Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » July » 25 » ДУИ ДОБИВААТ ЗАКАНИ ОД ТЕРОРИСТИ ВО КОСОВО: КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА ГИ ОБЕЛОДЕНИМЕ ЗАКАНИТЕ ОД КОСОВО!
    6:03 AM
    ДУИ ДОБИВААТ ЗАКАНИ ОД ТЕРОРИСТИ ВО КОСОВО: КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА ГИ ОБЕЛОДЕНИМЕ ЗАКАНИТЕ ОД КОСОВО!

    ДУИ ДОБИВААТ ЗАКАНИ ОД ТЕРОРИСТИ ВО КОСОВО: КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА ГИ ОБЕЛОДЕНИМЕ ЗАКАНИТЕ ОД КОСОВО!

    Од партијата побараа надлежните институции да го расветлат инцидентот што е можно побрзо, заборавајќи дека тие се составен дел од “надлежните институции”. Сличен инцидент имаше и во Кондово, каде што беа ранети четири лица. Во партијата се се поочигледни поделбите и двете струи кои се борат за превласт. Дополнителен проблем за раководството на партијата се отворените закани од косовски бандити, нивни поранешни соборци во УЧК

    dui_stab

    Бајрам Лимани, претседател на огранокот на ДУИ во Куманово назначен директно од лидерот Али Ахмети, го уби Џемаил Реџепи алијас Командант Шипоња и рани уште две лица во вчерашниот инцидент во Куманово. Лимани и Реџепи беа директни ривали за претседателското место на огранокот и имаа отворени несогласувања и караници околу начинот на кој се води партијата, но тоа не мора да биде директниот мотив за убиството.

    Со последниот инцидент ДУИ веќе не може да ги сокрие внатрепартиските проблеми и разидувања кои резултираа со неколку слични пресметки во кои имаше ранети членови и активисти на партијата, инаку државни службеници. Од партијата како и за претходните случувања нема никаква официјална информација или став.

    Превирањата во кумановскиот огранок на ДУИ траат повеќе од една година, а неколку месеци беше запрена постапката за избор на претседател на огранокот, бидејќи раководството во Мала Речица го поддржуваше Лимани, а членството Реџепи.

    limani_shqiponja

    Тоа резултираше со неколку протести на ветераните на ОНА пред седиштето во Речица, на кои изразија незадоволство од начинот на кој се води партијата како и од нивниот статус, бидејќи не биле вработени во државната администрација, а тоа им следувало како поранешни борци и на нивните места била вработени послушни партиски активисти. Раководството пресече и го постави Лимани за претседател без да има избор, а Реџепи најави дека ќе се бори против таа одлука тврдејќи дека животот му е во опасност без да прецизира зошто.

    Во врска со завчерашниот инцидент во Куманово од ДУИ соопштија дека бараат од надлежните органи што побрзо да го расветлат случај притоа заборавајќи дека токму тие се клучен дел од надлежните институции.

    dui_zname

    Според информациите со кои располага “Вечер” Реџепи, но и потпретседателот на партијата Садула Дураку, во понеделникот преку статус на социјална мрежа биле посочени како измамници и предавници од Мухамед Красниќи алијас Командант Малишева, еден од водачите на терористичката група разбиена во кумановското Диво Насеље. Тој наводно барал помош од нив кога веќе биле опкружени од полициските специјалци, но Дураку и Реџепи не се одѕвале. Тоа е само уште еден факт кој треба и мора да се земе во обѕир при расветлувањето на убиството.
    Јавна тајна е дека ДУИ е под огромен притисок на група косовски бандити блиски до Рамуш Харадинај, инаку негови поранешни соборци во 113 бригада. Неколку дена пред нападот на караулата кај Гошинце водачите на терористичката група упаднаа во домот на Дураку во Липково, а според информациите на “Вечер”, тие воопшто не биле пријателски расположени. Затоа и Дураку се појави на средбата на Ахмети со Хашим Тачи во Приштина, на која токму Ахмети достави список од 50 лица, претежно косовски државјани и побара тие да бидат уапсени. Повеќето од тие педесетина лица беа ликвидирани или заробени во полициската акција во Диво Насеље.

     

    Што точно се случувало во кафулето„Шпија Јон” во кумановската населба Бедиње, засега не е познато.Лимани, пред неговото апсење, изјави дека бил нападнат од Реџепи и дека пукал во самоодбрана, но засега од полицијата тоа не го потврдуваат. Оттаму има само куса информација во која е наведено дека инцидентот се случил околу 15.35 часот и дека е најдено оружјето со кое е извршено убиството.Покрај Лимани, уапсен е и Амир Љатифи, кој застанал на негова страна во пресметката. Засега не е познато кој се бил вооружен и кој во кого пукал.

    Според нашите информации повеќето сведоци одбиле да соработуваат со полицијата тврдејќи дека лежеле на земја и не виделе ништо.

    Како што веќе информиравме во пукотниците ранети беа и Шефки Реџепи, братучед на убиениот, и Гани Демири. Тие се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, каде што се задржани на лекување и според последните информации се надвор од животна опасност.(О.Ч.) за Вечер.мк

     

    Преземено од Вечер.мк

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 280 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024