ПОТВРДЕНО И ОД СТРАНЦИТЕ: Терористите од Диво Насеље се овие…
Тимот обвинители ги сослушувал осомничените и сведоци и ја почнал процедурата за екстрадиција на Сулејман Османи, кој успеа да побегне и потоа беше уапсен во Косово
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција води интензивна истрага против повеќе лица за настанот кај Диво Насеље, во која прибрал дел од доказите, го утврдил идентитетот на осомничените и почнал постапка за екстрадиција на еден од нив кој во моментов се наоѓа во притвор во Косово.
„Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава кој се случи кај кумановско Диво Насеље, прибра дел од доказите. Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање на докази во предметот. Прибавено е криминалистичко-техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од самото место по извршениот увид.Надлежното обвинителство продолжува континуирано со преземање на дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите. Во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот”
, стои во соопштението од Обвинителство.
Засега нема најави кога ќе биде подигнато обвинението и за што ќе одговараат осомничените, дваесет и осумте терористи заробени во Диво Насеље.
Во полициска акција во кумановското Диво Насеље беше разбиена четириесетчлена терористичка група предводена од косовските државјани бег Ризај, Мирасд Ндрецај, Деми Шеху, Сами Укшини и Мухамед Красниќи. Укшини, Шеху и Красниќи се меѓу заробените терористи.
Оваа група стои и зад нападот на караулата кај Гошинце, десетина дена пред инцидентот во Куманово.
На 11 мај Вечер ексклузивно ја објави листата на терористи
Ова е листата на уапсените терористи во Куманово
Меѓу уапсените не се Мирсад Ндрецај алијас Командант Нато, водачот на терористичката група, и Бег Ризај негов близок соработник за кој информациите говорат дека бил еден од клучните лица во терористичката група и нивните планови за напади.
ВЕЧЕР ексклузивно ја има листата на терористите кои беа уапсени во кумановското Диво Насеље. Станува збор за 28 лица кои веќе се во притвор.
1. Мухамед Красниќи – Малишева од Косово
2. Фадиљ Фејзулаху од Куманово
3. Дем Шеху – Јунику од Косово
4. Сами Укшини – Соколи од Косово
5. Ирфан Лутфиу од Куманово
6. Арсим Бајрами од Ваксинце
7. Фадиљ Елшани од Косово
8. Есат Кафеџоли од Косово
9. Ардијан Бујари од Косово
10. Кенан Исени од Куманово
11. Шефкет Авачи од Косово
12. Лирим Демири од Куманово
13. Ајруш Авдија од Косово
14. Бетим Карташи од Косово
15. Генци Шефа од Албанија
16. Лендрит Рустеми од Косово
17. Енвер Клејн од Германија
18. Руфки Догани од Косово
19. Насуф Беќири од Арачиново
20. Валдет Зекај од Косово
21. Бајрам Елшани од Косово
22. Неџмедин Лика од Тетово
23. Лирим Красниќи од Косово
24. Севдаил Мифтари од Куманово
25. Фатмир Речица од Косово
26. Бег Бајра – Насер Бајралиу од Косово
27. Фејзула Рушитовски од Брест
28. Бесник Ајдини од Куманово
Како што може да се види 16 се косовски државјани, по еден е од Албанија и Германија, а десетмина се македонски државјани.
Терористите кои им се предадоа на полициските сили беа изведени на распит пред судија на претходна постапка во скопскиот Основен суд 1, кој им одреди триесетдневен притвор.
Тие ќе одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, здружување заради непријателска дејност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрснувачки материи.
Оваа информација засега не е потврдена од МВР.
Оттаму соопштија дека идентификацијата на уапсените, но и ликвидираните се уште трае, бидејќи се чека на информации од безбедносните служби на Косово и Албанија.
Од списокот може да се види дека Мирсад Ндрецај – Командант Нато и Бег Ризај не се меѓу уапсените и најверојатно се ликвидирани од полициските сили.
Извор: “Вечер.мк, Инфомакс“
|