РУСИЈА ВЛЕЗЕ ВО СИРИЈА: Почнува пресметката на Русија со Турција и САД!
По преговорите за заеднички одговор против ИСИС во Сирија, кои ги организираше Русија, а кои имаа за цел да се обезбеди заедничко дејстување на Русија, Турција, Саудиска Арабија и Сирија, Русија одеднаш реши да отстапи од таа стратегија откако Турција без некаква причина реши да им помогне на ИСИС да формираат безбедна зона на северот на Сирија за силите на џихадистите, секако со помош на САД што беше потврдено и од генералот Џон Ален.
На крајот од преговорите се издејствува само отстранување на ПАТРИОТ проектилите кои Германија и Холандија ги повлекоа, ќе ги модернизираат и ќе ги распределат на Литванско – Руската граница, како и формирањето на руско-сиријски воени комисии.
Имено, ПАТРИОТ проектилите ги поставија силите на НАТО во 2013 година со цел да се обезбеди зона забранета за прелети, со што беше неутрализирано воздухопловството на Сирија, па на тој начин силите на Ал Нусра успеаа да го заземат северот на Сирија.
Иако Русија од почетокот на конфликтот се воздржуваше од вклучување на конфликтот, сега реши активно да земе учество преку формирање на воени комисии, а веќе во Сирија се испратени голем број на воени советници за безбедносните сили на Сирија, како и шест МиГ-31 (Mikoyan-Gourevitch) авиони кои се сметаат за најдобрите пресретннувачи во светот.
Русија исто така почна да ја снабдува Сирија и со останато оружје, но и со разузнавачки информации и сателитски снимки за движењата на ИСИС што ја прави работата на Сириската армија многу полесна отколку досега, кога единствено ИСИС имаше сателитски снимки кои ги добиваше од НАТО силите.
Конечно руските воени советници имаат огромен број информации кои ќе обзебедат легитимно делување на руските сили под знамето на ОН или ЦСТО (Организација за колективна безбедност и соработка)
Соработката помеѓу Кремљ и Белата Куќа се сведува на минимум главно поради тоа што Русија сака да ги збрише терористичките радикални исламисти, додека САД се надеваат дека преживеаните ќе можат да ги искористат во други конфликти како што направија во Афганистан, Босна и Херцеговина, Чеченија и Косово.
Пример за таквото делување на САД е и пристигнувањето на џихадисти во Украина каде се формираат исламистички бригади за удар на Крим во операција која треба да се нарекува “Бришење на власта на Крим”, власт која беше легално избрана од народот кој на референдум одлучи да се одвои од Украина и да влезе во составот на Руската Федерација.
Извор: “Инфомакс“
|