Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:59 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 13 » ВОЛШЕБНИЦИ ШТО ОД ДРВОТО ПРАВАТ МУЗИКА
    3:42 AM
    ВОЛШЕБНИЦИ ШТО ОД ДРВОТО ПРАВАТ МУЗИКА

    ВОЛШЕБНИЦИ ШТО ОД ДРВОТО ПРАВАТ МУЗИКА

    За да се изработи една тамбура, потребни се петнаесетина дена и при работата, додека се длаби дрвото, се мазни кората, се внесува и дел од својата личност, од својот живот. Затоа рачната работа е и поскапа, зашто во неа е претопен и дел од душата на човекот

     

    Јасминка Павловска



    Во семејната традиција на изработка на музички инструменти, се чини дека судбината на семејството Гиевски била постојано да бидат „откритие“ дури и за оние што веруваат дека го имаат Скопје „во малиот прст“. Скромни, а мајстори-уметници на својот занает, браќата Димитар и Љубомир Гиевски се веројатно меѓу последните реткости на принципите и духот на старото Скопје - град на занаетчии, еснафлии и добродушни луѓе.

    „Горд сум што сум скопјанец, иако старите скопјани ретко гласно го истакнуваат тоа. Скопје беше град на добродушни луѓе, кои се почитуваа меѓусебно, децата што ’крадеа’ кајсии по туѓи дворови се засрамуваа ако ги искараа возрасните и колку и да им беа скромни можностите, мажите носеа шапки... На пример, татко ми Иван секогаш носеше шапка и кога се поздравуваше со познајниците, секогаш ја поткреваше. Тоа ми изгледаше навистина елегантно. Такво ми е останато Скопје во спомените од детството“ - започнува „неофицијално“ средбата со Димитар Гиевски, еден од браќата, кои музичарите од Македонија, некогашна Југославија, па и од светот, долги години успеваа да ги пронајдат низ сокаците на скопската Стара чаршија, во нивниот дуќан, кој секогаш се „претставувал“ со едноставниот натпис „Музички инструменти“. 

    Најновото „откровение“ на мајсторите за музички инструменти се случи неодамна на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, каде што беше прикажан документарниот филм „Уметници за жици“, посветен токму на животната и творечка приказна на Димитар и Љубомир Гиевски. 

    Во тој дел од приказната, за создавањето на филмот, најголемиот „дел од вината“ ја признава ќерката на Димитар, Снежана Нена Гиевска, која, за жал, не успеала да го наследи занаетот од татко и', но посветено е вклучена во еден понов, модерен „занает“ - односи со јавност и маркетинг.

    „Секако дека сум порасната со семејната приказна за жичените инструменти, но мојот ’придонес’ е само што едно време се обидував да научам да свирам гитара“ - признава Нена. „Сепак, занаетот на дедо ми, татко ми и чичко ми е тежок - и технички, но и физички, а има и многу тајни марифети, кои не можат да се научат само теоретски. Идејата за филмот се роди во контактите со Александар Даутовски- Максо, одличен фотограф и графички дизајнер, кој уште во 2000 година започна да соработува со татко ми и чичко ми, односно да ги снима додека работат, онака, за ќеф. Преку неговата интернет-страница дури и продаваа инструменти во странство. Всушност, филмот прво беше пилот-емисија за телевизија. Но ниту една од телевизиите не пројави интерес, а во меѓувреме идејата се надгради кога во дуќанот дојде Игор Атанасовски-Харе, па засвири на инструментите и пилот-емисијата прерасна во музички документарен филм. Благодарение на Ненад Георгиевски, филмот се појави на ’Скопје синема сити’, а во текот на летово треба да биде прикажан и на Филмскиот фестивал ’Стари град Пакленица’ во Хрватска“ - го раскажува Нена современиот дел од приказната за создавањето музички инструменти. 



    Создавање на традицијата 



    Семејната традиција на Гиевски за изработка на жичени музички инструменти започнува со нивниот татко Иван Гиевски. 

    „Во дваесеттите години на минатиот век, татко ми, Иван Гиевски, се запознал со велешанецот Јордан Саздов, кој бил вешт во занаетот за изработка на жичени музички инструменти. Во тоа време најубавите забави и дружења се случувале на излетите, околу Скопје, каде што оделе со арабаџиски коли или со велосипеди, а музиката била неизбежна. Младите момчиња биле на цена ако знаеле да свират на некој инструмент и многумина од нив свиреле во некои друштва и имале некаков инструмент, а особено во мода бил примот, кој бил лесен за носење и свирење. Значи, изработката на музички инструменти била занает со перспектива, но не можел секој да го научи. Татко ми започнал да го изучува занаетот кај Јордан, во дуќанот на улицата што тогаш се викала ’Принц Ѓорѓе‘ во Скопје, во близина на денешниот Дом на АРМ. Татко ми и Јордан по извесно време станале ортаци, а биле и добри пријатели, но Јордан починал млад. Велат дека се разболел по една несреќна љубов и така татко ми останал сам во дуќанот и морал да се осамостои. Го откупил алатот од семејството на Јордан и требало да помине извесно време за да се види дека му тргнала работата, кога си отворил дуќан кај денешната стоковна куќа ’Мост‘, кон Калето. И тогаш доаѓа Втората светска војна, а војната никогаш не била време за музика“, раскажува Димитар.

    Враќајќи го времето наназад со приказната за создавање на една традиција, Димитар го оживува споменот на татка си Иван, кој за да ја преживее војната, еден дел од својот дуќан за музички инструменти го претвора во трафика. Ја протуркува некако војната, а по ослободувањето доаѓа национализацијата.

    „Татко ми секогаш ми велел: ’Од овој занает нема да бидеш богат, но нема да бидеш ни гладен‘“, вели Диме. „По војната, кога доаѓа национализацијата, за некоја симболична сума државата му ги одзема алатите и материјалот за да отворат работилница за инструменти, во рамките на ’Просветно дело‘, каде што татко ми, сепак, е назначен за технички раководител, а имало 14 работници. Но, таа работилница постоела само неколку години, додека се потрошил материјалот што му бил одземен на татко ми. А причина за затворањето на работилницата, всушност, била неукоста или незаинтересираноста на одговорните. За изработка на инструментите, дрвото треба да отстои од три до пет години. Кога се отворила работилницата, се користел материјалот од татко ми, но не се набавувале нови материјали, па кога се истрошило се', тој оддел во ’Просветно дело‘, едноставно, згаснал. Всушност, овој оддел се спојува со едно столарско претпријатие ’Црвена ѕвезда‘ (денес ’Светлост‘), без чувство дека иако во двата занаета се работи со дрво и има многу рачна работа, сепак тоа се различни занаети, ако веќе не се и уметности. Татко ми ја напушта државната работа, при што останува и без купоните (’тачкици‘) за храна и други некои бенефиции и сепак, решава да си го обнови дуќанот. Од ’Црвена ѕвезда‘ повторно си го откупува алатот, кој бил зафрлен некаде на таваните и решава сам да си ја земе судбината в раце, иако во меѓувреме на свет доаѓаме брат ми Љубомир и јас.“

    Тајните на занаетот не можат да се раскажат. Едноставно, треба да се има љубов и желба да се научат. Гиевци велат дека изработувањето музички инструменти е 80 отсто рачна работа и во тоа се вложуваат, покрај умешноста, и многу емоции.

    „За да се изработи една тамбура, потребни се петнаесетина дена и при работата, додека се длаби дрвото, се мазни кората, се внесува и дел од својата личност, од својот живот. Затоа рачната работа е и поскапа, зашто во неа е претопен и дел од душата на човекот. Порано татко ми изработуваше и виолини. Сега не ги изработуваме зашто, сепак, мора да се соочиме со економскиот ефект. Изработката на виолината е многу скапа, а кај нас нема побарувачка. Во последниве дваесетина години најмногу изработуваме тамбури и гитари. Особено тамбурите во последниве две децении се многу популарни. За македонската тамбура со шест жици имаме добиено и сребрена плакета на ’Макинова 2000‘. Сконцентрирани сме на изработка на она по што сме препознатливи и во што сме најдобри. Долната плоча на нашите инструменти ја изработуваме од ореово дрво, кое се длаби од трупче, специјално сечено со ’картие пресек’, а горната плоча е од смрека. Дрвото треба да отстои од 3 до 5 години, за да почне да се изработува. Сепак, ова нашево не е индустриско производство. Изработуваме инструменти во мали серии, иако кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години на минатиот век, годишно изработувавме и по 500 мандолини и 150-200 гитари за ’Македонска книга‘, кои се продаваа низ цела тогашна Југославија“ - открива Диме Гиевски дел од „магијата“ со која од дрвото се создава музика.

    Работилница за изработка на инструменти



    „Се' уште е само на ниво на идеја, но размислуваме да се организира работилница за деца, на која би се запознале барем со основите за изработка на инструменти. Ова е занает во изумирање и се трудиме да пронајдеме начин како да се пренесат љубовта и тајните за изработка на инструменти. Навистина, денес може да се најдат индустриски и поевтини инструменти, но изработени од шперплоча, која е покрута од длабеното дрво. Звукот од рачно изработените инструменти е подлабок и е сосема поинакво музицирањето на нив. Всушност, затоа се толку скапи жичените инструменти на старите мајстори“ - открива една идеја Диме Гиевски за продолжување на занаетот за изработка на музички инструменти, со логистичка поддршка од ќерка му Нена.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 249 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024