Пронајдени над 5.000 предмети во Скупи
Деновиве завршија археолошките истражувања на Античкиот театар на локалитетот Скупи
Античкиот театар на локалитетот Скупи
Почнувајќи од август 2013 година, истражувањата се реализираа во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Музејот на градот Скопје. За време на истражувањата на Античкиот театар, кој бил изграден за време на Хадријан и функционирал до крајот на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3.000 монети, керамика, бронзени и коскени предмети. Станува збор за над 5.000 предмети од различни културни хоризонти - железно време, римски период, доцноримски период и среден век.
Информациите за ископувањата и пронајдоците на Скупи сега се достапни и на веб-страницата за локалитетот, а се планира и изложба со новите пронајдоци.
Истражувањето на театарот на Скупи беше во рамките на капиталните проекти на Владата, а раководител на истражувањата беше Антонио Јакимовски, професор на Филозофскиот факултет.
Извор: “Нова Македонија“
|