Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 5:43 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 19 » ГАСТРОМАНИЈА ХРАНА ШТО РАЗЛАДУВА
    4:58 AM
    ГАСТРОМАНИЈА ХРАНА ШТО РАЗЛАДУВА

    ГАСТРОМАНИЈА ХРАНА ШТО РАЗЛАДУВА

    Летото е време кога со исхраната можете да го освежите телото - нема готвење, пржење, похување, има свеж зеленчук и овошје и многу јадења што навистина ќе ве разладат

    Главоболка, умор, намалена концентрација, забавени реакции, раздразливост.... 

    Доколку ги имате овие симптоми, бидете сигурни дека ви недостасува вода, а топлото време, поради потењето, бара повеќе течности, два до три литри дневно. 

    Освен со вода, ќе се разладите и со сок од домати и моркови и ќе ги надоместите загубените минерали, а лесната исхрана ќе ви овозможи енергија и сила. Пиперки, домати, краставици, компир, кромид, тиквички, краставици, риби, пилешко, кисело млеко..., сето тоа треба да го содржи вашето дневно мени, а кога ќе имате криза за нешто благо - направете овошен јогурт. Во продолжение ви даваме интересни предлози и рецепти.

    Лимонада со мента

    Во најголемата пивска чаша ставете сок од лимон, кршен мраз, ливчиња нане и наполнете ја со вода до врв. По желба зашеќерете со кафеав шеќер и додадете малку рум.

    Ладен чај

    Ова е најдобра варијанта за оние што многу ожеднуваат во текот на денот. Се прави мешавина од домашен чај (планински, нане, мајчина душичка...), се додаваат неколку парчиња лимон, малку мед и чајот се остава во фрижидер. Освен што освежува, дава и чувство на ситост.

    Чаеви од домашна работилница

    Потребно е - 1 литар вода, 4 кесички чај од брусница или хибискус, сок од лимон и мраз. Сварете го чајот, засладете со мед и разладете - првин на собна температура, а потоа во фрижидер. За посилен вкус ставете лимон.

    Шејк од краставици

    Краставицата е полна со вода и по природа е ладна. Тоа е база во која се додаваат јогурт, киви, мирудии и многу мраз.

    Смути од краставици

    Потребно е - 2 краставици, зелена салата, сок од лимон, лук, половина авокадо, маслиново масло, сол и црн пипер, мирудии.

    Исечканата краставица и зелената салата ставете ги во блендер, додадете лимонов сок, лук и 2 чаши ладна вода. Потоа капнете маслиново масло, авокадо и посолете. Сокот се пие ладен.

    Клара

    Сакате нешто интересно? Во сооднос „пола-пола“, помешајте пиво и спрајт и само малку разладете. „Клара“ се препорачува за долгите летни ноќи.

    Медена вода

    Секое утро помешајте вода и мед и оваа смеса пијте ја на празен желудник. Растворот е сличен на крвната плазма. Медената вода го нормализира варењето и го зголемува имунитетот.

    Смоква

    Ја нарекуваат и рајско овошје што поседува голем број витамини - калциум, фосфор, бакар, калиум, витамините Б6, Ц и бетакаротен. Смоквите даваат сила, ги намалуваат брчките и го чуваат здравјето, а и имаат калциум и магнезиум повеќе од млекото. Смоквата поседува пектин што го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага кај несоницата и кај проблемите со циркулација. Магнезиумот е многу важен за коските, мозокот, нервниот систем и имунитетот, заштитува од стрес. 

    Смоквите, и свежи и сушени, се сложуваат со се', одлични се како мезе со овчо и козјо сирење, диња, пршута и во разни компоти. Најдоброто во нив е што освен прекрасен вкус изобилуваат и со 80 отсто вода и 60 отсто природни шеќери.

    Диња

    Дињата е идеална за освежување благодарение на високиот процент на вода (95 отсто) и нискиот процент шеќер. Еве зошто треба да ја јадете почесто. Добра е за детоксикација и помага при варењето. Нејзиниот сок се користи за намалување на болка. Во народната медицина дињата се користи за освежување и смирување, не дебели и е идеална за оние што се на диета. (В.Т.)

    Одбегнувајте

    Премногу мирудии

    Зачинетата храна е повкусна, но за време на големите жештини тие не се препорачуваат - го загреваат телото, го забрзуваат метаболизмот, што предизвикува повторно да почувствувате глад.

    Месо

    Воздржете се од скара, бидејќи претерано консумирање предизвикува потење и проблеми со варењето.

    Брза храна

    Најбрз начин за труење.

    Сосови

    Познато е дека сосовите се многу калорични, па добро е да ги правите дома, така сте сосема сигурни што содржат.

    Совети за преживување

    - Елагинската киселина е антиоксиданс што го има во капини, малини, боровинки и е совршен чувар од УВ-зрачење.

    - Пченката е сиромашна со калории и маснотии, а има многу влакна што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

    - Црешите ги намалуваат хроничните воспаленија и артритисот.

    - Лубеницата содржи многу антиоксиданси, вклучувајќи и ликопен, кој заштитува од рак на простата и го намалува крвниот притисок.

    - Антиоксидансите во зелениот чај се поврзуваат со намалување на срцевите заболувања.

    - Кељ е еден од најздравите видови зеленчук, заштитува од рак, има калциум, магнезиум, бројни витамини, а најмногу А и Ц.

    Главни препораки за летна исхрана

    1. Обидете се дневно да имате 6 помали оброци.

    2. Секој ден јадете барем по 2 овошни и салати од зеленчук.

    3. Одбегнувајте бело брашно (во сите облици) и префрлете се на интегрални житарки.

    4. Намалете ги месото и заситените масти, јадете риба. 

    5. Одбегнувајте слатки производи - торти, колачи и сл.

    6. Пијте вода пред да почувствувате жед и одбегнувајте газирана.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 221 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    за жешково малку совети...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025