БОМБА ЕКСПЛОДИРАЛА ВО БЛИЗИНА НА СВР СКОПЈЕ: Кашикара експлодирала кај СВР, полицијата врши увид!
На 30.07.2015 година околу 00,10 часот на ул.„Ангел Димовски“во непосредна близина на Секторот за внатрешни работи-Скопје слушната е експлозија по што од страна на вработените во Центарот за известување и команда веднаш биле известени надлежните служби.
Од експлозијата на бомбата нема повредени лица оштетени се три прозорски стакла од зградата на Секторот за внатрешни работи-Скопје како и неколку возила кои биле паркирани на паркинг просторот. На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници од СВР-Скопје, како и полициски службеници од Одделот за антитероризам. Извршен е увид подигнат е предметен материјал и истиот е предаден за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: “Инфомакс“
|