– Тие го дадоа нивното утре за ние да го живееме нашето денес, рече меѓу другото во своето обраќање пред присутните потполковник Ѓорѓи Василевски.
-Тие ги креваат сопствените раце во моментите кога од нив е побарано, облекуваат униформа и го ставаат својот живот во залог на државата, семејството, пријателите, колегите. Од нас се бара да бидеме постојано подготвени, да исчекориме напред. Затоа, за нас припадниците на Армијата и на нашата единица, овој ден и овој споменик не потсетуваат колку е скап влогот кој нашата професија и посветеност го бара од нас, рече потполковник Василевски.
Присутните ја посетија Спомен-собата во кругот на Касарната која ги чува документите и спомените на борците од НОБ, но и на десетте прилепски бранители кои загинаа кај Карпалак во 2001.
Според претседателот на советот на Прилеп, Никола Димески, Прилеп денес и утре со почит се сеќава на своите десет бранители.
– Нека нивната храброст и пожртвуваност за татковината, денес ни бидат водилки за сите решенија кои ќе ги носиме во државата. Да има мир и заедничко разбирање за да не се повторат никогаш вакви воени конфликти, рече Димески.
Централното одбележување на 14-годишнината на прилепските воени резервисти е утре, на денот на нивното загинување, во центарот на Прилеп пред споменикот „Карпалак“.
Извор: “Инфомакс“