Прекрасните бои на башкирските села
Башкортостан е република на Урал чиј главен град е Уфа. Источниот дел е дом на највеселите луѓе во целата Руска Федерација.
За почеток, мештаните тука не се срамат да ги обојат своите куќи во најневеројатни бои, кои се реткост за Русија.
Во ниту едно село нема да најдете две куќи што си личат. Секој сопственик бара начин како да остави индивидуален печат на фасадата. Колку е посветла, толку е поверојатно дека сопственикот ќе победи на натпреварот за најубава куќа.
Се размислува за секој детаљ. Како во сказна, преовладуваат декоративните бои, превртувајќи ја реалноста и давајќи уметничко значење на познатите предмети.
Случајните минувачи се прашуваат од каде ваква имагинација! Но, тешко е да се каже од каде потекнува ваквата традиција.
Авторот на проектот Алина Бељаева вели: „Почнав да работам на фотосериите во 2013 година, и ги посетив најоддалечените места во Башкортостан во потрага по необични куќи.
Имам направено десетици фотографии, но ова се моите омилени. За мене, извонредното чувство за боја, за ритам и за хармонија е карактеристика на фолклорните уметници во полн замав.
Во некои комбинации на бои се чувствува сличност со Анри Матис, а во некои наивни, но сепак суптилни црти на Паул Кле.
Бев изненадена од нежниот, срдечен однос на мештаните кон својата татковина.
Сите куќи се фотографирани во Абзелиловскиот и во Учалинскиот регион на Башкортостан, на истокот од републиката. Во секое село има околу 500 жители и сите тие се етнички Башкирци.
http://mk.rbth.com/multimedia/pictures/2015/08/17/prekrasnite-boi-na-bashkirskite-sela_390641
Извор: “Руска реч на македонски“
|