Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 20 » ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949
    2:23 AM
    ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949

    ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949

    Денес, на денот на големиот подвижник, Преподобниот Свети Сисое Велики, исцелител на болните, изгонувач на демоните, воскреснувач на мртвите и заштитник на децата, се одржa традиционалното годишното чествување за децата бегалци, насилно прогонетите деца Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

    deca begalci infomaks

    Делегаци на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Светскиот Македонски Конгрес, Матицата на иселениците од Македонија, Македонската заедница од Холандија,  Македонската заедница од САД и пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, положиja свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во паркот Жена-борец во Скопје.

    -Споменот и поменот за голготата на насилно прогонетите Македонци од Егејот е наш аманет и секоја година ќе го одржуваме ова чествување, и за живите и за упокоените, рече претседателот на  Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Ташко Јованов .

    -Не ги забораваме патилата низ кои поминаа нашите претци тие беа прогонети како деца, но денес живи се потомците, традицијата ќе ја продолжиме, било да не се повтори. Илинденската епопеја е светилник во чиј пресрет одбележуваме значајни датуми, настани и личности од историјата на Македонците и на Македонија. Насилно прогонетите деца Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година се најцрната страница во историјата на македонскиот народ од Втората Светска Војна, рече претседателот на  Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

    Годинава, по иницијатива на Зружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, Споменикот на децата бегалци во Жена парк беше реновиран и исчистен.

    spomenik zena park infomaks

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 338 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024