Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  August 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » August » 17 » БРВЕНИЦА – ЗБИР ОД ШЕЕСЕТИНА СЕЛА И НАСЕЛБИ
    0:34 AM
    БРВЕНИЦА – ЗБИР ОД ШЕЕСЕТИНА СЕЛА И НАСЕЛБИ

    БРВЕНИЦА – ЗБИР ОД ШЕЕСЕТИНА СЕЛА И НАСЕЛБИ

    Селото Брвеница има над 1.000 куќи со околу 5.000 жители. Се наоѓа распослано во средишниот дел на полошката котлина, со погледи и кон Сува Гора и кон Шар Планина, на околу четири километри од Тетово

    Гојко Ефтоски



    Тетовска Брвеница е од ретките селски населби кон која има постојан механички прилив на нови семејства од разни места на земјата. Овде зборот миграција главно се среќава во обратна насока - кон Брвеница, а не од населбата, иако има мали исклучоци. Во разни историски периоди, овде се бележат различни движења. Сепак, одделни периоди претставуваат некакви граничници. Најбројни се доселувањата од Поречието. Првиот Поречанец од селото Рамне се доселил некаде во 1918 година. Меѓутоа, помасовни доселувања од овој крај на Македонија се забележуваат од 1950 година па наваму. Вториот меѓник на овие движења на населението е 1928 година, кога се доселени повеќе семејства од Србија, Црна Гора, Херцеговина и Лика. Тогашните власти бесплатно доделувале земјиште на семејствата од Прокупље и околината, Лапово, но и од Коњиц (Босна и Херцеговина) и други места. Станува збор за 38 семејства. Нивната судбина и поврзување за Брвеница повторно била разнишана, кога 27 српски семејства се иселени во Војводина, а земјиштето што им било доделено им било прераспоредено на други „староседелци“ или доселеници. И конечно, повеќе доселувања во Брвеница има последниве петнаесетина години, главно од Тетово, што ретко се среќава да се напушти град за да се живее во село.

    Сепак, најмасовни преселувања се забележуваат од селата на Поречието. Нема податок од кое село колку семејства се доселени. Но од 1950 година, кога доаѓаат првите Поречани, почнува позасилен процес. Според наши сознанија, од Горно Поречие најбројно се доселени од Требовље, Растеш, Брест, Ботуше, Бенче, Косово, Белица, па и Самоков. Ништо помалку не се движењата и доселувањата од селата на Долно Поречие од Манастирец до Македонски Брод, во ист период.

    „Овие принудни доселувања се условени од тоа што во Поречието, поголем период изостанала грижата за инфраструктурата. Немаше патишта, да не зборуваме за водоводи и електрификација. Тоа што на овој план е направено, тоа е во период кога имиграцијата засилено притискала и условувала Поречието да се испразни од луѓе. Сега има села кои се оставени само на по неколку старци или сосема испразнети“, ни зборуваше Иван Неделковски, магистер по земјоделски науки, сега веќе пензионер.

    Доселеници 



    Сепак, Поречани важат за носители на прогресот во Брвеница. Тоа е очевидно од развојот на населбата во која доминираат доселеници од Поречието. Има многу луѓе со високо образование од различни струки, со стекнати научни титули. „Нема прашање за кое не сме се договарале, за кое не сме дале свој придонес. Времето носеше нови потреби, главно од комунална сфера. Не сме очекувале друг да ни ги решава проблемите, туку сме организирале и доброволни работни акции и донации во пари. Како Брвеница се ширеше, така и потребите се зголемуваа и разрешуваа, иако има маала кои и натаму се гушат во кал и прашина“ велат браќата Дончо, Самојле и Менче Максимовски, доселеници од селото Косово кај Самоков. Тие изразија спремност да учествуваат и во наредните комунални зафати. Дончо со завршен филозофски факултет, изразил спремност да се врати во своето родно село Косово, каде што по подолга пауза повторно биле создадени услови за една комбинирана паралелка од основното образование. Но, вели, среќата му го свртела грбот.

    Доселеници има и од повеќе тетовски села, од гостиварскиот крај, од Галичник и Лазарополе, како што наведува Јован Трифуновски во научно-истражувачкиот труд „Полог“.

    Селото Брвеница има над 1.000 куќи со околу 5.000 жители. Се наоѓа распослано во средишниот дел на полошката котлина со погледи и кон Сува Гора и кон Шар Планина, на околу четири километри од Тетово. Вардар е на дофат, а во неа овде се влива реката Темишница. Блискоста на Тетово и големината на населбата условиле во 1996 година, со територијалната поделба, Брвеница да стане седиште на општина со 13 селски населби. „Кога станавме седиште на општина, веднаш се зафативме со разрешување на повеќе комунални проблеми. Најнапред го решивме прашањето со вода за пиење, ископувајќи бунар од 60-ина метри со пумпна станица, а истовремено се поставуваше разводната водоводна мрежа, се асфалтираа не само поглавни, туку и споредни улици. Засилени беа ангажирањата за потребите со квалитетна електрична енергија изградивме четири трансформации, потоа пошта, амбуланта, општинска зграда... Бевме на дофат да го решиме и проблемот со канализација, за што веќе ја прибравме потребната документација и одобрение од Министерството за животна средина и просторно планирање, а финансиска поддршка добивте од германска банка“, вели Станоја Глишиќ, првиот градоначалник на општината Брвеница 1996-2000 година.

    Земјоделие



    Земјоделието било и останува основа стопанска гранка. Во овоштарникот „Дубрава“ на 200 хектари, добивани се најквалитетните јаболка, а месната задруга „Вардар“ носител на прогресот во земјоделството. Жителите на Брвеница својата егзистенција ја обезбедувале како индустриски работници во Тетово, кога над 1.000 биле вработени во големите претпријатија, особено „Тетекс“, „Едко“ и во помали стопански капацитети. Времето на транзицијата условило во Брвеница сега да има најголем број пензионери – старосни или инвалидски, бројка над 400.

    Сепак, бизнисмените не мирувале. По „Агро Слога“, која има и мелница за сточна храна и фарма за кокошки, „Империјал“, отвори фабрика за тешка и лесна конфекција со над 200 вработени. Во текстилната индустрија е и трикотажата „Антигона“, барајќи и изнаоѓајќи решенија пред се' за вработување. Отворени се и повеќе погони од други области, како преработка на мебел и столарија, производство на вар, гипсени производи, разни видови занаетчии, кафеани и кафулиња. Тука се и фармата за кокошки „Јоки комерц“, свињарска фарма, над 30 разни продавници. Кон Брвеница сега водат и патиштата за организирани пречеци во угостителскиот објект „Бакал“, а од неодамна и „Електра гарден“ како репрезентативни локали.

    Обично, староста на населбите се одредува според времето на градба на верски објекти. На сред село во Брвеница, со сета убавина и уредено двориште се протега црквата „Св. Атанасиј“, градена во 1922 година, а осветена во 1930 година. Меѓутоа, според стари записи била подигната на темели од стара црква, посветена на истиот светец, а за која стои дека била подигната 1628 година. Има уште едно постаро сознание. Тоа е археолошкиот локалитет „Тумба“ кој е во состав на Брвеница, а за кого има потврдени наоди дека потекнува од времето на неолитот. Во 1999 година, на селските гробишта, подигната е уште една црква „Св. Архангел Михаил“, за која ктитори се сите жители на Брвеница.

    Тешко можат да се набројат сите достигнувања во Брвеница која со крупни чекори го освојува времето и просторот. За Брвеница е изработен урбанистички план според кој се забележува во која насока ќе се одвива градбата на стопански и услужни објекти, а посебно индивидуални станбени згради. Прецизно е определена инфраструктурата. Во ова населено место има основно училиште со околу 500 ученици што го носи името Коста Рацин, потоа со нова спортска сала, две амбуланти, две аптеки, забна ординација, спортска сала, фудбалско игралиште, културно – уметничко друштво и се друго што го обезбедува квалитетниот општествен живот.

    Брвенчани засега се судруваат со два тешки проблема од комунална сфера: неизградената канализација, која посебно го отежнува движењето низ населбата во време на врнежи, оти водата се разлева низ главната улица. Го потопува и регионалниот пат Тетово – Гостивар, кој минува покрај Сува Гора и кој условува згуснат сообраќај од сите села на овој потег со што се загрозува безбедноста, особено на децата. Овде се регистрирани повеќе сообраќајни несреќи, со последици по луѓето, пред се' на децата.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 368 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024