест на победата над фашизмот се наоѓа грандиозниот православен храм на Христос Спасителот. Поширокото централно градско подрачје го карактеризираат широки булевари, раздвиженост, интензивен сообраќај... Луѓето се пријатни, со висок степен на култура, која може да се забележи не само при комуникацијата со нив туку и низ нивното однесување. Со еден збор, слика на град што според ниеден параметар не би можеле да го издвоиме од некој сличен на него, во околните земји на Европската Унија.

    - Калининград и целата област претставуваат многу значаен индустриски центар, за што најмногу придонесуваат металната и електромашинска индустрија. Доминираат фабрики за производство на локомотиви, вагони, автомобили... Бродоградбата, електрониката, како и текстилната, прехранбената индустрија, рибарството, исто така, претставуваат столбови на нашето стопанство - ни објаснува Павел Анатолевич Мамонтов, претставник на руското министерство за надворешни работи во Калининград.

    ГОЛЕМ ИНДУСТРИСКИ ЦЕНТАР

    Значајна гранка е и производството на јантар, односно килибар по наше. Калининградската област е најголем производител на овој најскапоцен органски материјал, кој е симбол на градот и кој нема минерално потекло, но се употребува за изработка на вредни украси и накити. Како резултат на сето ова невработеноста во Калининградската област е со стапка од 1,5 отсто со план во 2016-та да не помине два отсто, а просечните плати и стандардот на жителите на Калининградската област се поголеми во однос на оние во другите делови на Руската Федерација.

    Дека тоа навистина е така ни раскажува и Сергеј Андрјухин, пензионер, кого го сретнавме покрај брегот на реката Преголја, додека лови риби.

    - Сега е добро. Калининградската област по војната имаше повеќе подеми и падови. Најтешко беше кога се распадна Советскиот Сојуз. Нашите браќа Руси тогаш како да подзаборавија на нас. Имаше повеќе неуспешни експерименти, кои доведоа до тоа Калининград да стане многу лошо место за живеење. Наместо да работат, луѓето почнаа да се занимаваат со шверц и криминал. Но во последниве години е многу подобро. Областа има статус на слободна економска зона, влегува и странски капитал. Има работа, платите се пристојни, нема криминал - вели тој.

    Инаку, судбината на Калининград како индустриски центар е определена уште во годините веднаш по војната, кога германското население при налетот на руската армија го напуштило ова подрачје. На нивно место биле доселени граѓани од сите делови на тогашниот СССР, меѓу кои, според тогашната стратегија, најмногубројни биле луѓе со високо образование, инженери, техничари, мајстори, кои требале да ја развиваат индустријата и да ја изградат оваа област. Во согласност со таквата политика е и националната структура на Калининградската област, која е слична на онаа што беше во Советскиот Сојуз. Иако најмногубројни се Русите по потекло, неретко ќе сретнете луѓе на кои едниот родител им е, на пример, Белорусин, а другиот Украинец, Полјак...

    ТРОЈАНСКИ КОЊ ИЛИ МОСТ НА СОРАБОТКА

    Калининградската област, гледано низ призмата на најновите случувања на геополитички план, некои ја сметаат како руски тројански коњ во Европа, како некаква воена закана или слично. Други, пак, ја гледаат како мост помеѓу Русија и Европа, пример како треба да комуницираат соседни држави, без разлика на моменталната припадност во некаков сојуз.

    Трите дена поминати во овој дел од Русија нѐ наведоа на единствен заклучок дека Калининградската област претставува една голема врата преку која граѓаните на Русија комуницираат со нивните соседи од ЕУ. Комуницираат без предубедувања, со меѓусебно почитување, со заемен интерес... Се раѓаат и нови љубови, се формираат семејства... Врата што е ширум отворена...

    Дали ќе остане отворена или ќе се затвори, тоа ќе покаже времето. А ќе зависи од луѓето чии телефони се обоени со црвена боја.


    Не се чувствуваат западните санкции кон Русија

    И покрај тоа што Калининградската област е речиси целосно опкружена со земји што ѝ припаѓаат на Европската Унија, се чини дека санкциите на ЕУ кон Руската Федерација тука немаат некакво посебно значење. Очигледно е дека регионот на Калининград има посебно место, не само во политиката на Русија туку и пошироко во односите меѓу ЕУ и Русија. Што се однесува на односите со соседите, слободно може да се каже дека односите помеѓу жителите се на повисоко ниво од официјалните политички односи. Специјалниот режим на пограничен престој го користат и Европејците и Русите. Со договорите за пограничен престој, Русите од Калининградската област слободно влегуваат во соседните земји-членки на ЕУ, а исто важи и за жителите на ЕУ-државите, но во обратна насока. Во областа постапката за добивање шенген-виза е многу едноставна, така што речиси 40 проценти од населението имаат можност во секое време да влезат во ЕУ. Соседните ЕУ-држави даваат голем број стипендии за студенти од Калининград. Таквата интензивна комуникација си го прави своето, па на двете страни веќе има многу бракови помеѓу Русите, Полјаците, Литванците и Летонците.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52115851412&id=84&setIzdanie=23473

     


    Текст и фотографија  Дарко Андоновски

     
       

    Автор: Текст и фотографија Дарко Андоновски

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 306 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024