Нов гувернер на регионот Одеса
ФОТО - ВЕСТ
Украинскиот претседател Петро Порошенко го именува бившиот грузиски лидер Михаил Саакашвили за гувернер на регионот Одеса. Грузиското обвинителство досега има поднесено повеќе обвиненија против Саакашвили, кој се товари за проневери, злоупотреба на власта и политички мотивирани напади. Саакашвили ја напушти Грузија есента 2013 година, неколку дена пред истекот на претседателскиот мандат.
извор: “Нова Македонија“
|