Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  May 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » May » 29 » Гускова: Груевски е принуден да се прилагодува за „Турски тек“
    3:19 PM
    Гускова: Груевски е принуден да се прилагодува за „Турски тек“

    Гускова: Груевски е принуден да се прилагодува за „Турски тек“

    Груевски суштински не го промени своето гледиште во однос на „Турски тек“, но е принуден да се „прилагодува на оние кои му вршат притисок“, смета Елена Гускова, раководител на Центарот за проучување на современата балканска криза на Институтот за славистика на Руската академија на науки и академик на Српската академија на науки и уметности.

    „Се работи за истото гледиште кое е само изразено на поинаков начин. Груевски порано зборуваше дека нема причина да не го разгледува тоа прашање, теоретски согласувајќи се на можноста за учество во „Турски тек“. А сега вели дека нема ништо против, но дека Русија првин треба да се договори со Европската Унија“, изјави Гускова за весникот „Взгљад“.

    Според нејзините зборови, ситуацијата во Македонија е толку тешка што премиерот најпрвин мора да размисли за нормализација на односите со опозицијата и со Албанците, па „денес прашањето за „Турски тек“ се наоѓа во втор план“, пренесува „Руска реч“.

    „Договорот за „Турски тек“ ниту со Турција не е до крај потпишан. Груевски воопшто не ни можеше да зборува за нешто конкретно, затоа што спогодбата е само најавена. И премиерот се согласува дека тоа е поволно за Македонија. Очигледно е дека се одржани преговори со Европската унија и денес ова прашање за него е повлечено во втор план. Денес се доведени  во прашање стабилноста и постоењето на самата Македонија“, уверена е Гускова.

    Премиерот на Македонија Никола Груевски, чија оставка ја бара опозицијата, претходно изјави дека Македонија ќе се приклучи на „Турски тек“ откако Москва и Брисел ќе постигнат договор за овој гасовод. Исто така, тој истакна дека евроатлантските интеграции се цел на Македонија и дека заради тоа земјата ги донесува сите стратешки одлуки имајќи ја предвид оваа цел.

    Извор: “МКД“

    Views: 260 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024