Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 7:25 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  August 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » August » 9 » Расте интересот за учење кинески јазик
    1:46 AM
    Расте интересот за учење кинески јазик

    Расте интересот за учење кинески јазик

    За период од две години, откако постои институтот „Конфуциј“, на бесплатни часови по учење кинески оделе околу 120 лица

    Сите заинтересирани кандидати можат да се обратат директно во институтот

    СТУДЕНТИТЕ - НАЈМНОГУБРОЈНИ ВО ИНСТИТУТОТ „КОНФУЦИЈ“

    Пред две години, при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ беше основан институтот „Конфуциј“, кој нуди бесплатно изучување на кинескиот јазик. Простoриите се наоѓаат во Универзитетската библиотека, а секој заинтересиран може да се пријави и да почне со почетните и со напредните курсеви за изучување на јазикот. Како што информираат оттаму, за овие две години досега курсот го завршиле околу 120 курсисти. 
    - Институтот се отвори во септември 2013 година, а првите курсеви почнаа во ноември истата година. Прво почнавме со 20 лица, кои го завршија почетното ниво. 

    На почетокот прво ги учат тоновите, бидејќи пред да се почне со учење кинески јазик, мора да се совладаат четирите основни тона. Потоа се оди на изговорот, па полека се почнува со пишувањето. Предизвици има, бидејќи граматиката е малку потешка. Најголем број од оние што сакаат да научат кинески се студенти, како и лица на возраст од 20 до 35 години. Побарувачката за кинески јазик е доста голема. Секојдневно добиваме повици од компании да им препорачаме за работа лица што го знаат јазикот. Најчесто тоа се фирми што се занимаваат со инфраструктурни проекти - информира лингвистката Елена Дамјановска, која е секретарка во институтот. Таа додава дека овој институт организира и летни школи, преку кои најактивните курсисти имаат можност да живеат во Кина. 

    - Ги избираме најдобрите, најактивните лица што одат на престој во Кина. Освен летната школа, се одвиваат и други програми преку кои се нудат стипендии, па и на тој начин се патува во Кина за доусовршување. Институтот „Конфуциј“ има голема поддршка од ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски - истакна Дамјановска.   Студентката на италијански јазик на Филолошкиот факултет Весна Левковска ги посетува предавањата, а минатата година била на двонеделен престој во Кина. 

    - Таму сѐ е различно од овде - од начинот на размислување, културата, исхраната. Буквално како да живееме на различни планети. Имав можност да се дружам со колеги од целиот свет. Планирам повторно да заминам таму, бидејќи има и стипендии што го овозможуваат тоа - вели Левковска.

    Сите заинтересирани кандидати можат да се обратат директно во институтот секој работен ден од 10 до 15 часот, или на телефонскиот број 025 512 922. Во „Koнфуциј“ има наставни материјали и литература, па кандидатите немаат дополнителни трошоци во овој дел.  Кинески директор на институтот е Денг Ши Џонг, а македонски директор е професорот Бранислав Саркањац.  Од септември е планирано кој сака од учениците да посетува часови по кинески јазик во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, а во гимназијата „НОВА“ веќе го има кинескиот јазик како изборен предмет.

     
       
    Автор: Антонија Поповска-Христов / antonija.p@novamakedonija.com.mk   Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
     


     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 321 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    КОГА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ИНТЕРЕСОТ ЗА УЧЕЊЕ НА РУСКИОТ ЈАЗИК? МИСЛАМ, САКАМ ДА КАЖАМ, ОФИЦИЈАЛНО...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025