Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 15 » Еве што потпишаа политичките лидери – ова е текстот на Договорот
    6:37 PM
    Еве што потпишаа политичките лидери – ова е текстот на Договорот

    Еве што потпишаа политичките лидери – ова е текстот на Договорот

    Dogovor-15-juli

    Европската комисија на својата веб страница денеска го објави документот (Протокол кон Договорот од 2 јуни 2015) што доцна синоќа го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија по неколкучасовните преговори во Скопје за надминување на политичката криза со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

    Во продолжение интегрално го пренесуваме Протоколот кон Договорот од 2 јуни 2015.

    Во договор на 2 јуни, Член 6, прва алинеја, се вели:

    „До 10 јуни, партиите да се договорат за точната организација на владата која ќе ги подготвува изборите”. На 19 јуни, лидерите ја потврдија својата посветеност на гореспоменатиот договор во писмена форма и се согласија да ги продолжат разговорите.

    Овој Протокол ја комплетира првата алинеја од Член 6. Тој треба да претставува составен дел на Договорот од 2 јуни.

    Долупотпишаните партии постигнаа согласност за следново:

    1. На 1 септември 2015 година, СДСМ ќе се врати во Собранието, како што е утврдено во втората алинеја на Член 6 од Договорот од 2 јуни.

    2. На 20 октомври 2015 година, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на СДСМ и во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички поставен.

    3. На 20 октомври 2015 година, ќе биде назначен нов министер за труд и социјална политика, по предлог на СДСМ.

    4. На 20 октомври 2015 година, нови дополнителни заменици-министри ќе бидат назначени за следните министерства:

    a. Министерство за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ
    б. Министерство за труд и социјална политика, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ
    в. Министерство за финансии, по предлог на СДСМ
    г. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предлог на СДСМ
    д. Министерство за информатичко општество и администрација, по предлог на СДСМ

    Овие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.

    Сите горенаведени нови министри и заменици- министри ќе останат на своите позиции во новата влада наведена подолу.

    5. Актуелната Влада ќе ја поднесе својата официјална оставка до Собранието во догледно време за да овозможи инаугурација на новата влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање на предвремените парламентарни избори.

    6. Горенаведеното правило дека актуелната Влада навремено ќе поднесе оставка со цел да остави 100 дена пред следните избори, и дека ќе биде назначена нова влада, се однесува за изборите во април 2016 година, и по потребните законски измени што ќе бидат донесени во најбрз можен рок, за идни избори.

    7. Страните се обврзуваат кон овој Договор во целост и со добра волја. Исто така, партиите се обврзуваат да се избегнат какви било нови пречки вклучително и во однос на одржувањето на изборите на 24 април 2016 година.

    8. Третата алинеја од Член 6 завршува на следниот начин: по „итна акција” се додава следниот текст:

    „До 15 септември 2015 година ќе има нов, Специјален Обвинител со целосна автономија да ја води истрагата околу следењето на комуникациите. Овој Специјален Обвинител се именува преку договор на долупотпишаните страни.”

    Скопје, 15 јули 2015 година

    Извор: “http://zurnal.net/“

    Views: 235 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024