Робот усмрти човек во „Фолксваген“
Робот усмрти човек во фабрика на германската автомобилска компанија „Фолксваген“. Несреќата во која загина 22 годишниот маж се случила во градот Баунтал. Тој не бил вработен во компанијата, туку, бил ангажиран за изработка на роботот. Во текот на составувањето, наеднаш роботот го нападнал удирајќи го во метална плоча.
Од фабриката повикувајќи се на разултати од истрагата велат дека причина за несреќата е човечка грешка, а не во роботот.
Машината била направена за да врши повеќе работни задачи во производствениот процес, како што е ракувањето со автоделовите.
Извор: “Телма“
|