Три фатални терористички напади во Кувајт, Франција и Тунис ги остави официјалните претставници на владите во светот во страв од координирана терористичка кампања на ИСИЛ во светот, откако минатата недела терористите од ИСИЛ најавија “месец на катастрофи за неверниците” во светот.
Утринава еден терорист со автомобил се обидел да влезе во постројка со природен гас најверојатно за да ја дигне во воздух, но откако не успеал тој убил еден човек отсекувајќи му ја главата, а двајца повредил. Отсечената глава ја обесил на портата со истакнато знаме на ИСИЛ.
Напаѓачот бил фатен неколку часа подоцна, а претседателот Оланд тоа го нарекол “терористички напад”, додека министерот за внатрешни работи на Франција Бернард Казвену изјавил дека се работи за “локален бизнисмен со познати контакти со ИСИЛ”.
Во Тунис пак двајца терористи вооружени со автомати влетале во хотелски ресорт во шпанска сопственост, убивајќи 28 лица главно странци. Идентитетот на жртвите сеуште не се соопштува.
Во Кувајт, бомбаш самоубиец влетал во Шиитска џамија полна со преку 2.000 верници кога активирал експлозив за време на петочната молитва. Во нападот загинати се 16 лица, а преку 24 лица се повредени и пренесени во болница.
Радикалните исламисти и нивните поддржувачи ги преплавија социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук славејќи ги нападите со хаштагот #bloodyfriday (крвав петок)
Политичарите и безбедносните служби во светот работат под полна пареа да ги пронајдат врските помеѓу трите напади.
https://youtu.be/skyN4Djf_DM
Извор: “Инфомакс“
|