Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  August 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » August » 17 » ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ЗА ВОЈНАТА ВО 2001: Црвенковски тогаш фингираше војна и договори како Заев денес!
    0:39 AM
    ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ЗА ВОЈНАТА ВО 2001: Црвенковски тогаш фингираше војна и договори како Заев денес!

    ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ЗА ВОЈНАТА ВО 2001: Црвенковски тогаш фингираше војна и договори како Заев денес!

    ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ЗА ВОЈНАТА ВО 2001: Црвенковски тогаш фингираше војна и договори како Заев денес!

    На 22 јануари 2001 година, само пет дена откако Црвенковски ја објави аферата за прислушување, за која ги обвини тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и министерката за внатрешни работи Доста Димовска, се случи терористичкиот напад на полициската станица во Теарце кога загина полицаец, а тројца беа повредени, пишува „Дневник“.

    Одговорноста, преку соопштение-коминике, ја презеде т.н. ОНА. Иако првичните информации беа дека се работи за лица што влегле во Македонија преку Kосово или тренирале таму (локална ТВ „Kис“ јави дека само неколку дена претходно во близината на Шемшево граничарите на АРМ фатиле неколку лица облечени во униформи на УЧK), СДСМ излезе со соопштение дека одговорна за настанот е власта.

    – …Сево ова укажува дека актуелната власт наместо потенцијалите на безбедносните служби да ги користи за разоткривање на овие облици на тероризам, прави се за тие нелегално да бидат искористени во пресметка со своите политички неистомисленици. Актуелната власт со ваквото свое однесување не само што е соучесник туку и самата е генератор што континуирано продуцира безбедносна и политичка нестабилност – соопштија од СДСМ веднаш по нападот.

    На ваквите напади на 24 јануари тогашниот албански партнер во власта, ДПА, возврати дека аферите и терористичките акции во Македонија се синхронизирани и се водат од еден центар – СДСМ – со цел уривање на Владата.

    Пораките дека одговорноста е во рацете на власта во тој период почесто стигнуваат од коалициските партнери на СДСМ – ЛДП и Андреј Жерновски.

    На 16 февруари, истиот ден кога Доста Димовска поднесува оставка, по низа пресметки меѓу власта и опозицијата за тоа кој прислушувал, телевизиската екипа на А1 ТВ е сопрена кај Танушевци.

    – Ова е последна опомена на власта дека не треба да замижува пред формирањето паравоени формации во Македонија. Покрај политичката криза, за која придонесе власта, сега државата се наоѓа и пред безбедносна криза – изјави тогаш Владо Бучковски, како портпарол на СДСМ.

    На 22 февруари се формира оперативен центар од МВР и АРМ, кој треба да ја следи безбедносната состојба на северната граница. Неколку дена подоцна се одржува и собраниска расправа за аферата „Прислушување“, на која ВМРО-ДПМНЕ застанува на ставот дека Црвенковски со ваквите афери и напади на институциите ја дестабилизира државата за дојде на власт. Потоа речиси да нема ден во кој не се случува некој поголем безбедносен инцидент – 7 март Гошинце, 9 март – Kодра Фура, 10 и 11 март – Брест, 15 март – Тетово….

    Додека државата е во оган, Црвенковски најавува народ на улица

    На 30 март 2001 година, среде оган и постојани офанзиви, СДСМ ќе го искористи просторот пред меѓународната заедница и официјално да го понуди концептот на широка владина коалиција (денес тоа се нарекува „преодна влада“) како спас за сите проблеми во државата, вклучително и политичката криза што настанува со излегувањето на ДА кон крајот на 2000 година, аферата за прислушувањето што ја отвора токму Црвенковски, но и воениот конфликт. Ако не успее планот за преодна влада, Црвенковски, многу слично на сценариото што сега го најавуваа опозицијата, вели ќе го вади народот на улица. Тој најавува масовни протести среде воен конфликт, анализира „Дневник“.

    – СДСМ нема намера со скрстени раце да гледа како власта ја растура државата. Битката ќе ја водиме во Собранието и со народот на улица, со протести, зашто само така во нормалните држави се руши ненормалната власт – изјави Црвенковски на прес-конференцијата на 30 март 2001 г.

    Преговорите за новата преодна влада почнуваат некаде во почетокот на април, кога е договорена првата средба меѓу Црвенковски и Георгиевски. Преговорите треба да ги дефинираат кадровските решенија што ќе ги добие СДСМ, како и мандатот на новиот владин кабинет. На 15 мај се формира т.н. широка коалиција во која учествуваат повеќе парламентарни партии во државата. Таа влада застанува зад Рамковниот договор потпишан во август.

    Kога во септември 2001 година се појавуваат идеи уставните измени од Рамковниот договор да одат на референдум, Црвенковски вели дека ќе ја напушти власта ако тоа се случи. Тој се` подолго и подолго се обидува да ја одржи привремената влада. „Вечер“ на 17 септември ќе напише: „Сите знаат дека во владата на широка коалиција влезе без да гласа народот за него. И сега истиот тој Црвенковски вели дека ако се случел референдум ќе излезел од Владата. Значи, Црвенковски не сака народот во ниту една варијанта да биде прашан. Играта е јасна, тој посакува нов обид за пуч со формирање ново парламентарно мнозинство и да ја грабне власта без да се праша народот“.

    Прстот кон Џафери и Георгиевски

    На 1 јули 2001 година Црвенковски директно прстот го вперува кон Џафери и особено кон Георгиевски. Тој ги обвинува двајцата владини лидери дека имаат вина што во 1999 година, за време на косовската криза, не сфатиле каква е опасноста за безбедносната на целиот регион.

    „Се плашам дека воената опција што ја заговараат некои од власта не е опција за борба против тероризмот, туку опција за тотална меѓуетничка војна во која ќе исчезне Македонија“, вели тогаш Црвенковски кога јавноста и ВМРО-ДПМНЕ бараа поддршка за воен пораз на ОНА.

    Истиот ден, преку медиумите Црвенковски ќе го обвини Георгиевски дека прво, иако ги имал во свои раце, ги пуштил луѓето на ОНА, како Џавид Хасани и Фазли Велиу, за три месеци потоа да се тепа со нив по планините.

    – Не може човекот што ја создаде кризата и што создаваше амбиент таа да кулминира безбедносно во период од две и пол години сега да смета на тоа дека сите ние ќе го заборавиме… Месец дена „се пимплаше“ околу Танушевци, уште месец дена околу тетовско Kале, а сега во две недели проценил дека некој ја оневозможува државата ефикасно да излезе на крај со терористите – изјави тогаш првиот социјалдемократ.

    Неколку дена подоцна, во друго интервју, лидерот на СДСМ, иако неговата партија веќе е дел од широката коалиција, на прашање дали според него премиерот Георгиевски свесно ја турка Македонија во војна ќе одговори: „Дали свесно или несвесно, не знам, меѓутоа ако продолжи вака како што се однесува, работата ја турка во тој правец“.

    На 26 јули во интервју за телевизија „А1’, лидерот на СДСМ ќе изјави: „Георгиевски и Џафери и понатаму продолжуваат да функционираат како смртни непријатели во изјавите и на теренот, но во исто време како сијамски близнаци и верни сојузници во остварувањето на крајната цел. Народот има право да ја чуе вистината, затоа го повикувам претседателот Трајковски во овој момент да биде вистински претседател на државата… Нека ја образложи меѓународната позиција, безбедносната состојба и концептот за излез од кризата“.

    Фингирана војна или агресија од север

    Две сосема различни тврдења имаше за кризата во 2001 година – едното на опозицискиот СДСМ дека војната е фингирана од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, а, пак, премиерот Љубчо Георгиевски на 19 март искажа јавен став дека „Македонија е предмет на агресија од Kосово“. Со тој став во тој период беше согласна и комплетната меѓународна заедница. Слично како и вчера, во 2001 година околу 50 герилци на ОНА (вчера беа околу 40) на 21 февруари го окупираат Танушевци и испраќаат порака дека никој не смее да оди на нивна територија. Потоа во тој регион се префрлаат околу 300 герилци.

    Тогашните лидери на двете најголеми партии на Албанците – Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери (ПДП) донесоа заедничка Декларација во која го осудија насилството врз македонската држава. Еден од клучните моменти во тој период беше и ставот на Џафери, кој рече дека станува збор за конкретен албански проблем, а потоа Мендух Тачи дообјасни дека всушност „станува збор за интраетнички (меѓуалбански), а не за интеретнички конфликт“.

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 1902 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024