ОВА Е УБИЕЦОТ НА ЗАМЕНИКОТ НА УЈП: Братот на убиениот возач на Зијадин Села го одмаздил својот брат!
По денешниот инцидент во кој беше убиен Аретим Асани, заменик директор на УЈП, во изјава за Стругалајм реагираше Бајрам Купа од Велешта, потврдувајќи дека неговиот син бил вмешан во убиството. Тој посочил дека убиството претставува брз одговор на неговиот син.
– Долго време се знае дека сега убиениот Асани е тој кој е одговорен за случајот на Уран Купа, нашиот син и тој денеска Абдулаи се одмазди за својот брат – вели Бајрам Kупа.
Уран Купа му беше личен телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Тој пред неколку месеци беше киднапиран, а по две недели потрага беше пронајден мртов крај реката Сатеска кај струшкото село Дрслајца.Претходно следуваше долга потрага ,низ западна Македонија , возилото пронајдено во Дебар, со цел да се сокријат трагите.
Извор: “Strugalajm.com, Инфомакс“
|