Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » June » 5 » Нова рамка за сликата „Македонија во шише“
    10:52 PM
    Нова рамка за сликата „Македонија во шише“

    Нова рамка за сликата „Македонија во шише“

    Но што и да фантазираат бриселските бирократи, кои немаат блага врска што се тоа демократски избори, локалното население одлучува кој ќе владее, а кој нема. Без консензус, ами со мнозинство

    Пред да изложам уште една голема слика пред вас, почитувани сонародници, за да ви биде полесно да видите зошто се случува она што се случува на Балканот и во Европа во оваа временска отсечка во која живееме, сакам да го споделам моето чувство на гадење кон квазиновинарството што се практикува професионално во Македонија. Патем, не дека каде било на планетава постои нешто макар слично на изворно новинарство во етаблираните медиуми, ама јас не верувам во олеснителни околности од ваков тип (ваденки) само за мене да ми биде полесно ако сум прифатила да бидам манипулатор и фалсификатор. Значи, во средата екипа на МРТВ ме замоли за мој коментар по настанот кога Аиво Орав во својство на шеф на македонската држава беше домаќин на олеснувачката екипа на ЕУ (зајакната со актуелниот американски амбасадор во својство на посебен инокосен орган со „ексепшенел“ овластувања) и четирите племенско-партиски поглавари. Новинарот ме праша што мислам за договорот од шест точки за кој локалните поглавари начелно се согласиле. Јас најпрво го предупредив дека згрешил што дошол кај мене оти добро знам од искуство дека неговите уредници нема да дозволат да види ден мојата „еретичка“ мисла. Особено не во светлина на моментот кога помочаните локални политички „великани“ пред својата гласачка база и партиско членство треба да глумат „хепи фејс“. Како и да е, кажав што мислам: овој договор е анекс или втор дел од бескрајната приказна „Рамковен договор“. Етапа во операцијата врамување на Македонија за на крај да заврши во шише. Кажав дека разликата меѓу подготовката за Рамковниот 1 и овој што сега се крчка како втор е во козметички детали. Суштината е идентична. Се почнува со фингирана криза, која ескалира со невидлива поддршка на моќен фактор, потоа следува фамозниот „нонпејпер“, кој домашните експертутки од рангот на Фрчкоски го претвораат во автохтон предлог-план за политичка стабилизација, кој нашите избрани главатари го потпишуваат како цулиња, па го претвораат во политичка догма. До следниот „рамковен“. Реков дека македонските политичари се неверојатно слаби преговарачи, кои во име на народот работат против неговите интереси зашто се неуки, арогантни кон сопствениот народ и ситни душичиња што сето тоа го продаваат како државна политика. Заклучив дека актуелниве поглавари гадно ќе се зезнат ако си мислат дека на следниве избори во април ќе извојуваат победа над противникот. Противник ќе им биде народот, кој се најде на сремски фронт. Народот ќе ги казни и едните и другите. Гарантирам. Им се споија на луѓево две исти фингерајки во 14 години, па сеќавањето им се обнови во детали. 

    Е, тоа што јас го реков и она што МРТВ го пушти како интерпретација на мој исказ се две ептен различни работи. Уредништвото очигледно си мислело дека смее да го игнорира моето барање да не ме пуштаат во етер ако на кој било начин мислат да ми ја сменат мислата или контекстот на исказот. Ова е мојот одговор. Јас добро знам дека сега ќе следува период на цензура врз мене. Ќе бидам забранувана или игнорирана. Како и во 2001 и 2002 година. Нели сме во реприза? Затоа ич не ми се прави муабет за демократија, слобода и сл. Тие што говорат за такви категории немаат абер што означуваат. Само што потоа секогаш следува период кога јас ги берам плодовите од вакви ризични инвестиции во вистината. Јас сум избрала да бидам со народот и колку што знам и умеам да му ги соопштувам фактите какви што се, а не разубавени или наменски нагрдени. Така го разбирам новинарскиот занает.

    Е, сега да се вратам на Балканот и Европа. Европа стана воено поле во мигот кога САД решија да го запрат економскиот продор на Кина и на Русија на територијата на континентот, кој е срцевина на англоамериканскиот глобален модел на владеење. Тоа е т.н. политика на сила и уцена. Македонија кризира од моментот кога НР Кина го откупи од ООН проектот за Вардарска долина, па почна да гради автопатишта. Дополнително се продлабочи откако Кина тргна да откупува грчки пристаништа (докови на парче), па реши да инвестира во изградба на балканската железница, вклучително се смести со свои пловила во Медитеранот. Македонската криза нагло еруптираше во мигот кога Русија го воскресна гасоводот „Јужен тек“, овој пат реинкарниран во „Турски тек“. Во сите овие операции Македонија е нужен дел. Мало копно со стратегиски важна цена. Дунстерите од Македонија што себеси се нарекуваат експерти за политика немаат поим дека уште Ото фон Бизмарк има кажано оти „оној што има контрола над Вардарска долина, го контролира целиот Балкан“. Нашиве „интелектуални идиоти“ како Сашо Ордановски или Фрчкоски уште мислат дека Вардарска долина симболизира пловен Вардар. Затоа Македонија е важно шаховско поле во глобалната војна за преуредување на светот во мултиполарен и досегашниов униполарен, кој практикува „мека диктатура на либералната демократија“. Е, затоа му ја кршат кичмата на Никола Груевски, а преку него и на македонскиот народ. Среќа наша што народот е во топ-форма. Нескршлив е. Ова што сега го пишувам го знае, го чувствува и го разбира секој Македонец. Овој непријатен факт дури мораше да го прифати и ЕУ преку своите „олеснувачи“. Ете, тие ја соопштија фактичката состојба до која дошле преку своја анкета, а тоа е дека во моментов 62 отсто граѓани повторно слободно би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Затоа Заев бара техничка влада, а нејќе избори. Затоа, Груевски нека му ја мисли. Гадно е кога народ ти е штит, а ти тргнуваш во војна. Те обврзува тоа повеќе од кој било метал или негова легура. Ако утнеш во процена, гарант завршуваш не со штит, туку на него! Без поправен.

    Но она што ѝ се случува на Македонија, која, за жал, уште нема образовен систем што, ако ништо повеќе, ќе ги научи луѓето што е тоа „геополитика на просторот“ и зошто тоа е нужно при поставувањето филозофски темел за да се гради врз него одржлива државна внатрешна и надворешна политика, се случува и во Европа, односно во ЕУ. И таму нема лидерство, ами корисни идиоти со форматирани мозочиња на курсеви за лидери. И таму, за жал, нема филозофи што ќе ја дефинираат новата парадигма (систем на вредности) на пример за свет на соработка наместо конфликти, ниту слободни медиуми или просветена елита. Консумеризмот е вредносен систем. Тој е виновен за хаосот во кој се најде континентот од моментот кога САД ѝ го истопорија тројанскиот коњ на ЕУ и нејзиното евро. Иронијата е во тоа што на Грците им ја доделија улогата на легендарниот данајски подарок. Одисеј во нашава доба беше „Голдман и Сакс корпорацијата“. Со фалсификат ја збрчи Грција во монетарната унија и во 2008 година се случи иницијалниот карамбол. Од тој момент ЕУ тоне во жив песок, лажејќи се себеси дека ќе ја преброди кризава формално-правно негибната. Се копрца испаничено, не знаејќи дека така само тоне побрзо. Прави проблеми насекаде околу себе, а потоа божем глуми авторитет што умее да ги решава. Цапа во хаосот, глумејќи слобода и автохтоност, а всушност развеа бело знаме на капитулација и својата судбина еднонасочно ја врза за Вашингтон. Што се однесува до Грција, колку и да изгледа парадоксално, во овој момент, нејзе најдобар пријател, па и партнер, ѝ е Македонија. Актуелната грчка влада со Алексис Ципрас е на исти маки како и македонската со Никола Груевски. Обајцата се сардисани од сите страни и изложени на невиден притисок на вазалите на смртно болниот император на светот. Обајцата на власт ги донесе народ и тој им е единствен гарант за опстанок. На обајцата Брисел им спакувал по еден свилен гајтан за ритуално да се самоубијат така што ќе ги предадат националните и државните интереси. И над обајцата демне будно болниот император за да ги спржи до темел. Гледате, нели, како коинцидираат разочарувачки потези на обете влади. Левичарската антимилитаристичка и антиколонијалистичка СИРИЗА мораше да им дозволи на САД да отворат воена база на некој пуст остров токму сега кога течат тешки преговори за нов кредит за отплата на каматата за старите во кои ги втурна Грците „Голдман и Сакс“. Го принесе како ритуална жртва и луцидниот Варуфакис. Груевски, пак, го принудија да отстапи од правна разврска на случајот „Пуч“. И тој мораше да даде курбан. Троен. Што мислите, како се отсликува тоа врз расположението на базата што им дала доверба? И во обете држави од заседа демне некој Бојко Борисов, кој е спремен да биде послушен до коска. Но што и да фантазираат бриселските бирократи, кои немаат блага врска што се тоа демократски избори, локалното население одлучува кој ќе владее, а кој нема. Без консензус, ами со мнозинство. Жал ми е за Иво Вајгел, кој тоа го заборавил. Затоа и Жан Клод Јункер не е човекот што може да му каже на легитимен шеф на држава или влада (како што го стори тоа во Рига со Виктор Орбан) „еве го доаѓа диктаторот“. 

    Дали националните лидери во двете држави ќе имаат капацитет и да најдат добри решенија за гадна ситуација и како ќе најдат внатрешни сили да го преточат евентуалното такво решение во прагматична, односно изводлива политичка игра, ќе видиме многу брзо, оти хаосот е динамична категорија, која дејствува во сите правци. Во секој случај, на Балканот му се потребни силни, автохтони и умни политичари, кои ќе го искористат моментот регионот да го изведат од креираниот хаос. 

    Историски, дијалектички, физички, хемиски, како сакате речете, оваа светска војна ќе заврши со голем епски пораз на евроамериканскиот арогантен свет на сила и поделба на луѓето на цивилизирани и варвари, кој стана светски вредносен систем во 1492 година. Варварите акумулирани со стотици години низ војни, инвазии, колонизации, неоколонизации, гледате, стигнаа пред портите на Рим. Рим не може да се одбрани никако, таман да крева ѕидови од челик. Време е за историска наплата со затезна камата мерена во столетија. Што се однесува до мене, јас сакам од најсебични причини, мојот народ да го дочека тој ден во добра биолошка, културолошка, физичка и умствена кондиција за да ја испише новата страница на својата слава во рамките на прогресивното и благородно човештво.
     
       
    Автор: Мирка Велиновска  
     


    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 223 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024