КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТКАТА ЕМИЛИЈА ПОТЕВСКА-ПОПИВОДА ВО ТОКИО
Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Јапонија, вечерва во Токио целовечерен концерт одржа пијанистката Емилија Потевска-Попивода.
Концертот, кој се одржа во Симфони Салата во Токио предизвика голем интерес кај публиката. Потевска-Попивода изведе македонска изворна музика преточена во класични звуци за пијано од композиторот Димитрије Бужаровски.
Првиот резидентен Амбасадор на Република Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ ја покани публиката да ја посети Македонија и подобро да се запознае со македонската култура, музика и традиција.
Присутните имаа можност да дегустираат македонско вино. Настанот е дел од активностите на македонската амбасада во Токио за промоција на македонската култура, традиција и македонските вина.
Ема Потевска-Попивода е пијанистка од Македонија со широка концертна дејност и забележителни настапи во познати концертни сали во Лондон, Рим, Њујорк, Милано, Гдањск итн. Концертот во Токио беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Извор: “Утрински Весник“
|