Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 7:56 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 25 » АНДРЕЈ КОРИБКО СО УШТЕ ЕДНА МАЕСТРАЛНА АНАЛИЗА: ИДНИНАТА НА БАЛКАНОТ МИНУВА НИЗ МАКЕДОНИЈА, ЗАТОА ЗЕМЈАТА СЕГА Е ЖАРИШТЕ!
    2:25 PM
    АНДРЕЈ КОРИБКО СО УШТЕ ЕДНА МАЕСТРАЛНА АНАЛИЗА: ИДНИНАТА НА БАЛКАНОТ МИНУВА НИЗ МАКЕДОНИЈА, ЗАТОА ЗЕМЈАТА СЕГА Е ЖАРИШТЕ!

    АНДРЕЈ КОРИБКО СО УШТЕ ЕДНА МАЕСТРАЛНА АНАЛИЗА: ИДНИНАТА НА БАЛКАНОТ МИНУВА НИЗ МАКЕДОНИЈА, ЗАТОА ЗЕМЈАТА СЕГА Е ЖАРИШТЕ!

    Со помош на македонските обоени револуционери и етничките терористи, Западот се обидува да ја дестабилизира Македонија, со цел соборување на демократски избраната влада и повлекување на земјата од Балкански ( Турски ) тек, пишува дописникот на Нетпрес од Атина, кој објавува интервју со Андреј Корибко, новинар во рускатата новинска агенција “Спутник” и одличен познавач на состојбите. Во пресрет на утрешниот протест на опозицијата, Корибко е загрижен од можноста САД да иницира насилство во Скопје под лажен параван, како што беше случајот со снајперистите во Киев. Корибко нагласува дека освен политичките, постојат и идеолошки причини за агресијата на Западот врз Македонија, во соработка со СДСМ, а тоа е обидот да се уништат традиционално-религиските вредности што премиерот Никола Груевски и ВМРО- ДПМНЕ ги промовира. Го пренесуваме интервјуто на дописникот на „Нетпрес“ и Андреј Корибко.

    kobriko_analiza_moskva

    Во последното соопштение на Руското МНР по терористичкиот напад во Македонија се вели дека опозицијата и невладините во земјата, инспирирани од Западот, се обидуваат да креираат обоена револуција. Сега е и повеќе од јасно дека сето ова што се случуваше изминатите месеци, пропаднатиот пуч, објавувањето на нелегално снимените материјали, протестите и терористичкиот напад, е стратегија креирана од опозицијата, соросовите невладини и некои западни сили со цел Македонија да се повлече од рускиот гасовод Турски тек. Кои се деталите од мрачното сценарио што тие го планираа?
    -Главната стратегија е да се собори Владата користејќи обоена револуција, но ако тоа не успее, тогаш тие планираат да започнат со неконвенционална војна, моделирана од сирискиот образец. Веќе го гледаме почетокот на втората стратегија со терористичкиот напад во Куманово, кој што тие го организираа со цел да се обидат да ги поттикнат Албанците да се отргнат од демократски избраната и легитимна влада. Се надеваат дека ќе фрлат дамка на угледот на Албанците со тоа што ќе ги поврзат со тероризам со цел да предизвикаат етнички и религиски тензии на обете страни. Ако комбинацијата од обоена револуција и неконвенционална војна не успее да ја собори владата, тогаш тие се надеваат дека произлезениот хаос може да креира изговор за формална воена интервенција на НАТО. Ова може да подразбира Албанија да ги окупира реоните со етнички Албанци во западна Македонија под лажна маска за “хуманитарна интервенција”, за “одговорноста да заштитат” и за “антитероризам”, или пак поунифицирана НАТО интервенција на Албанија и Бугарија, при што вториве ќе пратат трупи на границата за наводно да се справат со “бегалците”. Крајната цел на ова е да се отстрани патриотската и меѓународно призната влада на Македонија, да се смени уставното име на земјата, можна федерализација или поделба на државата (дури можеби и меѓу Албанија и Бугарија, со тоа што ЕУ и НАТО ќе ја поддржуваат окупацијата од страна на Софија како награда за одбивањето на Јужен тек ) и на крајот е саботажата на руските планови за Балканскиот гасовод.

    Но, очигледно во Македонија нешто не им функционира. Освен навремените и одлучни чекори на државниот врв, изгледа дека тие не успеваат во голема мера благодарение на мудроста на народот, како Македонците така и Албанците, кои што сфатија за какво сценарио станува збор и кои се негови режисери, сфатија која ја кажува вистината, а кој лаже. Сепак, наивно е да мислиме дека сега ќе се откажат и едноставно ќе му го отворат патот на Турски тек. Што може да очекуваме следно?
    -Македонија сигурно може да очекува уште насилни провокации бидејќи САД нема да се откаже од своите планови лесно. Им честитам на сите Македонци за смирената и мирна реакција на постоечките провокации, а мојата почит ја упатувам и особено за албанската популација за тоа што досега го избегнува одндвор наметнатото искушение за голема Албанија. Но, гледам дека Западот го зголемува пристисокот врз сите Македонци, а особено врз етничките Албанци, со цел да се обидат да го поделат општеството. Веќе гледаме меѓународни ( западни )дипломатски интервенции преку пристрасните изјави на ЕУ, НАТО и заедничките изјави на САД, ЕУ, Франција, Велика Британија и Италија, кои што во суштина поставуваат еднаква вина на безбедносните сили за терористичкиот напад. Методот зад ова нивно лудило е да креираат изговор за сакнции против луѓето од Македонија, кои што се дизајнирани за да го намалат нивниот животен стандард и економскиот раст ( кој што е поголем од оној на Еврозоната од минатата година ), за да се почувствуваат приморани да им се придружат на обоените револуционери или етничките терористи. Во секој случај, многу сум загрижен дека САД ќе инцираат насилство во Скопје под лажно знаме, како што направија со снајперистите во Киев, со цел да ја забрзаат дестабилизацијата на земјата. Сето ова се сведува на 17 ти мај и следниот обид за обоена револуција односно државен удар. Сметам дека овој ден е преодреден да влезе во македонската историја, како денот кога дестабилизаторите беа поразени или како денот во кој што Македонија ќе биде втурната во целосен хаос. Едноставно има премногу медиумско покривање од страна на западните медиуми за престојниот настан сега, за Вашингтон да не ги фрли сите свои ресурси за промената на режимот да биде успешна, иако предвидувам дека мнозинството Македонци ќе продолжат да се спротиставуваат на надворешната војна кој што се наметнува на нивната земја, со истата посветеност и хероизам како Сиријците.

    3.Состојбата во Македонија очигледно го вклучи црвениот аларм и во Грција, со глед на тоа што и двете ќе бидат транзитни земји за гасот, заедно со Србија. Знаеме дека во минатото за време на преговорите за рускиот гасовод Јужен тек, грчкиот премиер Костас Караманлис се соочил со атентат затоа што Грција се согласи да учествува во проектот, а истовремено беа прислушувани и телефонските разговори на грчкиот државен врв. Целата операција била водена од неколку сојузнички странски тајни служби во соработка со најмалку 20 мина Грци и многумина веруваат дека оваа шпионска мрежа стои зад насилството на протестите во времето на Караманлис. Дали грчката влада и сега може да очекува сличен притисок или овој пат тие планираат да ги притискаат транзитните земји со користење на борците од ИСИС и “голема Албанија” ?

    – Мислам дека тоа е секако можно и не би го отфрлил тоа сценарио, но мислам дека е поверојатно САД најпрвин да се обидат да користат внатрешен пристиок против Сириза, пред да прибегнат кон надворешни средства, како во Македонија. Тие сакаат да ја направат поделба во основата на партијата што ќе доведе до нејзино распуштање и предвремени избори, надвајќи се дека ова ќе биде повеќе ефективен и лесен начин да се саботира Балканскиот тек во Грција. Други сретства кои што може да ги искористат е да и понудат на Грција дарежливи финански договори во замена за да не го исполнат ветеното или да го одложат Балканскиот тек, а може да им биде исплатен и дел од репарациите на Германија за Втората светска војна, за кои што во моментов се дискутира. Таквите исплати ќе бидат само форма на поткупување на Сириза во овој случај, со оглед на тоа што Германија нема мотив да и обезбедува какви било пари на Грција, доколку нема политичка врска. Конечно, со американскиот дипломатски притисок врз грчките работи и неговата сфера на влијание, веројатно се прикажува некој голем договор што Вашингтон сака да го направи со Атина. Ова објаснува зошто Џон Кери и Амос Холстеин лобираат за гасоводот ТАП наместо за Балкански тек, иако во најдобар интерес на Грција е двата гасоводи да минуваат низ нејзина територија. Исто така треба да се каже дека Русија воопшто не се противи на ова, додека САД се тие што сакаат да ја примораат Грција да направи избор. Со цел да го направат договорот по привлечен, Вашингтон сега предлага федерализациски модел за Кипар со цел да се разреши долгиот конфликт таму. Би било будалесто да се мисли дека овие два дипломатски притисоци не се поврзани, со оглед на тоа што е очигледно дека САД се надеваат дека ќе излобираат Грција да се спротистави на Балканскиот тек, со ненадајно преправање дека следи своите интереси во Кипар.

    Да позборуваме за пропагандата на странските медиуми. Речиси е смешно тоа што некои про-западни медиуми имаат целосна пристарaсност во своите извештаи, посочуваат виновници, објавуваат изјави или интервјуа само од опозицијата и соросовите активисти и прават ефтини и патетични спинови. Дали е коициденција што повеќето од овие медиуми се чини доаѓаат од САД, Германија и Велика Британија и неколку од регионот финансирани од Сорос ?
    -Не, не е коинциденција бидејќи тоа се истиете политички сили кои што се борат против Македонија. Би сакал да ја нагласам непријателската политичка природа на овие ентитети, бидејќи нивните економски интереси се во согласност со Балканскиот тек, како што е пример со Германија, но и ЕУ во целина. Но, политичките сили кои што се контролирани од САД се спротиставуваат на Балканскиот тек поради притисокот на Вашингтон за нова Студена војна и ако сакаат да ја задржат власта и да не бидат соборени преку нивните изманипулирани скандал со прислушкување, политички пуч или обоена револуција, тогаш тие мора да го почитуваат она што САД го кажува. И уште нешто, овие западни актери се поддржувачи на хипер либерализмот и во вашата земја се обидуваат да ги уништат оние религиско-конзервативни вредности што премиерот Никола Груевски и ВМРО се обидуваат да ги засилат и промовираат во Македонија, па за нивната агресија постојат и идеолошки причини. Заев е ист како овие западни политичари и има за цел да воведе хипер либерален модел во Македонија кој што ќе се оддалечи од сите овие успеси базирани на вредностите што се градат во последната декада.

    Повеќе или помалку, сите транзитни земји се и ќе се соочуват со притисок на многу начини и нивоа, но зошто се чини дека Македонија засега се соочува со најсилен притисок? Дали една од причините е можеби затоа што не може да најдат подобри сојузници од овие што ги најдоа во Македонија? Дали мислите дека лидерот на најголемата српска или грчка опозициска партија ќе прифатеше да го спроведува ова мрачно сценарио, како што прифатија СДСМ и Зоран Заев ?
    – Мислам дека обоените револуции и нивната развојна тактика се секогаш можни и остануваат закана за секоја држава што му се противи на униполарниот свет, а Македонија беше посебно таргетирана поради нејзината демографија која што ја прави идеална лабораторија. Дозволете ми да објаснам. Во земјата има околу 2 милиони луѓе, со што ја прават релативно лесна за странските тајни служби да шпионираат поголем процент од населението, за разлика од другите поголеми земји. Ова исто така значи дека земјата има мал медиумски пазар во кој што лесно може да пенетрира влијанието на обоениот револуционер Сорос и притисок од надворешни информации. Дополнително, според некои статистики има околу 25 проценти албанско малцинство и тие живеат во најголем број долж албанско-косовската граница, со што се особено ранливи на искушението за голема Албанија. Конечно, опозицијата веќе го бојкотираше парламентот, со тоа креирајќи совршена ситуација за обоената револузија да пушти корен и да биде “убедливо” објавена на наворешните публики. Сите овие фактори се споија и креираа ситуација која што Западот не можеше да одолее да не ја дестабилизира, поради фактот што нејзината демографија обезбеди лесно контролирачки различности за да направат совршено тест сценарио за обоена револуција. Дестабилизирачките лекции кои што се рафинираат во Македонија, се дизајнирани за потоа да се извезат било каде на друго место ( можеби уште еднаш во Србија), но во исто време, спротиставувањето на Македонскиот народ може да послужи како како пример за извоз и да помогне во спротиставувањето на овие механизми во идните театри.

    Сведоци сме на големи промени на мапата на глобалната моќ. Се чини дека се повеќе држави се вртат кон Русија, или да бидеме поконкретни, се повеќе лидери се соочуваат со голем притисок од страна на Брисел и Вашингтон само затоа што негуваат добри и пријателски односи со Путин и затоа што се подготвени да соработуваат во различн сфери. Истовремено, гледаме дека кризата во Македонија се развиваше многу брзо и нејзините креатори ја туркаа многу агресивно, па дали оваа агресија е резултат на тоа што ја губат глобалната моќ и се демаскирани на светската сцена и дали сте оптимист дека низ Балканскиот тек наскоро ќе тече рускиот гас?
    – Мислам дека острата реакција е дифинитво резултат на стравот дека руското влијание на Балканот може да послужи како влезна врата за меко влијание и врз остатокот на Европа. Во реалност, секако, комплетирањето на Баканскиот тек најпосле ќе биде продолжување на постоечката состојба на работите, во чии рамки Русија обезбедува околу 30 проценти од енергетските потреби на ЕУ. Балканскиот тек е во суштина запена за Јужниот тек, што од своја страна, ќе беше замена за гасоводот што минува низ Украина, кој што ќе биде отстранет во 2019 та. Вознемирувачкиот факт што креаторите на политиките на ЕУ се обидуваат да го заборават е дека тие не можат да преживеат без рускиот гас. Тоа е невозможно. ЕУ и Русија се природни партнери, врз основа на нивната географија и историја, и комплетирањето на Балканскиот тек повторно ќе ги поттикне нивните позитивни билатерални односи. Кофликтот, пак, е тоа што САД апсолутно не сакаат ова да се случи, бидејќи разбираат дека тоа ќе ја намали нивната контрола врз Европа, а потоа и врз Евроазија. Може само да се посочи на делото на поранешнот советник за национална безбедност и истакнат полско-американски геостратег Збигњев Берзенски, Големата шаховска табла, за наведеново да се види експлицитно. Затоа, САД сака да ги искористи своите елити во ЕУ за да го зголеми притисокот на кој и да е лидер на земја, која што сака да гради прагматични односи со Русија, па оттука произлегува и моменталната надворешно управувана дестабилизација на Македонија. Иднината на Балканот минува низ Македониија и земјата е сега последното жарише на новата Студена војна. Како и да е, имам полна доверба во Македонците дека храбро ќе и се спротистават на оваа агресија и борба за нивниот суверенетите и безбедност и не очекувам да капитулираат како што направија поделените Украинци. Наместо тоа, гледам отелотворување на духот на Сиријците, во одбраната од надворешната офанзива и заштитата на саканата земја. Се на се, може да потрае подолгу отколку што првично се очекуваше, но предвидувам дека Балканскиот тек ќе биде креиран и дека рускиот гас ќе продолжи да тече низ регионот.

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 220 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024