Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 6 » Гардијан: Целта е да се понижи владата на Ципрас
    3:20 AM
    Гардијан: Целта е да се понижи владата на Ципрас

    Гардијан: Целта е да се понижи владата на Ципрас

    Европската елита сака промена на режимот во Грција и нема да се задоволи само со клекнување на Сириза на колена, туку сака некој попослушен, пишува во авторски текст британски Гардијан.

    Тие сакаат промена на режимот. Нормално, не со воена сила – со оваа операција управуваат Берлин и Брисел, а не Вашингтон, пишува британскиот весник.

    Уредникот на Гардијан Шејмус Милн во коментарот тврди дека „нема сомнеж“ дека германската канцеларка Ангела Меркел и тројката меѓународни кредитори сакаат да ја тргнат избраната власт во Атина.

    Сѐ што направија во изминатите недели во врска со администрацијата на левичарската Сириза, избрана да ја прекине политиката на штедење, изгледа како смислено да ја подели или да ја дискредитира владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, пишува Гардијан.

    Авторот како пример за таквиот обид ја наведува понудата на Ципрас „која изгледаше како целосно прифаќање на пакетот мерки за штедење за кој во недела го закажа референдумот“, но Меркел ја отфрли можноста за разговори, сѐ додека не го види резултатот од гласањето.

    Нема ни навестување за искрен компромис. Целта е очигледно да се понижи владата на Ципрас и во тек се подготовки за нејзина привремена замена со администрација што ќе биде попослушна, наведува Гардијан.

    Доколку успеат да го тргнат Ципрас од премиерската функција, тогаш помалку деструктивен пакет би можел да му се понуди на некој попослушен грчки лидер, кој ќе го замени.

    Затоа ЕЦБ реши да го укине итното финансирање на грчките банки откако Ципрас го распиша референдумот за мерките за штедење, што резултираше со затворање на банките и контрола на капиталот, смета Гардијан.

    Британскиот весник тврди и дека, по распишувањето на референдумот, еден по друг европските лидери ги предупредуваа Грците да не ја слушаат владата и да гласаат „за“, бидејќи во спротивно ќе бидат исфрлени од еврозоната, со драстични последици.

    Стравот на Берлин и Брисел лежи во тоа што граѓаните на земјите како Шпанија и Португалија, кои го поднесоа најголемиот товар на штедењето во еврозоната, ќе сакаат да се отпишат и нивните долгови и да се прекине политиката на штедење.

    Тие тоа го нарекуваат „морален ризик“. Но нема никаква врска со моралот, туку е исклучива последица на дисфункционалната монетарна унија, еден деструктивен неолиберален економски модел наметнат со договор и политиката на штедење што се спроведува за да се обезбеди профитот на корпорациите.

    Според Гардијан, вистинската опасност за Европа, доколку Сириза попушти или се распадне, е таа пропаст да предизвика пад на популарноста на движењата како Подемос во Шпанија, што потоа би оставило бришан простор за десничарските популисти.

    Во секој случај, кој било договор на Грција и Европа со кој долгот не би бил отпишан, а штедењето завршено – само ќе ја одложи кризата. Ако владата на Сириза преживее, ќе мора да ја смени насоката. Нејзината судбина и нејзиниот хаотичен судир со владетелите на еврозоната ќе ја обликува иднината на Европа, заклучува Гардијан.

    Извор: “МКД“

    Views: 236 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024