Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:53 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 11 » СПАСИ ГО НАЈСТАРОТО И НАЈДЛАБОКОТО ЕЗЕРО ВО ЕВРОПА! МЕЃУНАРОДНА ПЕТИЦИЈА ЗА СПАС НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО!
    2:18 PM
    СПАСИ ГО НАЈСТАРОТО И НАЈДЛАБОКОТО ЕЗЕРО ВО ЕВРОПА! МЕЃУНАРОДНА ПЕТИЦИЈА ЗА СПАС НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО!

    СПАСИ ГО НАЈСТАРОТО И НАЈДЛАБОКОТО ЕЗЕРО ВО ЕВРОПА! МЕЃУНАРОДНА ПЕТИЦИЈА ЗА СПАС НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО!

    Зошто е ова важно?

     

    Охридското Езеро се наоѓа на Динарските Алпи, на границата меѓу Република Македонија и Република Албанија. Неговата старост се проценува на околу 4 милиони години. Тоа е најстаро природно езеро во Европа и едно од најстарите природни езера во светот. Најголемата просечна длабочина му изнесува 155 м, поради што Охридското Езеро е најдлабоко во Европа и 14то најдлабоко езеро во светот.

     

    Со над 200 ендемични видови кои живеат во неговите води, Охридското Езеро е најважниот езерски екосистем на европскиот континент. Ако се земе предвид неговата големина, може да се каже дека има најголема разновидност на животински и растителен свет во споредба со кое било друго езеро во светот.

     

    Охридското Езеро е уникатно по начинот на своето создавање – со вертикално подигање и спуштање на Земјината кора. Многу малку други езера во светот се создадени на овој начин.

     

    Охридското Езеро веројатно е уникатно во светски рамки и по тоа што главно се снабдува со вода од извори – и тоа надземни и подземни. Овие одлики, т.е. неговата неповторлива еволуциска приказна, придонесуваат тоа да биде од суштинско значење и за науката и за животната средина. Овие одлики се, најверојатно, и причината поради која Езерото изобилува со најразлична флора и фауна.

     

    Езерото и неговата околина се познати и по својата богата историја, култура, археолошките пронајдоци и неповторливата природна убавина.

     

    Благодарение на овие исклучителни карактеристики, во 1979 година Охридското Езеро и градот Охрид станаа дел од само 31 локација во светот прогласена за светско природно и културно наследство од страна на УНЕСКО.

     

    Над охридската котлина се издигнува планината Галичица на чиишто падини е распослан истоимениот национален парк. Унијата за заштита на природата (IUCN) го има дефинирано Националниот Парк Галичица како исклучително важен регион и истиот е заштитен со закон од 1958 г. Благодарение на повеќе стотици автентични уникати на природата, како и заштитени животински и растителни видови, НП Галичица е прогласен за Значително подрачје на растенија, Примарно подрачје за пеперутки и Емералд подрачје (односно Натура 2000 подрачје кога Македонија ќе стане членка на ЕУ).

     

    Поради својот извонреден биодиверзитет со меѓународното значење, во 2014 г. НП Галичица стана дел од Светската мрежа на биосферни резервати на УНЕСКО – во светот има само 31 ваков прекуграничен биосферен резерват.

     

    ОХРИД ИМА ПРЕЖИВЕАНО МИЛИОНИ ГОДИНИ. БИЛ СВЕДОК НА СОЗДАВАЊЕТО НА ЧОВЕЧКАТА РАСА, НА ПРВИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ, НА ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА, НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА; НО ПОСЛЕДНИТЕ АПСУРДНИ И МЕГАЛОМАНСКИ ПРОЕКТИ НА АКТУЕЛНАТА ВЛАДА НА РМ СЕ ЗАКАНУВААТ ДЕКА ЌЕ СТАВАТ КРАЈ НА ОВАА РЕТКА ПРИРОДНА СКАПОЦЕНОСТ И НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК!

     

    Проектите на Владата на РМ се следниве:

     

    1. Сушење на Студенчишко Блато кое е од клучно значење за опстанокот на Езерото и изградба на станбени комплекси на негово место долж брегот;
    2. Сечење на последниот појас трски и покривање на голема површина на Езерото со бетонски платформи со цел „да се дигнат“ огромни туристички комплекси;
    3. Поништување на заштитата на последната недопрена област од Езерото и загрозување на најважните извори кај Св. Наум кои го снабдуваат езерото со вода – повторно за на нивно место да се најде некој од горенаведените туристички комплекси;
    4. Поништување на заштитата на дел од НП Галичица и градење на експресен пат (автопат) од 14 км, за што ќе се уништат 50ха заштитено подрачје од Националниот Парк – проект кој е многу веројатно финансиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР);
    5. Поништување на заштитата на голем дел од Националниот Парк Галичица со цел изградба на ски-комплекс од 400ха, со кој се предвидуваат огромен хотел и викенд-населба.

     

    Експертите кои ја изработија СОВЖС јасно предупредуваат дека негативните последици врз биодиверзитетот, почвата и водите предизвикани со реализацијата на овие проекти ќе бидат неповратни, дека не постојат компензациски мерки и дека постои реален ризик од губење на заштитата од УНЕСКО.

     

    Владата на РМ одлучи да ги игнорира овие предупредувања и сепак да си продолжи со своите планови.

     

    НО, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ГИ ЗАПРЕМЕ ОВИЕ ПЛАНОВИ И ДА ЈА СПАСИМЕ ОВАА ПРИРОДНА РЕТКОСТ И МИЛИОНИТЕ ЖИВОТНИ ФОРМИ КОИ ЈА НАСЕЛУВААТ! ВЕ МОЛИМЕ ПОВИКАЈТЕ ГИ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР, ДИРЕКТОРОТ НА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ДА ГИ ПРЕКИНАТ ВЕДНАШ ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА ИЗМЕНИ НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НП ГАЛИЧИЦА И ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ОХРИД И НЕГОВОТО КРАЈБРЕЖЈЕ. ПОБАРАЈТЕ ОД НИВ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД АПСУРДНИТЕ ПРОЕКТИ!

     

    Врска до петицијата:

    https://www.change.org/p/save-the-oldest-and-deepest-lake-in-europe-lake-ohrid-needs-your-action?recruiter=324603718&utm_source=share_petition&utm_medium=email&utm_campaign=share_email_responsive

    Views: 263 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024