Обвинителството сослушува осомничени и сведоци за инцидентот во „Диво насеље“
Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тек е сослушување на осомничените и сведоците за вооружената пресметка што се случи на 9 мај во кумановската населба „Диво насеље“.
Оттаму соопштуваат дека заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведувале преку меѓународна правна помош.
„Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање на докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид. Надлежното обвинителство продолжува континуирано со преземање на дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите“, се вели во соопштението од Обвинителството.
На 9 мај македонската полиција се судир со вооружена група во кумановската нселба „Диво насеље“. Борбите траеа два дена, а загинаа осуммина полицајци и десетмина припадници на вооружената група.
Извор: “Макфакс“
|