Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 4 » Четврт милион Австријци ја потпишаа петицијата за излегување од ЕУ, парламентот сега мора да расправа
    12:33 PM
    Четврт милион Австријци ја потпишаа петицијата за излегување од ЕУ, парламентот сега мора да расправа

    Четврт милион Австријци ја потпишаа петицијата за излегување од ЕУ, парламентот сега мора да расправа

    Повеќе од 260.000 Австријци ја потпишаа петицијата за излегување на Австрија од Европската Унија, па сега парламентот на оваа земја мора да покрене дискусија за евентуален референдум на оваа тема.

    Според австрискиот закон, дебатата за потенцијален референдум мора да се спроведе ако ја бараат најмалку 100.000 луѓе.

    Петицијата беше покрената од пензионираната 66-годишна преведувачка Инге Раушер, која собра доволно потписи за почнување официјална кампања. Во петицијата се бараше националниот парламент да расправа за идејата за референдум за напуштање на ЕУ.

    „Ние сакаме да ѝ се вратиме на неутралната и мирољубива Австрија“, рече Раушер во почетокот на кампањата неделава. Раушер и нејзината непартиска Комисија за татковината и животната околина тврдат дека Австрија ќе има корист од напуштањето на ЕУ, и економски и еколошки. Таа, исто така, ја критикува присилената поддршка на санкциите на ЕУ против Русија, генерално обвинувајќи го Брисел за економската криза.

    „Ние повеќе не сме суверена држава во Европската Унија. Над 80 отсто од сите основни закони се наметнати од Брисел, а не од избраните комесари. Според нашето мислење, Европа не е демократија. Европскиот парламент дури и нема законодавна моќ“, рече Раушер. 

    Независна Австрија, верува Комисијата, ќе добие дополнителни 9.800 евра по домаќинство годишно, бидејќи земјата ќе биде ослободена од товарот на бирократијата на ЕУ.

    Медиумите проценуваат дека поради кризата во Грција, Австријците станале многу поскептични кон Европската Унија.

    Австрија спаѓа во побогатите земји на Европската Унија - невработеноста е само 4,3 проценти, што е најниска стапка од сите земји во ЕУ. Покрај тоа, Австрија е една од 11-те најбогати земји во светот во однос на БДП.

    Сличен референдум е најавен и во Велика Британија за 2017 година, инициран од страна на премиерот Дејвид Камерон. Засега дури 38 отсто од Британците го поддржуваат излегувањето од ЕУ, додека 44 отсто се против напуштање.

    Ова поттикна дебати за референдум во уште неколку земји. Во Данска тесна победа во анкетата однесе мнозинството што го поддржуваше останувањето во Унијата, а односот на силите во проценти беше 52:48.

    Во Ирска поголем број жители се задоволни од членството, па останувањето во ЕУ во анкета го поддржаа две третини испитаници.

    Извор: “МКД“

    Views: 240 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024