Лавров: Украина подготвува нова офанзива против проруските сили
Русија се сомнева дека Украина подготвува нова офанзива против проруските сили на истокот на Украина, откако во изминатите денови е забележано интензивирање на судирите во тоа подрачје, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Она на што сведочиме е дека Владата во Украина се обидува да го поттикне растот на тензиите на некои неверојатни и луди изјави, рече Лавров на прес-конференција во Москва.
Шефот на руската дипломатија исто така изрази загриженост по повод спроведувањето на мировниот договор од Минск.
Извор: “Денешен Весник“
|