Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 2:15 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » June » 21 » Путин: Исламска држава е апсолутно зло
    1:18 AM
    Путин: Исламска држава е апсолутно зло

    Путин: Исламска држава е апсолутно зло

    Претседателот на Русија Владимир Путин изјавил вчера дека е подготвен да побара од својот сириски колега Башар Ал Асад да се ангажира во процесот на политичките промено во од граѓанската војна разурнатата земја, и истакнал дека ќе продолжи да го поддржува својот сојузник.

    „Спремни сме да ја продолжиме соработката со Асад околу неговиот ангажман во разговорите со „здравата“ опозиција, а во насока на политички реформи, што е сосема изводливо“, кажал Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

    Русија, како што пренесува Франс прес, во април беше домаќин на разговорите на претставници на сириската влада и умерената сириска опозиција, но отсуството на клучни протерани опозициски групи значи дека не може да има напредок во решението на сирискиот конфликт.

    Путин додал дека Москва ќе продолжи да ја поддржува владата во Дамаск, истакнувајќи го стравувањето дека Сирија може да мине како Либија и Ирак доколку Асад ја препушти власта.

    „Мислам дека таквата наша одлука е добра и од нас не може да се очекува поинаков став“, кажал Путин.

    Тој истовремено побарал од Западот да направи „дополнителни напори во борбата против апсолутното зло“, односно фундаментализмот на Исламска држава.

    Во војната во Сирија досега загинале над 230.000 луѓе, а околу половина од населението избегале од своите домови.

    Конфликтот почна во 2011 година како мирно движење за политички промени а прерасна во општа војна на повеќе фронтови откако Западот почна воено да ги поддржува дисидентите.

    Извор: “МКД“

    Views: 242 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025