Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:13 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 13 » БРЕЗНО - ЧАРДАК НАД ДОЛНИ ПОЛОГ
    3:40 AM
    БРЕЗНО - ЧАРДАК НАД ДОЛНИ ПОЛОГ

    БРЕЗНО - ЧАРДАК НАД ДОЛНИ ПОЛОГ

    Брезно има стотина куќи... Миграцијата силно го погодила селото, особено во средината на минатиот век, кога дошло до масовно иселување

    Гојко Ефтоски


    Тетовското село Брезно е во најпитомиот и најшумски дел на Шар Планина. Велат дека и името го добило по познатата бреза, како едно од најубавите повеќегодишни дрвја. Разликата во сегашната положба е само во тоа што наместо брези, селото е „потонато“ во костени, буки, дренки, диви капини... А токму од шумовитоста, куќите речиси и не се гледаат. Местоположбата, пак, до која води змиулеста асфалтна патека долга околу пет километри од манастирскиот комплекс на Лешок, претставува вистински чардак над Долни Полог. Погледот од една од ретките „голинки“ кон Полошкото Поле завршува некаде на Жеден на спротивната страна, а сите населби се гледаат како на дланка.

    Брезно има стотина куќи, што стари објекти подотерани и приспособени за опстој, што новоизградени, но главно во стар македонски стил – пространи чардаци, дрвени надворешни скали и приод од дрвени вратнички. Меѓу нив има и дваесетина викендички. Тие го „расипуваат“ стариот македонски стил на градба, внесувајќи го бетонот и се' друго што не е карактеристика и традиција во минатото. Миграцијата силно го погодила селото, особено во средината на минатиот век, кога дошло до масовно иселување. Брезјани повторно ги обновувале дедовските огништа откако била доведена струја, а особено откако се изградил пристапниот асфалтен пат со доброволни прилози на иселените. И уште една карактеристика за Брезно. Иако со ретка природна и здрава околина, прекрасна местоположба и се' друго што е причина за привлекување, Брезно останало исклучиво на брезјани. Меѓу обновените куќи и изградените викендички, нема семејство што потекнува од друго место. Сега за жал, Брезно е оставено на двајца постојани жители – веќе остарените Миља и Ѓоко Магдиновски со нивното магаре. Нивни соселани, како „сезонци“, се и Венка и Трајко Дојчиновски, Живко Несторовски и уште понекој што се одлучува за престој во викендите или да одмори десетина дена. Тие, пак, својот престој го врзуваат за време кога се собираат печурки, или кога „домашните аптеки“ ги полнат со здрави чаеви од кантарион, мајчина душичка, камилица, петопрст, планински чај и други.

    До Брезно има единствен пристап – асфалтниот пат од Лешок кон шарпланинската нагорнина. Оттаму до езерото и натаму до познатиот шарпланински зимски локалитет „Три води“ мора да се помине по земјен пат, често со големи дупки што ги прават тешки возила и трактори со кои и ваму диви сечачи пљачкосуваат и уништуваат шумски појаси. Во Брезно не се чувствува интерес за селски туризам. Нема подготвеност иселените времено да ги отстапат куќите на посетителите, иако во неколку наврати забележани биле и странци кои покажувале интерес за неколкудневен престој. Сепак, брезјани се определиле да изградат една куќа во селски стил, да приспособат просторија за „функционирање“ на местен одбор, а на катот уште една, поголема, за евентуално задржување на некој од намерниците. За време на нашиот престој, се' што дознаваме за Брезно беше поврзано со разговорот од иселените во Тетово, Крсто Мирчевски и Благоја Ѓеровски. Тие ни посочија дека за ова село имало и две монографии – едната во лирско-епски стил, чиј автор е д-р Богомир Самојловски, иселен во Белград, кој книгата ја започнува со „Животот пишува историја и дава поуки како човекот со векови да опстојува“. Втората ја пишувал Јован Савевски, иселеник во Скопје, а повратник во Брезно до неговата смрт. Книгите се издадени во 1997 и 2001 година. За жал, во единствената просторија во селото, не успеавме да ги пронајдеме, иако сигурно би пројавиле интерес кај оние што го посетуваат селото.

    Во потрага по корените на Брезно, Јован Трифуновски во монографијата „Полог“ наведува дека се наоѓа на падините на Шара на 900 до 1.000 метри надморска висина и дека негов најубав украс е Брезјанското езеро. Самојловски и Савевски, пак, наведуваат дека се работи за стара населба и дека прв податок е од 1277 година, кога Брезно се наоѓало во месноста Селиште. Стотина години подоцна, „селото го запалил некој туѓинец“, кога изгореле сите куќи сосе луѓе (не најдовме податок колкумина). Се спасиле само двајца браќа од родот Чутуровци кои во моментот на пожарот биле во Солун. На сегашната местоположба се смета дека Брезно е од 1377 година. На новата локација, стара околу 7 века, во двете маала Горно и Долно, на месностите Калуѓерово, Вртиште, Јаничарово, Коњушица и уште неколку други, Брезно уште двапати страдало од пожар: во 1925 година „до темел“ изгореле 7 куќи и 2 плевни, додека пролетта 1943 година, по невнимание на брезјанинот Иљо, изгорело уште половина село, а меѓу жртвите било и едно тригодишно дете. Подетални податоци за Брезно се среќаваат и во пописниот материјал на турските власти од 1467 година, во кој стои дека имало „9 семејства и еден неженет“, а потоа и податоци за земјоделски култури – пченица, јачмен, лен итн. Многу децении бил застапен и компирот. Во месноста „Вртиште“ се раѓале не само крупни кои надминувале половина килограм, туку и исклучително вкусни. Долги години компир се сеел и во не толку дамнешно време, кога иселени брезјани специјално доаѓале и обработувале површини за оваа земјоделска култура.

    Посебни ритуали биле свадбите. Почнувале в четврток кога се собираат роднините на младоженецот. Потоа се повикува месарија и во придружба на три девојки пеат:

    Месарио лична и убаа,

    да ни месиш три бели погачи,

    да ги стаиш свилени бисаѓи,

    да ни јавнеш коња аџамија,

    да ги носиш у убаа девојка.



    Во деновите на свадбите се пееле најразлични песни, главно сврзани за мигот. Една од нив е насловена „Невесто лична калеша“, во која стои:

    Невесто лична калеша,

    да станеш утре порано

    да месиш вруќа погача,

    да фатиш петле шарено,

    да правиш ручек неделни,

    да стаеш софра празнична,

    ја и ти збор да зборимо...



    И сегашните брезјани раскажуваат еден настан пренесуван на генерации, а сврзан за свадба. Се вели дека Ѓорче Мисовски бил младоженец. Свршеницата му била Славка. Јавајќи на оседлан коњ, Ѓорче одненадеж паднал и останал наместо мртов. Славка пак станала невеста во истото семејство. Ја оженил помладиот брат Косто.

    Моите соговорници велат дека Брезно имало две селски слави: свети Илија и Пресвета Богородица. Првата е пренесувана традиција од истоимената црква во месноста Селиште, одржана и обновувана до денешно време, додека втората е посветена на новоизградениот храм во сегашното село – Пресвета Богородица. Порано брезјани за верскиот празник Богородица гости чекале еден ден пред празникот, а последно време тоа се прави на денот Богородица – 28 август. Во Брезно се слават и Митровден, свети Ѓорѓија... Во тие пригоди, во Брезно се собираат не само иселените, туку и од многу други места.

    Народниот пејач, придружуван од старите брезјани, овде создал голем број народни песни кои и во денешно време по разни поводи ечат низ сокаците на Брезно. Ќе издвоиме само една од нив:

    Мерак имав за селско девојче,

    мерак имав сакав да го земам,

    го посакав не го дадоа,

    ја дадоа у мили кумови.

    Венчај куме немој да проколнеш.

    Ја не колнем, срцево ми колне,

    годинава млада неестица,

    до година млада удовица.



    Брезно има големи туристички потенцијали. Привлечно е не само поради богатата околина, полна со се' и сешто како здрава околина, туку и поради можноста за прошетки, пред се' во насока на Шар Планина. Посебна атракција е посетата на месноста Три Води, кон која води единствена патека токму преку Брезно. Привлечна е и старата локација во месноста Селиште. Меѓутоа, посебно доживување е Брезјанско езеро, „потонато“ во букова шума, веднаш над селото. Иако има само видлив доток на вода, езерото преку лето пресушува. Со оглед на големата висина од 1.050 метри надморска висина, местоположбата и дотокот на води, во езерото биле забележани и неколку трагедии со ненадејно давање. Моите придружници ни раскажуваа дека во водите на езерото удавени имало барем петмина, меѓу кои и едно дете.

    За Брезјанското езеро се наоѓаат повеќе записи. Во 1909 година Јован Васиљевиќ запишал дека „во езерото вода има се' до настапување сушен период од годината. Има години кога не пресушува преку цела година“. Во Брезно и кај езерото престојувал и македонскиот револуционер и преродбеник Ѓорче Петров. За езерото пишува во своето дело „Материјал за изучување на Македонија“, издадено во 1896 година во кое запишал: „Езерото во Брезно е просто вир кој во летно време пресушува“.

    Околината на езерото била место за собирање и веселба на жителите на Брезно. Велат дека традиционално и најмасовно се собирале на вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Иако оваа традиција била стара со векови, во сегашно време не се практикува.

    Го напуштаме Брезно, упатувајќи се по надолнината низ која не' водеше змиулестата асфалтна патека. Зад нас оставивме „Божји рај“, приклучувајќи се на метежот автомобили на регионалниот меѓународен пат Јажинце – Тетово.

    Извор: “Утрински Весник“
    Views: 394 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024