Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 2:07 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 13 » Галичка свадба: трескавично лудило додека свири „Тешкото“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
    3:44 AM
    Галичка свадба: трескавично лудило додека свири „Тешкото“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    Галичка свадба: трескавично лудило додека свири „Тешкото“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    Се надмудруваат на маса која направила поубава погача, мајката или свекрвата на невестата. Трпезата е полна. Галичко сирење, погачи, пити, а сватовите испоседнале еден спроти друг и наздравуваат за здравје на младите.

     

    Невестата Билјана скришум ѕирка од зад завесата во невестинската куќа и низ прстен го гледа избраникот на своето срце. Зетот Филип Белчев гордо го јава својот коњ, обидувајќи се да ја шармира идната невеста. Сватови облечени во галички носии и цела коњаница се движат низ тесните галички улици, додека публиката е целосно шармирана од случувањето, кое се одвива на ист начин на кој се одвивало пред стотици години. Тапаните грмат, а зурлите пиштат и го полнат просторот со архаична, прадедовска смисла.

    Канење на мртвите, бричење на зетот, одење по невестата, и на крајот судбоносното „да“ во црквата „Св. Петар и Павле“.

    Годинава четириесет и второто издание на Галичката свадба го проследија околу 2.000 посетители, како од земјава, така и од странство.

     

    Никој не остана рамнодушен на старите адети, на трескавичното лудило додека се вие „Тешкото“, на корените...

    http://www.mkd.mk/makedonija/galichka-svadba-treskavichno-ludilo-dodeka-sviri-teshkoto-fotogalerija#1

    Извор: “МКД“

    Views: 250 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024