Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-03, 7:57 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 3 » Малешевско Смојмирово ги чува старите македонски традиции
    2:35 PM
    Малешевско Смојмирово ги чува старите македонски традиции

    Малешевско Смојмирово ги чува старите македонски традиции

    Андон Шахпаски во почетокот на 20 век го формирал хорот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово, кој ја негувал традицијата на македонското старо словенско византиско пеење и во времето меѓу двете светски војни, кога во најголем дел од црквите во Македонија се практикувало српското или Мокрањчево пеење

    Плакатот за манифестацијата

    ВТОРО ИЗДАНИЕ НА ШКОЛАTA „АНДОН ШАХПАСКИ“

    Со настап на камерниот хор „Херувими“ вечерва, во црковниот храм „Успение на Пресвета Богородица“, во селото Смојмирово, во близината на Берово, се отвора второто издание на школата по црковно пеење „Андон Шахпаски“. Шахпаски е исклучително важна фигура во историјата на македонското старо словенско византиско пеење - хорот што го формирал во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово во почетокот на минатиот век ја негувал традицијата и во времето меѓу двете светски војни, кога во најголем дел од црквите во Македонија се практикувало српското т.н. Мокрањчево пеење. 
    Школата по црковно пеење беше формирана минатата година во чест на преродбенското дело на Андон Шахпаски и на неговите следбеници. Ја формира   универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, во рамките на програмата на Летниот универзитет во Охрид.

    Во рамките на школата ќе се изучуваат теоријата и практиката на источното црковно пеење според Хрисантовиот нов метод, афирмирајќи го црковното музичко творештво на авторите од Македонија. Предавачи по црковно пеење ќе бидат византолозите Јане Коџабашија и Мирјана Павловска-Шулајковска.

    Преродбеник што 
    ги поставил темелите 


    - Со откривањето на еден музички ракопис во 2003 година, прв во низата подоцна откриени ракописи од оставината на Андон Шахпаски, историјата на македонската музика се збогати со уште едно име на дотогаш непознат претставник на црковното пеење од втората половина на 19 и почетокот на 20 век. Првиот од двата дела на овој ракопис беше објавен во 2004 година под наслов „Краток воскресник“. Претпоставките изнесени во воведот на оваа книга, дека Андон Шахпаски поседувал солидна библиотека од црковни книги и ракописи, кои самиот ги пишувал, се потврдија веќе во следниот период, со пронаоѓањето на уште пет печатени книги и неколку ракописни псалтикии. Освен тоа, се потврдија и претпоставките дека Шахпаски имал и своја школа за псалти и хор, кој пеел на неделните и празничните богослужби во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во неговото родно Смојмирово - вели Коџабашија. 

    Како што истакна, повозрасните жители на Смојмирово паметат, а нивното сеќавање е поткрепено и со информации од други извори, дека во периодот меѓу двете светски војни во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ постоел хор од десетина псалти. Хорот што го формирал Андон Шахпаски продолжил да работи и по неговата смрт во 1928 година, под раководство на неговиот син Аралампие. 

    Смојмирово е бедем на старите 
    македонски традиции 


    - Во првите години по ослободувањето школата за псалти во Смојмирово престанала да работи. Немало млади пејачи и хорот, во кој главно останале старите псалти, со текот на годините се намалувал. Иако по Првата светска војна во вардарскиот дел од Македонија, кој потпаднал под српско владеење, било воведено српското црковно пеење, односно Мокрањчево пеење, во целиот период по ослободувањето, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово, благодарение на долговечноста на тројцата псалти, но и на нивната храброст да ѝ се спротивстават на српската црковна власт, црковното пеење од старата традиција се практикува до пред самиот крај на 20 век. Колкав бил угледот на Аралампие Шахпаски како протопсалт на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово најдобро говори фактот дека сите свештени лица што служеле во оваа црква, кои биле школувани во српските црковнообразовни институции и го применувале српското црковно пеење, не ги попречувале старите псалти да го практикуваат црковното пеење од старата словенско-византиска традиција - вели Коџабашија.

    Темелите што ги поставил Андон Шахпаски, според Коџабашија, биле доволно цврсти за да ја дочекаат новата преродба - враќањето на црковното пеење од старата традиција во македонските храмови. 
    - Благодарение на посветеноста на Шахпаски и на неговите следбеници, малешевското село Смојмирово и неговата мала црква „Успение на Пресвета Богородица“ прераснаа во симбол на непокорот и бедем на старите македонски традиции - истакна Коџабашија.
     
       

    Автор: Ангелина Димоска/angelina.d@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 307 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024