Во Прилеп наврнаа 40 литри на м2 за половина час
До надлежните институции поднесени се околу 40 пријави на поплавени објекти и улици. Екипи од надлежните институции работат на терен по што во најголем дел санирани се истите.
Ситуацијата ќе се следи и во текот на ноќта и ќе се интервенира доколку има каква било потреба од тоа, соопшти општина Прилеп.
Извор: “МКД“
|