Корибко за Нетпрес: Патриотизмот на Македонците ја победи обоената револуција на Западот
Благодарение на владината анти-терористичка операција и пожртвуваноста на безбедносните сили во Куманово, беа спречени плановите на терористите за напади низ цела Македонија на 17 ти мај, денот на опозицискиот протест, открива Андреј Корибко, политички аналитичар и новинар во руската новинска агенција “Спутник”. Во интервју со дописникот на Нетпрес од Атина, Корибко повторно предупредува на албанско-бугарскиот заговор за поделба на Македонија и учеството на опозициската СДСМ во ова мрачно сценарио, нагласувајќи дека нејзиниот лидер Зоран Заев сам по себе е ништо, но дека во моментов го користат западните центри на моќ со цел спречување на Турски тек и федерализација на Македонија. Активностите на лидерот на опозицијата, а во прв ред скандалозното однесување во Куманово, за Корибко претставуаат одвратни и патетични потези на полтрон кој што е засрамувачки очаен за моќ и влијание. Опиен од сонот за власт и меѓународна популарност, наивниот Заев не сфаќа дека во рамките на американскиот план за менување на режимот, ќе биде откачен и заменет со Бранко Црвенковски, открива Корибко.
НЕТПРЕС: “Малата Македонија го згази Сорос” и “Ова не ви е Украина” се дел од насловите во некои од светските медиуми по пропаднатиот обид за обоена револуција во Македонија, спроведен од дел од западните сили и поддржан од соросовите невладини организации и опозицијата. Се чини дека државата, безбедносните сили и Македонскиот народ во континуитет ги добиваат битките, а полека но сигурно ја добиваат и војната против империјалистичката агенда, против Сорос и останатите лажни борци за демократија и против милионите долари истурени врз домашната петта колона. На што според вас се должи оваа голема и историска победа на Македонците и на вистината ?
А.К. Најважниот фактор за ефикасна борба против било која обоена револуција, не само против онаа во Македонија, е патриотското население, а Македонците од сите страни излегоа на улиците да ја поддржат нивната држава на масовниот собир на 18 ти мај. Тие веќе беа свесни за обидот на Заев да предизвика обоена револуција, а присуството на поддржувачите на албанскиот иредентизам и на Сергеј Станишев кој што ја мрази Македонија, на “опозицискиот” мал собир, придонесе за патриотската реакција следниот ден. Она што може да го научиме во случајов е дека проактивната информациска кампања која што ќе ги едуцира граѓаните за заканата што ја демне нивната земја, заедно со неуспесите на меката моќ на обоените револуционери, може да го зацврсти населението во спротиставувањето на обидот за промена на режимот. Но, сево ова не би вредело ништо, ако Македонците веќе не си го ценеа идентитетот и не беа сигурни во него, затоа што никој не може успешно да го одбрани она што не го сака вистински. На крајот, мора да се посочи и дека владината анти-терористичка операција во Куманово и пожртвуваноста на храбрите безбедносни сили, ги спречија плановите на терористите да вршат напади низ земјата на 17 ти мај ( истиот ден кога беше и собирот на Заев), што можеше да предизвика таква дестаблизација што странските сили ( Албанија, Бугарија ) можеа да ја искористат во обидот за конвенционална интервенција и поделба на земјата.
НЕТПРЕС: Во нашето последно интервју ја истакнавте стратегијата за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија, а во меѓувреме и дел од грчките медиуми забележуваат дека одеднаш имаме интриги, нереди и потреси во сите можни транзитни земји за рускиот гас во регионот, освен во Албанија и Бугарија. Во исто време, телата на убиените терористи што го нападнаа Куманово, во Косово беа дочекани и погребани со почести како херои од страна на лица со униформи на УЧК, додека Софија се правдаше зад параванот дека тие некогаш ни ја признале независноста под уставното име, иако не е тајна дека актуелниот бугарски режим е крајно про-американски. Дали информацијата за планот за поделба на Македонија што неодамна ја сподели и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, беше на некој начин и конечна потврда за ова монструозно сценарио?
А.К. Да, дефинитивно беше. Русија постапи мудро што ги обелодени овие реалистични стравови за можна поделба на Македонија, бидејќи со тоа веднаш привлече внимание врз активностите на Албанија и Бугарија, а со тоа им го отежна остварувањето на заговорот. Мора да се нагласи дека Албанија и Бугарија оперираат во тандемот “лош полицаец – добар полицаец”, при што Албанија со дел од своите државни претставници ја претставува страната кој што е отворено агресивна, додека Бугарија се однесува повеќе индиректно и прикриено. Бугарските медиуми и коментатори развија духовита тактика на себе-отповикувачки хумор, критикувајќи ги нивните вооружени сили дека немаат капацитет да нападнат никого. Тоа секако е вистина, но она што го избегнуваат во дискусиите е дека за поделба не е неопходно да се има конвенционална компонента и дека можното бугарско учество ( дури и смртта на некој од нивните службеници, на пр. ) ќе биде причина за голем НАТО или американски воен одговор, особено ако тука е вклучен и тероризам ( без разлика дали е вистински или едноставно се тврди дека е вклучен, со цел да се оправда реакцијата). Бугарија не го крие фактот дека ЕУ и НАТО се референтна точка во македонската криза, па сценариото Бугарија да биде искористена како мамка за вклучување на други земји во поширок воен конфликт е вознемирувачки реално. Исто така, среде овој скандал, сите го забораваат заговорот што најпрвин беше предложен од Божидар Димитров, а претставува перверзна манипулација на настаните во врска со реунификацијата на Крим, со цел Бугарија да го окупира поголемиот дел од Македонија, откако Албанија ќе дејствува прва.
Друга работа што би сакал да ја напоменам е начинот на кој што Бугарија и нејзните медиуми и државни претставници зборуваат за Македонија. И покрај тоа што постојано повторуваат за признавањето на независнота на Македонија под уставното име, Бугарија не се однесува како навистина да верува во она што го зборува. По веројатно е дека напишаните изјави кои што доаѓаат од земјата, во последните недели откако беше обелоденет скандалот од страна на Лавров, се дефанзивна реакција на виновник на обвинувањата насочени кон него, па дури ни американската влада не ги повторува своите поенти толку колку што Бугарите ги повторуваат нивните за Македонија. Бугарија ја третира Македонија како да е “мала Бугарија”, а дека тие се “големиот брат” кој штο има право да се вмеша кога е неопходно во работите на “малата сестра”. На крајот, како поинаку да се објасни бугарската постојана реторика за пријателство, братство и солидарност, додека истовремено го праќаат Станишев во Скопје и го канат Заев во Софија? Албанија и нејзиниот окупиран сателит Косово може да оперираат како база за секоја неконвенционална војна што ќе ја започне УЧК или некоја друга поврзана терористичка организација, но Бугарија е задната база за спроведувањето на обидот за обоена револуција и веќе го докажа своето влијание врз Заев и неговото движење за промена на режимот. Заедно, актуелните влади на овие две земји оперираат како предавнички соседи на Македонија и мора да се третираат со најголем сомнеж и претпазливост, поради опасните современи околности од нивниот заеднички заговор за поделба.
НЕТПРЕС: Како го коментирате тоа што лидерот на опозицијата Зоран Заев во гостување на косовска телевизија даде ветување дека Aлбанскиот ќе биде втор официјален јазик во Македонија и задолжително ќе се изучува од градинките, но и тоа што ден после нападот појде во Куманово и насмеан си правеше “селфи” фотографии со дел од поддржувачите на терористите, на местото каде што сеуште не беше исушена крвта од загинатите македонски бранители ? Дали ова заедно со присуството на Бугаринот со анти-македонски ставови Сергеј Станишев на опозицискиот протест, е исто така потврда за учеството на опозициската СДСМ во мрачното сценарио за поделба на Македонија ?
А.К. Се разбира, тоа е сигурно точно. Улогата на Заев отсекогаш била на некој што прави поделби, а не што обединува, но тој тактички ја користи лажната реторика за солидарност, со цел да ги промовира неговите планови за поделба. Заев сам по себе е ништо, но луѓето и центрите на моќ што стојат зад него се се’ и тие сакаат да го искористат својот политички агент за да учествува во федерализацијата на земјата. Ако ова може да се постигне, тогаш земјата ќе биде де факто поделена по етничките и географски линии, а Скопје ќе биде поделено како некогаш Берлин или како што сеуште е кипраска Никозија. Охрабрувајќи го национализмот на етничките малцинства во мултикултурна држава е загарантиран начин за влошување на постоечките тензии и за поттикнување на меѓународна криза, се со цел да се креира изговор за меѓународна интервенција и да се формализира поделбата на земјата. Таквото надворешно вмешување не мора да биде воено, туку може да биде и политичко ( пр. со разговори под посредство на ЕУ и на НАТО ) или пак економско ( пр. со санкции против легитимната влада ).
Во врска со одвратните постапки на Заев во Куманово, тие се исклучително недолични и покажуваат дека тој навистина нема срам во својата потрага по моќ. Овој човек е мегало-манијак кој што исто така во себе крие и нарцисоиден синдром (оттука се и насмеаните “селфи” фотографии во периодот кога државата беше во жалост) и ако тој мисли дека неколку фотографии со терористи ќе му ја зголемат моќта и славата, тогаш, како што гледаме, тој воопшто нема да се двоуми и тоа да го стори. Очекувам Заев да продолжи со ваквите изведувања, при што секое следно ќе биде по смело од претходното. Како што и вие со право посочивте, тој лудува наоколу со поддржувачите на терористите, а ова ме потсетува на фотосесијата на Џон МекКејн со терористите на ИСИС во Сирија. Навистина, кога ќе размислите, нема голема разлика во двата случаи, освен фактот што МекКејн навистина има некој степен на моќ и влијание, но Заев е полтрон кој што е засрамувачки очаен за да ги има обете. Тој можеби се угледува на кучињата од врвот, но тие секогаш ќе го третираат како кутре-копиле и ќе го напуштат кога веќе нема да им биде од корист.
Можеби токму поради овие причини Заев толку јавно ја искажува својата анти-македонска припадност заедно со УЧК и мразачот на Македонија, Станишев. Очигледно е дека тој може да ги менаџира овие односи и зад сцената и да не ги објавува, но тој е нетрпелив за да ја покаже својата “вредност” пред американскиот план за менување на режимот, за да не биде откачен и заменет со Бранко Црвенковски ( што е неизбежно, но наивниот Заев сеуште не гледа бидејќи е опиен со своите сонови за моќ и меѓународна слава ). Неговите срамни постапки на државно предавство истовремено се насочени кон уверување и на американските и западни управувачи и на внатрешната петта колона. Гледано од негова перспектива, Заев не е ништо повеќе од слабо човечко суштество кое што чувствува дека неговата последна шанса за моќ и слава брзо му се лизга низ прстите и покрај неговите очајни и патетични постапки од минатиот месец.
НЕТПРЕС: Дали и Македонија треба да размисли за можноста одредени невладини организации финансирани од странски пари да бидат прогласени за непожелни доколку го загрозуваат уставниот поредок и државната безбедност ? Ваков закон неодамна беше потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин, а и во Белград постои иницијатива за забранување на српската организација “Канвас”, чии активисти како “револуционери на изнајмување” финансирани од Сорос и УСАИД, имаат задача да предизвикуваат обоени револуции и насилно да ги соборуваат таргетираните влади ширум светот. Во Македонија во овој контекст, се плаќале дури и по 3500 долари за “успешна” идеа за протест од стана на активисти на “Канвас”, кои што патем во Соединетите Арапски Емирати се ставени на листата на терористички органзации.
А.К. Во теорија идеата за невладини организации не е лоша, но за жал, овој концепт со добра намера е узурпиран од западните разузнавачки служби со цел да ги олеснат обоените револуции и промените на режимот и дестабилизацијата на таргетираните држави. Постојат многу докази во врска со ова за што сум сигурен дека и читателите се свесни, па затоа во интерес на државната безбедност на секоја земја е да ги мониторира овие групи и да идентификува кои од нив се поврзани со Западот во активностите за менување на режимот. Во многу случаи, како на пример со невладните организации поврзани со Џорџ Сорос, тие се креирани токму поради овие причини. Тоа значи дека некои невладини организации се намерно формирани како фронотови за обоените револуции, што значи дека сите нивни дејствувања, на еден или друг начин се директно или индиректно поврзани со нивната крајна цел. Во некои случаи, тие може да усчествуваат и во “нормални” активности, како помагање на бездомниците или оние без работа, за да ја стекнат довербата на заедницата, но тоа е само тактички потег со цел да добијат поддржувачи за нивната конечна мисија, а тоа е соборување на владата кога директивата ќе биде дадена.
Не се сите вработени во невладините организации дел од ова, па малкумина од нив се заведени во поддршката на овие групи (понекогаш низ нормални активности како што опишав), но со оглед на тоа дека целта на организацијата е непријателска и е насочена против суверенитетот на државата, неизбежно е поставувањето на рестрикции на активностите на сите вработени, без разлика за кого станува збор. Овие акции не ги сопираат целосно анти-владините НВО да оперираат, затоа што секогаш може да продолжат со своите активности тајно и илегално, но ова барем ќе им го отежне оперирањето и може да резултира со апсење и осудување на некои од лидерите на ланецот. Ова ќе испрати силен сигнал до оние што се интересираат за соборување на владата, дека поврзувањето со нелегалните групи за менување на режимот со себе носи и легални последници, а може да спречи и категорија на ранливи млади да се приклучат кон активностите на фронтот.
Друга работа што треба да се спомене е дека некои невладини организации не се директно ангажирани во политичката дестабилизација, туку се обидуваат да го поделат општеството и да ги сменат неговите вредности, етика и принципи. Социјалното пореметување може да ја олесни политичката дестабилизација и ова исто така може да се гледа како легитимна закана за државата. Напорите на екстремистичките лоби групи за спроведување хомосексуални привилегии ( познати во Западот како геј-права ) во конзервативните општества, е дефинитивна провокација, исто како и организациите кои што агресивно го туркаат западниот леберал-демократски стил во држави кои што имаат своја домашна форма на демократија. Ова е дел од поголемата војна на вредности што се случува меѓу Западот и незападните земји, при што Западот застапува присилна удобност со неговите субјективни идеали, додека незападните земји дефинитивно се обидуваат да го задржат својот независен пристап и не се обидуваат да посегнат по суверенитетот на другите. Може да се види јасна линија на поделба меѓу униполарноста на Западот и мултиполарноста на незападните земји.
НЕТПРЕС: Некои грчки медиуми информираат за обид за отцепување на делови од териториите на православните земји со цел создавање голема Албанија, нагласувајќи дека стратегијата на САД за удар врз Православието во Грција се промовира преку некои медиуми и “уметничкиот” естаблишмент на атеизмот, а истото со користи и во Македонија. Зошто токму православните земји се еден од омилените таргети на западните центри на моќ ? Некои велат дека позадината лежи во сатанистичката идеологија и тенденцијата на Новиот светски поредок да промовира се што е спротивно на законите на природата, како на пример лицемерната поддршка за ГМО храна, агресивното форсирање на хомосексуалноста и жестоките удари врз Православието и традиционалните семејни вредности.
A.K. Дефинитивно станува збор токму за тоа. Кај Западот не постои слобода на религија, туку има “слобода од религија”, што е важна разлика. Иако во западните земји како на пример во САД, има многу побожни и мирољубиви индивидуи, владата таму прави се што може за да ја тргне религијата од јавниот живот или да ја претвори во политички трик кој што кандидатите го прават секогаш кога се ближат изборите. Оваа екстремистичка идеологија доаѓа од атеизмот и западниот хипер-либерализам, при што обете доминираат во западните политички класи. Овие милитантни идеологии апсолутно ја мразат идеата за религија и традиционални вредности, бидејќи се индоктринирани да мислат дека овие концепти се “назадувачки” и “репресивни”. Наместо тоа, нивната визија за иднината е онаа во која што човекот го убива Бога и го заменува со псевдо религиозните верувања во радикалните принципи на “човековите права”, како хомосексуалните привилегии, јавното прикажување на порнографија и милитантниот екстремен феминизам на варијациите на “Pussy Riot” и сите овие активно се промовираат во западните општества денес.
Всушност, тие одат до таму што повторно ја пишуваат вистинската Библија за да ја туркаат својата агенда. Постои една еретичка манипулација на Библијата која што се продава на Запад на наречена “Библијата на кралицата Џејмс”, каде што пропагандистите буквално ги имаат отстрането сите референци против хомосексуалноста. Следниот чекор е веројатно менување на Библијата со цел Господ да се претстави како лезбејка, со цел пред идните генерации да ја оправдаат својата хомосексуалност, порнографија и милитантниот екстремистички феминизам. Друга работа која што ја вметнуваат меѓу своите анти-религиозни станари е слепата лојаност кон “богот” на глобалното затоплување, користејќи го како неприкосновно оправдување за сите видови на злоупотреби на власта во т.н. “демократии”. Не треба да се тврди дека климатските промени не се реален феномен во извесна форма, но сето тоа се подига на еден степен на државна религија во повеќето западни европски земји и се користи во лицемерните анти-демократски практики против населението.
Православието и конвенционалниот Ислам ( кон кого што се придржуваат мнозинството Муслимани) се најмоќната одбрана на светот против овие зла и затоа Западот е смртно решен да ги елиминира. Како што може да се види преку американското креирање на Талибанците, на Ал Каеда, а сега и на ИСИС, тие прават се што можат за да го корумпираат угледот на вистинскиот Ислам и да го претворат во насилно оружје за радикална деструкција. Како што поминува времето и се зголемува досегот на влијание на анти-муслиманските “свештеници”, се поверојатно е дека лажниот Ислам промовиран од САД ќе биде погрешна асоцијација за вистинскиот Ислам, што ќе биде голема штета за вистинските позитивни придонеси на оваа религија кон мирот, стабилноста и традиционалните вредности.
Во однос на Православието, планот е верниците да се завртат едни против други и да се навлезе внатре во религијата. Католичките секти прават чекори наназад преку капитулацијата за овие анти-религиски заговори ( поддржување на хомосексуални бракови, жени свештеници итн ) и тие имаат за цел да влијаат на умот и душата на православните верници цело време. Исто така, бидејќи населението во православните земји е полесно да се импресионира од страна на западната мека моќ, за разлика од луѓето во муслиманските земји, преку медиумите се испраќаат информации за перење на мозокот на верниците, со цел да се откажат од своите конзервативни вредности и да ги прифатат анти-религиозните политики како нормални, прогресивни, или во случајот на хомосексуланите привилегии, како “кул” и “неизбежни”.
Најдобриот начин да се соочиме со ова асиметрична агресија што се води против верниците ќе биде доколку Православието и конвенционалниот Ислам ги здружат силите во борбата против деструктивното зло што се пропагира и форсира од страна на Западот. САД експериментираа со вртење на Православните и конвенционалните Муслимани еден против друг за време на балканските војни во 90 тите, а откако имаа доволно време да ги анализираат разузнавачките податоци и другите информации што ги собраа во тој период, повторно се враќаат во обидот да изведат совршена верзија на нивната планирана војна меѓу Православието и конвенционалниот Ислам. Ако мирољубивите Православни и Муслимански верници може да бидат изманипулирани да се борат еден против друг, тогаш стратегијата на анти-религиозниот Запад “подели па владеј”, ќе биде успешна и би можела да го нанесе последниот пораз на широко распространетото придржување кон двете религии.
Извор: “НЕТПРЕС“
|