Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 2 » 5 прекрасни стари мостови во Македонија кои вреди да се посетат
    11:37 PM
    5 прекрасни стари мостови во Македонија кои вреди да се посетат

    5 прекрасни стари мостови во Македонија кои вреди да се посетат

    5 прекрасни стари мостови во Македонија кои вреди да се посетат

    Македонија е земја која изобилува со прекрасни планини, реки, езера и ливади… Волшебна природа и магични пејсажи кои се мелем за очите, и храна за душата. Во продолжение, ви прикажуваме пет прекрасни стари мостови ширум нашата татковина, вредни за посета:

    Камен мост над Градешка река во Зовиќ, Мариово

    Зовиќ е напуштено село во Македонија, заборавено од надлежните институции поради макадамскиот пат и неостварување на перспективноста на месноста. Но, во Зовиќ месното население во 1955 година изградило прекрасен камен мост во стариот препознатлив лачен (газела) стил. Прекрасното здание овозможува бајковит фотографски призор над Градешка река која со векови тука вајала во карпите.

    Kамениот мост во Скопје

    Kамениот мост во Скопје претставува една од најзначајните знаменитости на градот. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија. Постојат две претпоставки околу неговото настанување. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 год. Мостот денеска се смета за симбол на градот Скопје и е главен елемент на грбот на Скопје.

    Мост „Елен скок“, Дебарско

    Елен Скок или Елен Мост е камен лаков мост кој ја премостува Гарската Река. Мостот е изграден кон средината на XVIII век од делкан камен со само еден лак според плановите и од страна на истиот архитект кој го градел и големиот мост на реката Неретва во Мостар.

    Римски мост во Богомила

    За традицијата и културното наследство на ова прекрасно македонско селце, сведочи Ѕидан мост, мост на влезот во Богомила кој потекнува од Римскиот период.

    Дрвениот мост во селото Согле

    Согле има прекрасни услови за развој на туризмот, тука се планинските масиви Јакупица, Даутица, Бабуна, долината на река Бабуна, Солунска Глава, и овој прекрасен, дрвен мост. Природата се му дарила на овој регион, кој е прекрсна дестинација за селски туризам. Се што е потребно се мали инвестиции од надлежните институции, за да се развие потенцијалот кој Согле го поседува.

    Извор: “block.com.mk“

    Views: 909 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024