Македонија го празнува Илинден
Граѓаните на Република Македонија денеска го прославуваат националниот празник Илинден.
Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ќе присуствува на одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево.
Предвидено е Иванов во 09:30ч. да го посети споменикот „Македониум“ и да положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република;
Во 10.00 часот е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива, а во присуство на панихида во храмот „Свети Никола“.
Во 12:00ч. Иванов ќе присуствува на свеченост во чест на Крушевската Република - Првата Република на Балканот, народен собир на Мечкин Камен, во чии рамки е предвидено полагање на цвеќе.
Премиерот Никола Груевски во 11.00 часот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во парк „Жена Борец“ во Скопје, потоа ќе положи цвеќе на споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието, а на крај ќе положи цвеќе и на споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“.
Претседаелот на СДСМ Зоран Заев ќе ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ,во Меморијалниот центар во Пелинце, додека потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска ќе присуствува на церемонијата во Крушево.
Извор: “Макфакс“
|