Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:45 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 23 » И Русија го чествува делото на просветителите
    3:58 PM
    И Русија го чествува делото на просветителите

    И Русија го чествува делото на просветителите

    Најдолга традиција во чествувањето на придонесот и работата на двајцата византиски филозофи и мисионери има во земјата со најбројно словенско население, Русија, која со векови овој ден го одбележува како Денови на словенската писменост и култура

    НАПИШАА ЗА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

    Драган Јањатов

    Во пресрет на денот на сесловенските просветители, солунските браќа Кирил и Методиј, сиот словенски свет се подготвува да го одбележи овој велик празник на просветата и културата и на сите што го почитуваат и ценат нивното епохално дело, кое засекогаш остави печат во историјата на многу народи и држави од словенска провeниeнција, но не ги остава рамнодушни и широките културни кругови на народите што не се од словенски род. Најдолга традиција чествувањето на придонесот и работата на двајцата византиски филозофи и мисионери, сепак, има во земјата со најбројно словенско население, Русија, која со векови овој ден го одбележува како Денови на словенската писменост и култура.
    Прв пат на државно ниво овој ден во Русија почнал да се слави во далечната 1863 г. по повод 1.000-годишнината од создавањето на словенската азбука од браќата Кирил и Методиј, кон средината на 9 век. Во таа година државната империјална власт издала указ, денот 11 мај (според новото сметање на времето, 24 мај) да се слави како празник на сеќавањето на светите браќа и нивното дело.
    Оваа традиција не беше прекината и во почетокот на минатиот век, во годините на советската власт во СССР, само што тогаш активностите по повод денот на светите Кирил и Методиј, главно, се одвивале во регионите и градовите од внатрешноста на земјата, спонтано и според волјата на народот, без однапред определени сценарио и програма. Но ваквата практика е прекината во март 2010 година, кога претседателот на Руската Федерација (РФ) го издаде указот број 323 за празнување на Денот на словенската писменост и култура, а на 14 мај истата година е утврден и составот на Рускиот организациски комитет за подготовки и спроведување на манифестацијата, за чии сопретседатели беа одредени претседателот на владата на РФ, Дмитриј Медведев и Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, кои заедно со уште триесетина други членови со висок државен и научно-културен ранг, секоја година спроведуваат програма и манифестации достојни на делото и животот на двајцата културни дејци, кои се одржуваат во рускиот главен град Москва, а под патронат и организација на Министерството за култура на РФ.  Манифестации се одржуваат и во голем број руски градови и региони во внатрешноста на земјата.

    Традиционално програмата на празнувањето на денот на Кирил и Методиј во Русија вклучува религиозно православен-духовен и научно-просветен и културен дел, во кои учествуваат РПЦ и голем број државни институции, организации и здруженија. На свеченостите во Москва на овој ден присуствуваат голем број посетители од земјата и гости од странство. Државно-црковни делегации на високо ниво од сите словенски, а и од други многубројни несловенски земји во кои некогаш престојувале и служеле Кирил и Методиј, се покануваат да присуствуваат на одбележувањето на Денот на словенската писменост и култура во Москва. Активностите почнуваат во Успенскиот соборен храм во Кремљ со света божествена литургија, на која чиноначалствува лично патријархот московски и на цела Русија. По завршувањето на литургијата и биењето на сите црковни ѕвона во Кремљ, се организира процесија до Славјанскиот плоштад во центарот на Москва, каде што на импозантниот споменик на сесловенските браќа Кирил и Методиј, откриен на 24 мај 1992 -та, многубројните делегации од Русија и од странство, вклучувајќи ја и македонската, положуваат цвеќе.

    И годинава, во Русија е предвидена богата програма со голем број учесници, од кои централно место заземаат Меѓународната научно-практична конференција на тема „Словенскиот свет: општественост и разнообразност“, Фестивалот на словенска музика, одржувањето специјални школски часови и предавања посветени на празникот, животот и делото на Кирил и Методиј. Во организација на Московската патријаршија се одржува и Фестивалот на професионални и аматерски хорови од цела Русија. Концертите се одржуваат на Црвениот плоштад, а на нив присуствуваат и по неколку илјади посетители. Колкаво значење и внимание на овој ден и на светите Кирил и Методиј им се посветува во Русија зборуваат и многуте други приредби и манифестации посветени на нивниот лик и дело, кои рускиот народ ги почитува, памети и слави. 

    За одбележување во оваа пригода е податокот дека познатиот руски јазиковед, професор и доктор по филолошки науки, Виктор Александрович Искрин (1906-1967 година), во своите лингвистички трудови „1.100 години словенска азбука“ и „Појавата и развојот на писменоста“, објавени во 1963, односно 1965 година, по низа систематски и компаративни истражувања на голем број старословенски документи и житија од повеќе извори, ја застапува хипотезата дека Кирил и Методиј не се единствени автори на глаголицата, односно нешто подоцна и на кирилицата, туку таа заслуга му ја припишува на нивниот ученик Климент Охридски.

    Врз основа на фонетската копија на словенските гласови, што ги издвоиле Константин (Кирил) и Методиј, Климент ги забележал ортографски и знаците, односно буквите на првата словенска азбука, податок што се споменува и во неговото житие. Браќата Кирил и Методиј дури потоа од грчки јазик го превеле на „разбирлив словенски јазик“, најнапред Светото писмо, а потоа и повеќе богослужбени книги и прирачници што ги користеле во своите прочуени просветителски мисии: Хазарската, Моравската, Бугарската и други. Оваа хипотеза на професор Истрин не е верификувана и прифатена од официјалната славистичка наука, но има свои следбеници.

    Во пресрет на големиот сесловенски празник, кој од необјасниви причини, мошне скромно се одбележува и во Македонија, треба да потсетиме дека рускиот научник-лингвист освен Климент Охридски, меѓу позначајните ученици на Кирил и Методиј, кои го продолжиле нивното просветителско дело на словенски јазик со помош на кириличното писмо ги издвојува уште и Наум Охридски, Константин Преславски, Горазд Охридски, Ангелариј Охридски, Сава Охридски, Лаврентиј и други, од Охридската книжевна школа, за чија работа и значење во славистичката наука, европската културна јавност е добро информирана.

    Авторот е поранешен македонски дипломат
     


    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 271 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024