Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 20 » Во Македонија и вработените се сиромашни
    1:24 AM
    Во Македонија и вработените се сиромашни

    Во Македонија и вработените се сиромашни

    И покрај напорите за поддршка на социјално загрозените категории од македонското население, сиромаштијата кај нив и натаму се продлабочува. Европската статистика го вброи Македонците во групата најсиромашни граѓани.

    Владата на Македонија на 3 јули 2015 година објави оглас, со кој соопшти дека фирмите кои ќе вработат социјално ранлива категорија граѓани, ќе добијат паричен надоместок и плата за вработеното лице. Ќе се финансираат за еден квалификуван работник со 358 евра месечен надоместок, од што 276 евра за бруто плата и 82 евра за трошоци за обука во период од шест месеци, со обврска да ги задржат на работа најмалку една година. Фирмите кои ќе вработат приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, или лица кои растеле без родителска грижа преку проектот „Македонија вработува“ ќе добиваат максимална субвенција од по 194 евра шест месеци и пет години ќе бидат ослободени од социјални придонеси. Според Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат опфатени 134 невработени лица и за таа цел се обезбедени 179 илјади евра.

    Секој четврти граѓанин не може да ги задоволи основните егзистенцијални потреби

    Со финансиската стимулација на компаниите се очекува колку е можно поголем број лица од ранливите категории да добијат вработување, за кое од државната каса ќе им бидат исплатени придонесите за здравствено и осигурување. Од први јули годинава, петта година по ред, со владиниот проект „Енергетска сиромаштија“ за граѓаните и домаќинствата од социјално-ранливите групи ќе се зголемат субвенциите за платена сметка за струја, парно или дрва од 10 на 13 евра. Овој проект годинава ќе опфати до 10.000 корисници, а буџетот за проектот изнесува 1 милион и 317 илјади евра. Владата презема неколку години низа мерки за помагање на социјално ранливите и други категории лица и во домувањето, образованието и други области на секојдневното живеење, но наспроти сето тоа, алармантниот тренд на сиромаштија се зголемува: само за 12 месеци, или, како што покажало истражувањето на Заводот за статистика, од 2012 до 2013 година, бројот на сиромашни семејства со најмалку две деца се зголемил за речиси 6.500.

    Последните статистички податоци покажуваат дека во 2013-та стапката на сиромаштија изнесувала 24,2 отсто и во однос на годината претходно таа се намалила за 2 процента. И покрај ова намалување, според социолозите, и натаму секој четврти граѓанин во државата не може да ги задоволи основните егзистенцијални потреби и практично се наоѓа во социјално ранлива категорија. Во Македонија има 500.400 лица што живеат под прагот на сиромаштија. Последното статистичко мерење покажа дека и натаму најдлабока стапка на сиромаштија има кај најранливите категории на граѓани, кај невработените од 43,7 отсто, со намалување во однос на состојбата од 2012-та година. Од друга страна, не се намалува стапката на сиромаштија кај вработените, која останува на исто ниво од 11,1 проценти. Eвропската статистика ги вброи Македонците во групата на најсиромашни граѓани со стандард, кој изнесува само 36 отсто во однос на европскиот просек.

    Професорот Јорде Јаќимоски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје вели дека социјалната положба во која се наоѓа македонското население, се усложнува се‘ повеќе, нагласувајќи: „Сегашната социоекономска состојба во Македонија доаѓа по еден долг нестабилен развој, во кој животниот стандард бележи негативен тренд. Сложената економска и социјална положба се огледа во константната висока невработеност, опаѓањето на животниот стандард, бавен пораст на платите и пораст на цените на личната и услугите во јавната потрошувачка. Истражувањата покажуваат дека домаќинствата се соочуваат со ниски приходи и непостоење услови за вработување. Имено, 47,6 отсто од домаќинствата најмногу ги погодуваат недоволните приходи, 34 отсто сметаат дека не постојат услови за вработување, 8,7 отсто лоши услови за лекување, а за домување 5,3 проценти. Во Македонија постои социјална поларизација - длабок јаз меѓу ранливите општествени групи, кој се‘ повеќе се продлабочува, според извршеното анкетирање на јавното мислење во 2014 година. Сиромашните лица често се придружени со ограничен пристап до приходи, до средства за работа, до здравствените, образовните и културните услуги и неисхранетост. Релативната сиромаштија меѓу возрасните групи е повисока кај младите во однос на повозрасните лица.“

    Се штеди на најсиромашните?

    Официјалната статистика има соопштено дека се намалува бројот на домаќинства – корисници на социјална помош: од 49.515 во 2009 година на 34.612 во 2013 година. Според Државниот завод за статистика, во 2010 година имало 22.509 корисници на социјална помош, а во 2013 година - 15.014. Во 2010 година имало 49.739 полнолетни корисници на социјална помош, а во 2013 година 35.969. Дали статистиките ја отсликуваат реалноста која ја живеат граѓаните? Дали можеби во Македонија постојат сега веќе не „социјално ранливи групи“, „социјално загрозени групи“, туку се‘ повеќе „социјално ранливи маси“, поточно зголемување на обемот на социјалната загрозеност на се‘ поголеми слоеви и делови на вкупната популација?

    Билјана Дуковска, заменик претседателка на мрежата на невладини организации наречена „Македонска платформа против сиромаштија“ одговара: „Бројките говорат дека генералната политика на државата е да се штеди на најсиромашните, наместо да им се даде поддршка. Постојните и новите приматели на социјална поддршка се под удар на засилените контроли и ограничувањата, а со новите законски измени Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување имаат можност да вршат увид во банкарските сметки. На удар се граѓаните што имаат одредени трансфери или дознаки од странство (без да се земе предвид која е намената на тие пари). Треба да се очекува дека бројот на приматели на социјална помош уште ќе се намалува, според ова 'вештачко' чистење на списоците, но тоа апсолутно не значи дека тие лица се надвор од сиромаштија и дека немаат потреба од државна поддршка.“

    Сунчица Димитријовска, професор по социјална политика од државниот Институт за социјална политика од Скопје, коментира: „Ги знам чувствата и секојдневните проблеми на луѓето. Постојат ризици кои треба да се надминат, а самата бројка на такво население, кое е работоспособно, но е и материјално необезбедено, треба да се намали.

    Со новите законски измени Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување имаат можност да вршат увид во банкарските сметки

     

    Може да постојат повеќе причини за она што го покажува официјалната статистика - дека се намалува бројот на приматели на социјална помош: несодветно утврдена положба при остварување на правото на социјална парична помош, неисполнување на обврски во однос на обнова на документација, за потребните редовни пријавувања - активно барање на работа. Треба да се имаат предвид и активните мерки за вработување, чии ефекти се видливи. Работоспособното население има основно право на работа, тоа треба да му се обезбеди, а не да прима материјални средства и помошти од државата. Ако веќе постои потреба за социјални помошти, тие треба да бидат реални согласно со порастот на животните трошоци, односно, со трошоците за живот кои ги имаат семејствата, како и тие примања да бидат на пократок временски период.“

    Дуковска заклучува: „Македонија има систем на социјална заштита, кој не превенира запаѓање во сиромаштија и социјална исклученост, туку се обидува социјално најзагрозените слоеви да ги спаси од смрт. Нашето искуство покажува дека во последните години ситуацијата се влошува и освен бројката на граѓани кои со години живеат во социјален ризик имаме и нова група - вработени сиромашни. Особено е забележливо и влошеното здравје на лицата кои живеат во сиромаштија и социјален ризик, што целосно ги намалува шансите за нивно наоѓање на работа. Ригорозните услови за стекнување на право за користење на социјална помош и доцнењето на редовната исплата на правата од социјалната заштита, неинформираноста и казнените обврски се многу голем проблем за овие категории.“

    • Автор Свето Тоевски
    • Извор: “Дојче Веле“
    Views: 353 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024