Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:07 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  August 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » August » 18 » БИТУШКИТЕ ВОДИЧАРСКИ ОБИЧАИ ЗАСЛУЖУВААТ МЕСТО ВО СЕМЕЈСТВОТО НА УНЕСКО
    5:09 AM
    БИТУШКИТЕ ВОДИЧАРСКИ ОБИЧАИ ЗАСЛУЖУВААТ МЕСТО ВО СЕМЕЈСТВОТО НА УНЕСКО

    БИТУШКИТЕ ВОДИЧАРСКИ ОБИЧАИ ЗАСЛУЖУВААТ МЕСТО ВО СЕМЕЈСТВОТО НА УНЕСКО

    Елизабета Арсоска

    новинарка

    Киро Кипроски

    Успешно ја одбранивте магистерската тема „Празнувањето на Водици во Битуше како дел од народната култура во Западна Македонија“ . Од каде љубовта да се истражува народната култура?


    - Кога корените ви се од еден крај како што е мијачкиот, тогаш народната култура ви е едноставно запишана во генетскиот код. Јас сум растела во семејство каде што исклучително се почитуваат и негуваат традиционалните обреди, празнувања и обичаи, така што научно-истражувачката работа на оваа тема дојде сосема логично. За мене беше голем предизвик, особено заради тоа што сите обреди во кои уште од мала активно сум учествувала, се обидов да ги погледнам од еден друг, поинаков агол. Би сакала да нагласам дека на темата „Празнувањето на Водици во Битуше како дел од народната култура во Западна Македонија“ имав можност да работам под менторство на проф. д-р Марко Китевски, човекот кој целиот свој живот го посвети на истражувањето на македонскиот фолклор и е еден од последните собирачи на македонски народни умотворби, песни, обреди, традиции... што за мене претставуваше голема одговорност и голема чест.

    До какви сознанија дојдовте кога се нурнавте во историјата на мудрите Мијаци, кои имаат оставено длабоки траги во македонската народна култура?

    - Во овој научен труд се вткаени интересни и за пошироката македонска јавност малку познати моменти од водичарските обичаи во Битуше кои на автентичен, исконски начин се празнуваат со векови наназад. Од начинот на прославата, преку обредните песни, предмети, битушката носија, бдеењето во Бигорскиот манастир, кумстарките, кумовите, бакрдарите, костенчињата... сето она што во текот на трите дена битушани го прават како по сценарио за филм, во кое иако нема режисер, сите од најмал до најстар си ја знаат својата улога во празнувањето.

    Зошто се определивте токму за обичаите на Водици во село Битуше?

    - Битуше е единствено село каде што обредите и обичаите за Водици, како и за уште неколку верски празници, се негуваат со векови наназад без да претрпат модерни модификации во редоследот на активностите или пак во песните. Па сепак, и покрај тоа што ова село изобилува со богата фолклорна традиција, за празнувањата во Битуше е многу малку напишано. Битуше како да останало скраја од интересот и од записите на народните собирачи, на преродбениците како Јастребов, Икономов, Илиев, Велиќ, сестрите Јанковиќ, Куба. Затоа и при истражувањето, задоволство ми беше да користам живи извори информатори, 34 на број, и кои сите без исклучок ни го повторуваа сценариото за сите празнични денови и ги пееја песните без притоа да направат грешка во текстот. Како да читаа од книга. Сметам дека исконското празнување на Водици во Битуше е малку афирмирано, иако по својата уникатност и оригиналност заслужува да добие место во редот на светското културно наследство и да биде под заштита на УНЕСКО. 

    Како магистер дали ќе ја напуштите Вашата прва љубов - новинарството?

    - Како новинар имам можност да патувам, особено ги сакам репортажите и животните приказни. Преку нив откривам и дел од народната култура, во која е вткаен културниот и креативниот дух на многу генерации. Се вели: ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за еден народ, проучувај ја неговата историја, ако сакаш пак, да го разбереш духот на тој народ, научи ја неговата народна култура, неговата традиција, обредите и празнувањата. Од друга страна, пак, во моето семејство и новинарската професија исто како и истражувањето на народната култура во Македонија е традиција, така што сега засега останувам да пливам во новинарските води. 

    Дали продолжувате со истражување на народната култура и во другите региони на Македонија?

    - Во моментов сум фокусирана на објавување на мојот научен труд како книга преку некоја од издавачките куќи, со цел да се афирмираат водичарските обичаи кои со векови се слават на исконски начин. Истовремено имам намера да работам на проектот за апликација за Водичарските обичаи да бидат впишани на светската листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, што Битуше и битушани како верни негувачи на народната култура и традиција навистина го заслужуваат.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 249 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024