Корбико: Нова стратешка пресметка на Балканот II
Што се крчка долж бугарско-македонската граница? Бугарската одлука да испрати војска на границата со Македонија отвора вознемирувачки прашања за нејзините вистински намери кон државата којашто од неа последен пат беше окупирана за време на Втората светска војна, вели во екслузивна анализа за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце, на Андреј Корбико, американски аналитичар кој работи за рускиот портал Sputnic International, во расудувањата за и околу стратешката пресметка на Балканот
Антивладини протести во Македонија
Бугарија недодамна ја објави својата одлука да ја зацврсне својата граница со Македонија како резултат на терористичкиот напад во Куманово, јавно изјавувајќи дека мора да се брани од некакво си можно инфилтрирање на терористи (без разлика на тоа што Источна Македонија никогаш во својата историја не доживеала ваков проблем) и дека треба да се подготви за (неверојатната) можност, дека 90.000 иматели на бугарски пасоши би можеле да бегаат преку границата.
Бугарија испраќа војска на границата со Македонија за време на смртоносните судири
Сомнежи во врска со намерите на Бугарија се појавија уште на самиот почеток, но сега други тенденции и изјави коишто доаѓаат од земјата, изгледа дека даваат потврда за тоа што навистина се крие зад наизглед нејасниот потег.
Бугарија, имплицитно поддржувана од САД и ЕУ, можеби се обидува да го реафирмира своето де факто наводно право врз територијата и народот на Република Македонија како средство за натамошна дестабилизација на земјата, маргинализирајќи го рускиот проект за Балкански тек и оттргнувајќи го вниманието од нејзините домашни проблеми.
Последен развој на настаните - сигнализирање на анектирање
Испраќањето на побројна војска на бугарско-македонската граница не се појави од некаков вакуум, туку затоа што одредени домашни сили ја имаа притискано Софија да се инволвира во домашните и суверените прилики на нејзинот сосед. Земете го за пример директорот на Музејот за национална историја, Божидар Димитров, којшто провокативно наговести дека Бугарија би можела да биде конфронтирана со изборот за повторно анексирање на територијата којашто ја имаше освоено пред фашистичката ера доколку тоа од неа би било побарано од бугарските граѓани со двојно државјанство.
Треба да се забележи дека неговата изјава беше дадена неколку дена пред засилувањето на бугарското воено присуство долж македонската граница, така што е можно оваа влијателна академска личност од културата којашто има одлични контакти, да имала значително влијание врз ваквата одлука, вели Корбико во анализата за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“.
Дополнително на тоа, вели аналитичарот, Димитров е нашироко познат по неговите радикални антимакедонски ставови, кои одат дури дотаму што тој има објавено книга во којашто тврди дека нивниот сосед којшто е меѓународно признат всушност не е ништо друго освен дел од Голема Бугарија и дека всушност не постои такво нешто како Македонија, Македонци или македонски јазик.
Директно политичко мешање
Загриженоста во врска со бугарското влијание врз македонската домашна криза го вклучи алармот кога поранешниот бугарски премиер и актуелен претседател на Партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев, присуствуваше на инаугурацијата на Обоената револуција и го подржа антивладиниот собир зборувајќи на англиски и на бугарски јазик.
За време на неговиот говор, тој испушти дури и да го спомне зборот „Македонци”, потврдувајќи го на тој начин расистичкото омаловажување кое им е својствено на оние Бугари кои одбиваат да го препознаат постоењето на овој етникум. Уште позачудувачки беше тоа што тој беше дотолку безобразен, таквото свое однесување да го презентира во својство на почесен гостин на обоено-револуционарната ‚опозиција’ покажувајќи со тоа дека ниту нему, а ниту на неговите домаќини, ни најмалку не им е грижа за прашањето кое што претставува јадро на идентитетот на оваа земја.
Играчи од сенка:
Конечно, индикативно е и тоа што бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов беше избран да ги објави плановите на ЕУ за создавањето на обединет пристап во врска со македонската криза. Ова индицира дека Брисел има донесено свесна одлука да го искористи историскиот национализам на Бугарија кон Македонија крунисувајќи ја како застапник во западната игра од сенка.
Моќта на народот или мешање на Западот? Македонските немири откриваат различни ставови
Ваквото назначување веројатно само ќе ги охрабри Бугарија и националистичките структури, активни во нејзината влада и општество; калкулиран потег кој сега го зголемува притисокот врз Македонија од претходната смирена и стабилна источна граница на земјата, која што комбинирана со притисокот кој што доаѓа од Албанија, креира една состојба на вклештување на демократски избраната и легитимна влада, вели натаму Корбико.
Историја на хегемонија
Бугарија историски се има обидувано физички да доминира со Македонија и да избрише секаква референца во однос на македонската етничка група, и во изминатиот век има направено три такви обида.
Втората Балканска војна: Помалку од еден месец откако Балканската лига на Црна Гора, Србија, Бугарија и Грција го ослободи поголемиот дел од Балканскиот полуостров од Отоманската окупација, Бугарија ги издаде своите сојузници и се обиде да ги освои своите новостекнати територии на 29. јуни 1913 година.
Една од главните цели на Софија во тоа време беше да ја истурка Србија од територијата на денешна Република Македонија и да ја анектира земјата кон Голема Бугарија. Иако кампањата која што траеше месец дена на крајот пропадна, Бугарија не изгуби ниту грам од својата експанзионистичка желба, која заживеа повторно со почетокот на Првата светска војна.
Прва светска војна: Македонскиот конфликт: Лонецот на Арапската пролет се прелева врз Балканот? Бугарските амбиции за враќање на претходно доделени па одземени територии во Србија и во Грција беа примарната причина за нејзината одлука да им се придружи на Централните сили во Првата светска војна. Ова се покажа како привремен успех во нејзиниот поход за окупација и присилно припојување на Македонија како дел од Голема Бугарија. Историската трагедија што Македонците мораа да ја поднесуваат сето тоа време сопре само заради завршување на војната кон крајот на 1918 година, по којашто беше ослободена од бугарска контрола за период од следните две декади дадена под српска и грчка доминација.
Втора Светска војна
Историјата на Балканот има некој чуден начин постојано да се повторува и последната глобална катастрофа не се разликуваше од тоа. Бугарија застана на страната на нацистичка Германија делумно поради тоа што сеуште посакуваше да завладее со Македонија и веднаш откако Хитлер ја порази Југославија, во април 1941 година, таа испрати своја војска за да ја анектира посакуваната територија. Македонците гордо пружија отпор и ја лансираа својата Национално-ослободителна војна против окупаторот, која што продолжи cé додека конечно сите нацистички и бугарски војници не беа протерани од земјата.
Актуелен контекст
Бугарија моментално се наоѓа во доста незавидна форма, како економски така и политички. Во моментот ја држи неславната титула на најсиромашна земја на ЕУ, а стотина илјади нејзини граѓани живеат како економски мигранти расеани низ цела Западна Европа.
Бугарската влада е исто така нестабилна, редовно поминувајќи низ разни реконструкции и оставки. Актуелниот премиер Бојко Борисов се врати на функција во ноември минатата година и оттогаш посветено ја позиционира својата држава на анти-руски курс.
Всушност токму заради неговиот тврдоглав став и таквиот на минатата влада, упорно да се застапуваат интересите на Брисел и ограничувачката легислатура на Третиот енергетски пакет, Русија беше принудена да го откаже Јужниот гасоводен ток и наместо тоа да ги лансира Турскиот и Балканскиот гасоводен проект.
Македонскиот конфликт: „Голема Албанија“ искористена од Западот за дестабилизација на Балканот
Разбирливо е што бугарската јавност е вознемирена поради тоа што овој проект беше разбиен, затоа што нивната осиромашена земја непосредно заради тоа изгуби сума од милијарди долари коишто се очекуваа со реализацијата на овој проект да доспеат во вид на приходи и инвестиции. Ексклузивно за Спутник реализирана анкета откри дека 64 отсто од бугарското население сметаат дека ваквата постапка ќе има негативен ефект врз нивната економија, додека 66 отсто од нив верува дека нивната земја, а не Европската комисија требаше да го има последниот збор во врска со тоа дали на Русија требаше или не да ѝ биде дозволена изградбата на гасоводот.
Соочен со ваквата растечка револтираност на народот према економската самоубиствена анти-руска политика на неговата влада, Борисов се почувствува принуден да ја заштити својата администрација со тоа што ќе го канализира растечкиот гнев на јавноста и ќе го усмери према екстерна криза која што би можела лесно да го оттргне вниманието, и така стигнуваме до сé подекларативниот и несокриен националистички став виза ви Македонија.
Не би било ништо чудно, ваквиот повторно оживеан бугарски национализам да е дури и поддржан од самиот Запад, кој по сé изгледа има ветено да затвори едно око пред ваквата гласна реторика, трампајќи ги за ставот на земјата против Јужниот ток. На крајот на краиштата, Брисел не понуди никакви економски олеснувања за да би ја компензирал со нешто оваа гигантична загуба на инвестиции кои што Бугарија ги претрпе во самиот момент кога проектот Јужен ток беше отповикан, така што е доста веројатно дека наместо тоа беа ветени нематеријални добивки како што е на пример carte blanche и зелено светло за нова националистичка артикулација.
И тоа не е cé, напротив, враќајќи се во својата улога на еден од агитаторите на Балканот, Бугарија му помага на Западот да оствари еден од клучните геополитички цели за дестабилизација на Македонија поврзана со Балканскиот ток. Комбинираните закани од Голема Албанија и Голема Бугарија претставуваат тешко бреме за македонскиот политички врв, кој сега се наоѓа помеѓу две псевдо-експанзионистички сили со очигледни националистички интереси за колапс на мултикултурната и обединета земја, вели Корбико во аналзиата за „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце.
извор: “Макфакс“
|