Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 5:56 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » June » 22 » Историските и дипломатски врски на Русија со балканските земји
    11:12 PM
    Историските и дипломатски врски на Русија со балканските земји

    Историските и дипломатски врски на Русија со балканските земји

    Од 80-ите години на 18 век, Русија почна да отвора свои дипломатски и конзуларни претставништва на Балканот, но нејзиниот интерес за односи и соработка со балканските земји почна да се јавува значително порано

    Како резултат на Руско-турската војна од 1877 до 1878 година и победата на Русија е склучен  Санстефански мировен договор

    ГЕНЕЗА НА РУСКАТА ПОЛИТИКА НА БАЛКАНОТ

     Така, уште во 1711 година, во Црна Гора отпатувал рускиот полковник, Србин по националност, Михаил Милорадовиќ, кој на старешините на црногорскиот народ им ја предал пораката на императорот Петар Велики, со повик кон Црногорците да ја поддржат Русија во војната со Турција. Исто така, црногорски владици и други челни лица со духовна провениенција од Црна Гора во 18 век мошне често оделе во Русија и на рускиот царски двор, обично со молба за покровителство и за помош. Во Србија, по молба на српскиот митрополит М. Петровиќ, со указ на Петар Први, во 1724 година е испратен „синодалниот преведувач“ Максим Суворов со семејството, за „обучување на жителите на славјански и на латински јазик“. Од друга страна, пак, руските емисари и пред сѐ руските дипломатски претставници во Константинопол одржувале постојани контакти со претставниците и со дипломатите на српскиот и на црногорскиот народ, нудејќи им секаков вид помош, како на „истоверни словенски браќа“.

    Русија покровител на православието на Балканот    
        
    Руско-турските војни во 18 век претставуваа одреден вид катализатор на одделните антитурски спротивставувања на словенските народи. Русија, која во тоа време се покажа како најсериозен противник на Османлиската Империја, важеше и за потенцијален сојузник дури и на Албанците на Балканот. Така, под влијание на Прутскиот поход на Петар Први, во 1711 година, се активирало движењето за самостојност на Химерија - планинска област на југот на Албанија, со претежно православно албанско население. Под притисок на Портата, жителите на оваа област во 1759 година се обратиле кон Русија, со молба за покровителство и за заштита, изразувајќи готовност да учествуваат на страната на руската војска во воените дејства против Турција. Рускиот царски резидент во Стамбол, Александар Обресков тогаш се сретнал со претставници на Химерија и потврдил дека, ако се јави потреба, Русија ќе ја искористи нивната помош.    

    Наскоро, за време на руско-турските војни од 1768 до 1774 и од 1787 до 1791 година, жителите на крајбрежните области околу Јадран и Јонско Море, имаа можност да ѝ понудат помош на руската флота во Средоземјето. Командантот на оваа флота своите претпоставени во Петроград по тој повод ги известил: „Христијанските народи во Албанија и Далмација со голема нетрпеливост го очекуваат пристигнувањето на руската флота, за да стапат во служба на наша страна и да ги нападнат Турците, кои постојано ги малтретираат. Речиси секој ден во толпи тие доаѓаат и го изразуваат таквото свое расположение, не оставајќи никакво сомневање дека тоа го прават искрено“.

    Руско-албански балкански релации
        
    Од втората половина на 18 век почнува и емиграцијата на Албанци во Русија. Непосреден повод за тоа беше Руско-турската војна од 1768 до 1774 година. Бројот на Албанци-иселеници во Русија нагло се зголемил по потпишувањето на Кучук-кајнарџискиот мир во 1774 година и ја надминал бројката од илјада лица. Преселбата на Албанци со цели семејства во Русија продолжила и потоа. Најголем број албански иселеници, таканаречени Арнаути, се населиле на Крим и околу Новоросијск. Во градот Одеса на Крим дури постоела и Арнаутска улица.    

    Кон крајот на 1806 година почнала нова руско-турска војна. Руската војска, која ги бранела јонските острови постојано добивала помош во храна и други продукти од локалното население. Руската команда во 1806 година дури почнала да формира и т.н. „лесни стрелачки одреди“ од Албанци-Горјани, жители на Епир. Овие одреди од руска страна биле исползувани во борбите против Французите во Неаполското Кралство. Во 1807 година тие учествувале и во борбите со Турците.    

    Во 1820 година, управителот на Јужна Албанија, алипаша Јанински, борејќи се на страната на Русија во Втората руско-турска војна во 18 век, се обратил до рускиот император Александар Први со молба под какви било услови да го прими како руски поданик. Таквото барање не било одобрено, бидејќи не одговарало на тогашната руска официјална политика; да не ги заострува односите со Портата. Во своите инструкции до руските конзуларни претставници во европска Турција, амбасадорот на Русија во Стамбол, грофот Игнатев, не еднаш укажувал на „значењето на албанското племе во идните настани на Балканскиот Полуостров“.

    Помош за Србија
        
    За време на Руско-турската војна од 1828 до 1829 година, Русија поддржала еден друг крупен феудалец во Албанија, Мустафа-паша Бушати, управник на северниот дел на Албанија, во неговиот конфликт со турскиот султан. Со знаење и со одобрување на рускиот цар, тогашниот управител на Србија, Милош Обреновиќ, склучил тајна спогодба со албанскиот управител на округот Скадар, според која албанскиот паша бил должен да не ги испраќа своите војници на руско-турскиот фронт, за да не ја влошува положбата на руската војска. Оваа војна завршила во 1829 година, со потпишување на Адрианополскиот мировен договор. Како резултат на упорната руска борба против Турција, Србија добива статус на вазалско кнежевство на Турција, со внатрешна автономија. Благодарение на тоа, во 1835 година во Србија бил донесен устав, кој сепак не бил признаен од страна на Турција, но и од страна на Австрија и Русија, поради неговата „револуционерност“. Овој устав веднаш бил поништен. Наместо ова, Турција во 1838 година ѝ „подарила на Србија“ нов устав, со кој Српското Кнежевство стекнало независност и се стекнало со државност.

    Во втората половина на 19 век, поточно во 70-тите години, се појавило ново заострување околу источното прашање, а негова главна суштина биле широчината и длабочината на националноослободителните борби кај повеќето балкански народи. Во градовите во Бугарија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина се создавале револуционерни комитети и народни движења за обединување на словенските народи во борбата за ослободување. Еден вид антитурски сојуз, на чело со Србија и со поддршка на царска Русија, која настојувала да го поврати своето влијание на Балканот што го загубила по Кримската војна, 1853-1856 година, а го повратила со Кучук-кајнарџискиот договор со Турција од 1774 година.

    Активноста на руската дипломатија
        
    Руската дипломатија по повод овие настани на Балканот развива широка активност во земјите на Полуостровот, но и меѓу земјите на своите европски политички партнери. За таа цел се проширува мрежата на руските дипломатско-конзуларни претставништва и кадровски персонално се зајакнува нивната работа. Една од причините за тоа било руското определување народите од балканските земји да ги придобие како сојузници на своја страна. Во мај 1876 година, во Бугарија се крена востание, предводено од лидерот на Тајниот централен комитет, Христо Ботев. Во јуни 1878 година, Србија и Црна Гора ѝ објавија војна на Турција, откривајќи една нова етапа во ослободителните војни на балканските народи против Турската Империја, во што одреден придонес имаат и обидите за национално ослободување и на Македонија. 

    Во дипломатските односи на Русија со Австрија и Прусија се отвораат преговори за влијание и за можен излез од настаните на Балканот. Таа отворено застанува на страната на заштитата на Словените на Полуостровот. Како резултат на Руско-турската војна од 1877 до 1878 година и победата на Русија е склучен познатиот Санстефански мировен договор, мошне значаен за историската судбина на македонскиот народ и воопшто народите на Балканот. Во согласност со договорот од Сан Стефано, Бугарија, во чија територија е вклучена и цела Македонија, како и Босна и Херцеговина, добива целосна автономија и излез на Јадранско Море, додека Романија, Србија и Црна Гора целосна независност. Но само неколку месеци потоа, по иницијатива на Велика Британија и на Австро-Унгарија, на кои им пречела превласта на Русија на Балканот, е свикан Берлинскиот конгрес, на кој учествувале уште и Германија и Франција, Италија и Турција. На овој конгрес темелно се ревидирани решенијата од Санстефанскиот договор, но Македонија пак остана историски губитник пред империјалните интереси на големите сили и политичко-територијалните апетити на своите непосредни соседи.

    Политичката карта на Балканот кон крајот на 18 и во текот на целиот 19 век се формира со активно учество на Русија, директно воено и политички вклучена во стекнувањето независност на балканските народи. Како резултат на двете руско-турски војни, кон крајот на 18 век (во 1768-та односно во 1774 година), кои завршија со потпишување на Кучук-кајнарџискиот (1787 година) и Јаскиот мировен договор (1792 година), Русија се стекна со правото на покровителство над христијанското население во Отоманската Империја. Од тој период е и почетокот на посебните односи на Русија со некои народи од Балканскиот Полуостров, кои се одржуваат еве веќе две столетија. „Нова Македонија“ во неколку продолженија го објавува фељтонот за генезата на руската политика на Балканот

     

    (Продолжува)

     
       

    Автор: Драган Јањатов
     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 271 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 2
    2 Вељанко  
    0
    Падот на сталинизмот во СССР и појавата на Н.С. Хрушчов

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet....e=23498

    1 Вељанко  
    0
    Исцртани новите граници на Балканот

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet....e=23497

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025