Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:31 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  August 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » August » 29 » РЕПОРТАЖА - ТРИ МУЗЕИ ВО ГАЛИЧНИК
    6:28 PM
    РЕПОРТАЖА - ТРИ МУЗЕИ ВО ГАЛИЧНИК

    РЕПОРТАЖА - ТРИ МУЗЕИ ВО ГАЛИЧНИК

    Најдобра потврда за тоа што бил Галичник говори изреката од пред неколку века: „Галичник село големо в Стамбол на чутук пишано“.

     

    Киро Кипроски


    Галичник по многу нешта е редок, исклучителен, неповторлив, со богата историја, култура, препознатлив по брендираните млечни производи: галичко овчо бело сирење и галички кашкавал, а атрактивната туристичка и културолошка манифестација „Галичка свадба“ , која е внесена во многу туристички карти и алманаси во светот, го прави посебно привлечен за туристите. 

    Најдобра потврда за тоа што бил Галичник говори изреката од пред неколку века: „Галичник село големо в Стамбол на чутук пишано“. 

    Во десетвековна историја Галичник имал подеми, падови, издигнувајќи се од пепелта до небеса, најзначајно е тоа што опстојува до денешни дни, а многупати се наоѓал на самиот раб да се струполи во бездната и да го снема засекогаш! И покрај тоа што во селото преку цела година живее само еден брачен пар, а од мај месец до средината на ноември, има многу народ и туристи. Снегот кој паѓа во ноември го блокира патот низ планината Бистра, од Маврово, а со тоа го оневозможува пристапот до ова атрактивно место. Галичник четири-пет месеци е отсечен од светот. Преку зима единствено може да се дојде пеш низ дебелите снежни наноси од селото Јанче, за пет часа.

    Летово во Галичник престојуваа неколку илјади туристи речиси од сите страни на светот. Најмногу гости имаше во деновите на одржувањето на туристичката манифестација „Галичка свадба“, што се одржа на Петровден (11 и 12 јули). Но, гости доаѓаат постојано, поединечно и организирано, и тоа најмногу странските гости кои престојуваат на брегот на Охридското Езеро доаѓаат на еднодневна посета организирано. 

    Странците кои летуваат во охридско-струшкиот регион изразуваат желба да го посетат Галичник. Исто така, странските гости доаѓаат и остануваат по неколку денови, за нив посебна атракција и воодушевување е јавање на коњ низ непрегледните убавини на планината Бистра.

    Трите музеи, „Меморијален музеј на Ѓорѓија Пулевски“, „Музеј на културното наследство на Галичник“ и приватниот музеј на Гапе Ажиевски, на посетителите им овозможува одблизу да се запознаат со богато културно наследство на Галичник.

    Музејот на културното наследство е сместен во прекрасното здание, вила „Доста“, што се наоѓа во центарот на Галичник, под црквата „Свети Петар и Павле“. Оваа куќа била сопственост на галичанецот Ристо Лоновски, познат собирач и публицист на фолклорното богатство на Галичник и Мијачијата, која тој ја подарил на Галичник.

    Распореденост на експонатите



    Експонатите на музејот се распоредени во три одаи и ходник, на површина од над 100 квадратни метри. Тука се поставени голем број експонати, фотографии, предмети и други оригинални предмети, кои бистроумните, надарени галичани за уметност, творештво, ги создавале со векови. Во првата одаја се сместени книги посветени за Галичник, неколку броеви на литературното списание „Галичник“, кое се печатело во педесеттите години на 20 век и на хумористичниот весник „Стругало“, кој се печател меѓу Првата и Втората светска војна. Тука, се наоѓа скулптура на Ѓорѓија Пулевски, подарок од академик Томе Серафимовски, како и книги посветени на истакнатите македонски преродбеници од 19 век, на галичаните Партеније Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Панајот Ѓиновски, на фреско-сликарот Макарије Фрчкоски, на основоположникот на македонското современо сликарство академик Лазар Личеноски и на други преродбеници и истакнати личности кои оставиле белег на историјата и традицијата на Галичник.

    За посетителите, како што ни говореше младата и елоквентна Тамара Ажиевска, кустос на Музејот, странските посетители посебен интерес посветуваат на оригиналните примероци на галичката носија, која е живописна, со оригинални везови и колоритни бои, кои се уникатни и неповторливи. Како што ни рече Ажиевска, кога на странските гости ќе им каже дека тежи околу 30 килограми, жените се чуделе и прашувале какви биле тие жени, како се движеле низ угорнините и удолниците? Потоа, ќе констатирале дека тие биле извонредни цврсти жени!

    Една од просториите е мини килимарница. Зачуван е разбојот на кој се ткаеле галичките килими, јамболии, мутафчиња, клашни и сл. Тука се и оригиналните алатки со кои се создавале домашните ракотоворби: чекрек, фурка, вретено, сновалка,, брдо и друго. Во друга просторија се наоѓаат предметите во различни периоди во минатото, со кои галичкото семејство се служело во секојдневниот живот: камин, софра, триножни столчиња, тарун, сукалка, ковчег, пегла на жар, буриња, ибрици, аван, дрвени садови, качиња, грниња, дрвени лажици, виљушки и друго.

    На ѕидовите се наоѓаат црно-бели и колор фотографии низ кои може да се долови развојот на Галичник, изградбата на културните и црковните објекти, на куќи и сл. Галичката свадба е застапена со тапанот и зурлата, со галичките носии и други предмети кои се неопходни за изведувањето на обичаите и обредите. 

    Во сите периоди на својот развој Галичник беше и остана привлечен за гостите и туристите од сите страни на светот. 

    - Чуден е овој Галичник. Ме импресионира со само што стапнавме на негова почва. Пред да појдеме за Галичник, за овој крај познат во светот по „Галичката свадба“, гледавме многу фотографии и видеозаписи, кои ни ги презентираа нашите пријатели, мината година беа на турнеја низ Македонија, беа на „Галичката свадба“ и тоа беше предизвикот и ние да дојдеме. Навистина изборот одморот да го мине во прекрасната Македонија не беше лош, се' што посетивме и видовме за петнаесетина дена, се' беше волшебно, а посебно не импресионира и се вљубивме во Галичник. Од каде и да погледнеме Галичник импонираше и доминира на просторот. Амфитеатар и музеј на отворено и тоа на голема надморска височина. Архитектонскиот израз е мошне значаен, бидејќи се' е приспособено според височините на просторот и острата клима. Куќите високи, ѕидани со камен, поредени на брдата, една за друга, со специфична, автентична и ретка архитектура. Посебно ме импресионира што за влез на секој кат има посебна врата, без скали од самата земја, таква е конфигурацијата, а умните мајстори тоа го користеле, ни говореше Џорџ Ханс, историчар на уметноста, од Детроит, САД, кој со група од дваесетина туристи, само што излезе од портата на етно-музејот и додава: На мал простор, добро организиран, одблизу се запознав со богатство на една населба, како што разбрав, некогаш бил и град, на светот досега ова нешто не сум сретнал, заминувам со многу импресии и на моите пријатели имам со што да им се фалам. Ако ми се укаже можност пак ќе дојдам во Галичник да го видам, а по можност и да останам неколку дена, тоа и го заслужува.

    КуЌата на Пулевски



    Во долниот дел на Галичник, всушност, од каде што почнал да се гради , се наоѓа куќата на Ѓорѓија Пулевски, македонски лексикограф, поет, историчар, граматичар, собирач на народни песни и војвода. Неговата куќа од 1972 година е претворена во „Меморијален музеј на Ѓорѓија Пулевски“.

    Со неколку гости и пријатели од Германија при прошетката на Галичник, кои беа восхитени од она што го видоа, беа импресионирани, од архитектурата на камените и големи куќи, место положбата на селото, од соборниот храм „Свети Петар и Павле“, од долната црква „Света Петка“, од иконостасите, од иконите и фреските , што се наоѓаат во нив. Притоа, изразија желба да го посетата и музејот на Пулевски. За жал, желбата не им се исполни, бидејќи на влезната врата имаше катанец.

    - Веќе три години Музејот е затворен, ни вели Митре Ажиевски, претседател на Месната заедница - Галичник. Со овој значителен историски објект управува Установата на Музеи на Македонија. Со доаѓањето на новата директорка на Музеите го затвори Музејот. Ние како Месна заедница повеќе пати се обраќавме со молба, како што беше во целиот изминат период од отворањето на Музејот, клучот да го чува жител на Галичник, кој преку лето ќе го отвора Музејот и посетителите да можат да ги разгледаат експонатите и да се запознаат со нашиот голем преродбеник, што е и афирмација на Галичник и на Македонија. Но, директорката има други согледувања и размислувања, што се спротивни на интересите на посетителите. До кога вака ќе постапува директорката која се финансира од даночните обврзници не знаеме, со жалост ќе констатира Ажиевски.

    Инаку, „Меморијалниот музеј Ѓорѓија Пулевски“ е составен од два дела „битов“ и „историски“. Повеќе пати сум имал можност да го посетам и за нашите читатели ќе им ги пренесам моите видувања.

    Во горниот дел, првиот кат, се наоѓа историската постава составена со многубројни фотографии, документи, книги и други материјали, со што е синтетизирана многустраната и мошне обемната дејност на Ѓорѓија Пулевски. Тука, се поместени делата од творечката дејност во Белград во 60-тите и 70-тите години на 19 век и дејноста што ја имал во Софија во 80 и 90 години на 19 век.

    Во „битовиот“ дел се собите кои се наместени како во времето кога живеел Пулевски, неговата галичка носија, слична на Шкотите (машка долама), така мажите галичани се облекувале во тој период. Исто така, тука е сместено и оружјето на војводата.

    Осумдесетгодишниот Гапе Ажиевски, во својата куќа што се наоѓа во Чучка маало, во неколку одаи има сместено многу предмети што неговите предци ги користеле во секојдневниот живот, галички носии што тој и неговите најблиски ги носеле во секојдневието и за свадби и свечености, предмети од домаќинството, книги, весници, фотографии и друго.

    Трите галички музеи се трезор на големото културно наследство на Галичник, создавано низ десетте века и на посетителите на најдобар начин им се доловува минатото и вредностите на овој исклучителен народ.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 503 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024