Русија благодарна на Кина за разбирањето на нејзиниот став околу Украина
Русија ѝ е благодарна на Кина за разбирањето на нејзиниот став по прашањето на украинскиот проблем и го цени неприфаќањето на Пекинг на антируските санкции, изјави амбасадорот во Кина Андреј Денисов, а пренесува РИА „Новости”.

„Благодарни сме им на кинеските партнери за разбирањето на нашиот став во врска со украинскиот проблем и многу го цениме цврстиот став на кинеската страна за неприфаќањето на антируските санкции“, рече Денисов, коментирајќи ја претстојната посета на Кина од страна на рускиот претседател Владимир Путин.
„Соработката на нашите земји на светската меѓународна сцена стана моќен фактор за мирот и безбедноста“, истакна рускиот амбасадор во Кина.
Претходно беше соопштено дека претседателот на Русија Владимир Путин ќе ја посети Кина од 2 до 3 септември. Во план е потпишување на низа документи, а се претпоставува дека лидерите на двете земји ќе дискутираат за развојот на билатералните односи и реализацијата на договорите постигнати во текот на посетата на Си Ѓинпин на Русија во мај годинава.
Извор: “Руска реч на македонски“
|