- Настанот се случил околу 13 часот и 15 минути. Било пукано од автомобил во движење, марка „голф“, кон жител на Струга роден во 1973 година – изјави порпаролот Стефан Димоски за „Нова Македонија“.
Полициски екипи и надлежен јавен обвинител се уште вршат увид на местото на настанот.
Неофицијално дознаваме дека ранетиот починал. Иако надлежните се уште не го потврдиле идентитетот, неофицијални извори говорат дека во инцидентот настрадал Аргетим Асани, заменик директор на УЈП и функционер во коалицијата на ДУИ.