Грчката влада е меѓу соучесниците во користењето на бегалците од Блискиот исток како оружје против Македонија, смета аналитичарот и експерт за ситуацијата на Балканот Андреј Корбико, во ексклузивното итнервји Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце
Како ја оценувате актуелната ситуација со бегалците од Среден Исток кои што поминуваат низ Македонија и Србија на патот до ЕУ?
Корбико: Кризата е потполно вон контрола и таа е резултат на операциите на САД и нивните сојузници за промена на режимот во Либија и Сирија. Европа ништо не добива од ова, и загрижено се обидува да ги ублажи последиците, а во исто време остава впечаток дека делумно ги почитува нејзините широко промовирани „вредности“, но обратно, проблемите на Европа претставуваат добивка на САД. Вашингтон гледа на тоа како да најистакнатите држави на континентот (особено Франција и Германија) се фатени во една демографски кошмар, временска бомба којашто може стратешки да биде активирана по желба и во случај доколку овие држави некогаш решат да се стремат кон политики независни од диктатите на САД.
Тие веќе си имаа свои проблеми коишто постоеја и пред ова, но сега тие се влошени и создаваат јасна тензија меѓу групи на идентитети и политички партии, отворајќи нови патишта за САД да ги спроведуваат нивните стереотипни политики на „раздели па владеј“ кога е тоа потребно. Искрено кажано, САД со цел ги создадоа состојбите коишто ја поттикнаа бегалската криза, и ги користат како оружје поединците кои бегаат од тие простори за да ги искористат како несвесни алатки во една поголема игра на моќ против Европа. Во текот на настаните, бегалците (идентификувани од страна на САД како „стратешко оружје/ средства“ крстосуваат низ Балканот и истовремено остваруваат една од другите цели на Вашингтон, а тоа е дестабилизација на Србија и Македонија. Сето она што се случува претставува во основа примена на Теоријата на хаос во геополитички контекст.
Зошто тие ја бираат оваа рута? Дали е тоа случајно или нешто што е свесно одбрано?
Корбико: САД вршат одредено влијание врз ситуацијата за да ги „насочуваат“ бегалците долж оваа рута, исто онака како што се способни да ја насочуваат Исламската држава во правец на нивните заеднички стратешки цели во Сирија, на пример. За да ја исполнат оваа задача, нивните разузнавачки агенции вршат влијание врз тајната мрежа на шверцери со луѓе, со што ги олеснуваат овие бранови од мигранти убедувајќи ги да веруваат дека рутата Македонија – Србија – Унгарија е најбрза и најбезбедна за нивните „клиенти“. Од гледна точка на мигрантите и шверцерите на луѓе, ова ги задоволува критериумите коишто тие ги бараат – брзина и релативна сигурност (да не бидат фатени), додека за САД, со тоа се постигнува дестабилизација на овие две геостратешки држави со мал или никаков трошок за Вашингтон. Сето тоа се прави преку посредници, а САД треба само да ги создадат потребните услови и да го поттикнат насочувањето со цел да предизвикаат хаотични процеси коишто тие ги поттикнале за тие истите самостојно да го пореметат дадениот поредок.
Зошто нашиот јужен сосед Грција организира автобуси и ги праќа бегалците на нашата граница? Зарем не треба да ги испрати онаму од каде што дошле?
Корбико: Отпрвин изгледа како да грчката влада беше потполно изненадена од кризата и не беше во состојба да ја запре (исто така, беше намерно лишена од помошта од нејзините „сојузници“ ЕУ и НАТО како дел од еден „механизам за пазарење“ за да се изврши притисок врз владата на Ципрас да го прифати договорот за долгот), но сега е јасно дека некои Грци активно го потпомагаат и поттикнуваат овој процес. Она што навистина се истакнува како доказ за ова е планот на грчката влада да ги испрати со брод бегалците од островот Кос до северното крајбрежје на Грција со што ќе им се овозможи лесен пристап до македонската граница. Зошто тие да не се испратат поблиску до албанската или бугарската граница, зошто на македонската граница? Дали можеби затоа што одредени личности во Грција имаат длабоко всадени одмазнички намери против Македонија и нејзиниот народ и сакаат оваа криза да ја искористат за да ја казнат земјата? Дали можеби истите овие владини личности добиваат наредби од ЕУ и НАТО да ги извршуваат овие функции како дел од еден договор во сенка заради добивање финансиска помош од ЕУ? Без разлика која е причината, станува очигледно дека одредени личности во грчката влада се соучесници во користењето на бегалците од Блискиот исток како оружје против Македонија.
Зошто НАТО или некој друг не им помага на бегалците? Јасно е дека овие луѓе ја сметаат Европа како земја од соништата, но зошто е тоа така? И зошто тие одат преку православни држави на нивниот пат до Шенген зоната, зошто не одат преку Албанија – Босна – Хрватска – Словенија? На крајот на краиштата, тие се дел од Европа, но дали можеби НАТО внимава на своите интереси во овие земји и ги пренасочува мигрантите во други земји?
Корбико: Македонија е одбрана од неколку причини, но сите тие водат до промената на власта којашто беше планирана против земјата и за која Зоран Заев се обиде да ја спроведе (кој работеше во корист на неговите американски патрони). Нема некоја битна карактеристика што ја прави Македонија „поатрактивна“ за мигрантите во споредба со Албанија или Бугарија, на пример, а и истите рути на превоз од север кон југ за коишто некои аналитичари велат дека се погодни за мигрантите, ги има исто така и во двете овие земји. Згора на сé, зошто мигрантите едноставно не го користат копнениот дел од Грција, како док преку кој што ќе отпловат за Италија? Причината зошто САД и нивните разузнавачки служби не ги промовираат овие рути е бидејќи тие имаат специфично одредени стратешки цели коишто ги постигнуваат со насочување на мигрантите преку Македонија и Србија. Тие ги заплашуваат шверцерите со луѓе така да не помислат да одат преку Албанија, Бугарија или преку Јонското Море, бидејќи ќе бидат уапсени, што претставува начин на којшто тие ги наведуваат да ја одберат рутата Македонија – Србија. САД се многу свесни за дестабилизацијата којашто следи по налетот на десетиците илјади бегалци коишто ќе ги преплават границите на овие релативно мали држави, што е причина зошто САД прават сé за да спречат тоа да се одвива преку нивните Албанија и Бугарија, па наместо тоа намерно ги насочуваат овие илегални мигрантски групи кон Македонија и Србија.
Зошто мигрантите не одат во Саудиска Арабија, Катар и слични земји во регионот? Овие земји имаат иста религија, како и најголемиот дел од мигрантите и исто така се меѓу најбогатите земји во светот.
Корбико: Саудиска Арабија и Катар ги сакаат само мигрантите коишто можат да работат како слуги и да бидат контролирани, па затоа тие наместо нив, повеќе ги сакаат имигрантите од Јужна Азија, односно од Индија и Пакистан. Осиромашените жители на Сирија и Либија би претставувале товар за нивните национални буџети, коишто и двете сунитски апсолутистички монархии повеќе сакаат да ги чуваат исклучително за бенефитот на нивните актуелни граѓани. Исто така, мигрантите бегаат од региони каде што има секташки војни и терористички групи, а овие две земји се најголемите државни спонзори на тероризмот во светот, со нивните идеологии со коишто директно се префрлува вината за војните во Либија и Сирија. Поради тие причини, овие бегалци не одат во ниедна од тие држави, и плус, тие знаат дека дури и во случај да решат тоа да го направат, веднаш ќе бидат исфрлени, затворени или евентуално и убиени од страна на безбедносните сили, што е и многу поверојатно, доколку тие не му припаѓаат на сунитскиот ислам.
Како може Македонија евентуално да се справи со оваа криза и кој може да ѝ помогне?
Корбико: Македонија зазеде патриотски и прагматичен став со тоа што прогласи вонредна состојба и привремено го ограничи пристапот преку нејзината јужна граница, но ова се покажа како недоволно за да се спречи огромниот бран бегалци. Кога масата стана насилна и војската беше принудена да одговори со гасни бомби и гумени куршуми, Скопје се соочи со нејасна критика од страна на ЕУ за „човековите права“ и „прекумерна употреба на сила“, што покажа дека Брисел не е искрен во помагањето на Македонија да го реши овој проблем. Така, владата е изложена на огромен притисок да го одбере „помалото зло“ и да им дозволи на мигрантите да минуваат преку нејзината територија на колку е можно поконтролиран начин, наместо да не им дозволи влез од грчката граница. Овој избор беше направен бидејќи Македонија не добива никаква помош од нејзините „партнери“ за да ги спречи да поминуваат, а не сака да биде во позиција во којашто каква и да е употреба на сила против нив ќе биде манипулирана од страна на меѓународните (западните) медиуми во ситуација кога настапува нова рунда на анти-владина агитација.
Во еден идеален свет, ЕУ и НАТО немаше да ги отпочнат војните против Либија и Сирија кои претходеа на оваа криза, но во услови кога тие, за жал, се случија и ситуацијата е онаква каква што е во моментов, ако тие ѝ беа вистински „партнери“ на Македонија и имаа намера да ѝ помогнат, тогаш тие ќе пратеа повеќе од скромни и недоволни средства. Всушност, тие ќе заземеа активен став во решавањето на проблемот на неговиот континентален извор, Грција и соодветно ќе ѝ помогнеа на тамошната влада. Но, ништо од ова не се случи и ЕУ само фрла пари за проблемот за да изгледа дека таа нешто прави. Во реалноста, таа попрво би ги оставила бегалците на Балканот и би се оградила од регионот доколку се појави потреба од тоа. Македонија, всушност, нема ниеден пријател во ЕУ, НАТО или грчката влада и оваа криза едноставно го докажува она во што многу луѓе веќе се сомневаат.
Кој е ставот Русија во оваа ситуација и каква улога може таа да игра во борбата против Исламската држава? Причината за ова прашање е затоа што има една особено интересна анализа којашто доаѓа од земјата на академикот и историчар Јелена Гускова, која предупредува дека ткн проект „Зелена трансверзала“ е речиси готов и чека на последната фаза за да отпочне со работа кон крајот на август. Во врска со тоа, таа вели дека вооружени терористи ќе ја нападнат Македонија, Јужна Србија (Прешевската долина) и Босна. Пред тоа, таа вели дека терористите ќе се обидат да извршат диверзија во Србија за да го одвратат вниманието на српското население, со цел да ги фатат неспремни за претстојниот напад. Што мислите за ова?
Корбико: Ова е многу опширно прашање, но ќе се обидам да одговорам колку е можно поконцизно. Русија верува дека САД и НАТО се виновни за кризата со бегалците, бидејќи тие ги иницираа конфликтите поврзани со промената на режимот во Либија и Сирија. Што се однесува до улогата на Русија во борбата против Исламската држава, јас напишав еден опширен напис за Sputnik во врска со нејзините неодамнешни дипломатски напори за координирање на една сеопфатна анти-ИСИС коалиција, што им го препорачувам на читателите да го прочитаат доколку се заинтересирани.
Што се однесува до Гускова, таа дава одлична забелешка во врска со американската стратегија на Балканот, а тоа е дека САД сакаат да го искористат исламскиот екстремизам како нивен омилен „чинител за промена“ во срцето на регионот (Македонија, Србија и Босна), иако не сум сигурен кога точно формално повторно ќе го искористат овој механизам. Македонија успеа да спречи поголема терористичка војна кога нејзината војска изврши упад во засолништето во Куманово и ги спречи стрителите да го нападнат Скопје и други места, но заканата сé уште останува. Слично, таа иста закана од тероризмот поврзан со Албанците е, исто така, присутна во Прешевската долина, но треба да се нагласи дека огромното мнозинство Албанци во двете земји (особено оние во Македонија) не сакаат да бидат вмешани во таа шема, но тоа се поврзува со нив и со нивната етничка група заради американските големи стратешки побуди. Босна е во слична ситуација кога станува збор за исламскиот тероризам, исто така, пишував за ова во еден друг напис за Sputnik.
Дали ова треба да се земе сериозно, или е ова вид на спин што произлегува од Русија и што има намера да ги поремети односите со САД и ЕУ во регионот?
Корбико: Проценката на Гускова многу личи на мојата проценка за регионот и двете наши предвидувања треба да се земат со најголема сериозност заради можните далекусежни последици. Самиот факт што и двајцата живееме во Русија не значи дека ние имаме некаква конспиративна причина за нашите анализи и дека и двете се засновани врз доволно документирани факти и стратешко размислување за да се спротивстават на меѓусебна критика. Најмногу што може некој негатор да укаже е дека САД немаат ваков вид на „намера“ којашто Гускова и јас им ја припишавме, но како одговор на тоа, јас би сакал читателот да се потсети на наменските деструктивни политики на САД низ целиот свет со кои се побива таа сугестија. За САД, Балканот претставува идно исламско терористичко „игралиште“ за кое се смета дека е „резервна сила“ за вршење притисок врз Европа во одреден момент и во вистинско време.
Еден дел од причината за ова е геополички (Балканот е „совршена излезна врата“ на ЕУ), а другиот дел е поврзан со енергијата (да се дестабилизираат владите на Македонија и Србија коишто се пријателски настроени кон Русија, за да го саботираат Балканскиот (Турскиот) тек), но сé на сé, САД имаат особено реални стратешки причини зошто тие сакаат да го уништат Балканот во ситуација кога не можат да го котролираат во потполност. Исто така, соработката со исламските фундаменталисти усмерена кон големите стратешки цели не е ништо ново за САД, бидејќи секој од нас е многу свесен за тоа како САД ги финансираше Ал Каеда и талибаните, а документот на Judicial Watch кој што беше објавен во мај докажува дека Агенцијата за разузнавање при Министерството за одбрана (DIA) го предвиде подемот на Исламската држава и активно го поттикна ваквото сценарио. САД не работат само со меѓународни исламски екстремисти, туку и со оние коишто се организирани од државите, како што е Саудиска Арабија, па дури и Морсиевата поранешната влада на Муслиманското братство во Египет. Во врска со второво, читателот треба да се потсети дека Муслиманското братство е назначено како терористичка организација, меѓу другите, од страна на владите на Русија и Сирија, така што обвинувањата дека САД соработува со терористите не е само реторика, туку правна реалност.
Друга работа за којашто таа (Гускова) зборува е како терористите ќе извршат напад во кој што ќе загубат животи многу албански цивили коишто потоа ќе бидат изложени на притисок за покренување на борба за „спас од тиранијата“ на која што тие се подложени во Македонија, Србија и Босна. Таа предупредува дека најголема можност ова да се случи има во Република Српска, и дека под изговор за „регулирање на ситуацијата“, НАТО може да изврши интервенција.
Корбико: Тоа е многу реално сценарио, но јас би отишол уште еден чекор натаму и ќе предвидам дека овие лажни воени операции нема да бидат насочени само кон Албанците, туку кон муслиманите општо (доколку тоа се случи). Веќе имаше обиди да се исполитизира антитерористичката операција спроведена во Куманово со обиди таа да се претстави како некаква војна меѓу „Словени/христијани и Албанци/муслимани“, но за среќа, таквата бедна и искривена перспектива не беше прифатена и беше разоткриена како лага каква што и беше. Но, сепак, тоа покажува дека постои преседан да се означат сите Албанци/муслимани како жртви на Словените/христијаните без оглед на контекстот, а сето тоа со намера да се поттикне верска „против-борба“, еден актуелен џихад, против мнозинските жители на Балканот (христијански Словени).
Ова не е во ничија полза, туку навистина е уште една итра манипулација на САД да се предизвика војна на идентитети на целиот регион под мотото „подели и освој“. Историјата на инволвираност на САД во Босна и Косово укажува дека тие веднаш ќе застанат на страната на муслиманите доколку искрсне конфликт и ќе одлучи директно да интервенира, но оваа група ќе функционира само како „погодни будали“ на САД и тие на крајот ќе бидат предадени дури и побрзо отколку што САД се свртеа против нивниот долгогодишен сојузник Мубарак доколку САД сметаат дека тоа е стратешки погодно. Ако тие мислат дека да се биде муслиман автоматски им дава право на привилегиран третман од страна на владата на САД, тогаш тие очигледно не се свесни за американскта историја на Блискиот исток, бидејќи порано или подоцна, и тие ќе бидат предадени во одреден момент, без оглед дали тие го сфаќаат тоа или не.
Гускова, исто така, го проучува влијанието на Исламската држава на Балканот, и според неа, терористите навлегуваат во регионот под изговор дека се бегалци од Блискиот исток. Што мислите вие за ова?
Корбико: И повторно, г-ѓа Гускова е апсолутно во право. Како и што кажав кај Марија Котовска во текот на едно интервју за Нетпрес коешто таа го направи со мене на крајот на јули годинава.
„Од Унгарија изјавија дека до сега најмалку 90.000 луѓе илегално влегле во оваа земја и дека очекуваат таа бројка да порасне до 300.000 до крајот на годината. Најверојатно е дека поголемиот дел од нив дошле преку јужниот правец што значи дека тие поминале низ Македонија во одреден момент. Земајќи предвид една крајно конзервативна проценка дека 1 отсто од нив би можеле да бидат терористи, тогаш тоа ќе доведе до бројка од речиси 1.000 терористи до сега (и ќе достигне до 3.000 до крајот на годината) кои што влегуваат во Македонија на неодредено време. Или да појасниме, тоа изнесува околу 100 пати повеќе од бројот на терористи кои што беа убиени во текот на нападот во Куманово“.
Нема сомнение дека бегалската криза се користи од страна на терористички групи како изговор за навлегување во регионот и ова се прави со потполна усогласеност со препораките на американската надворешна политика. Исламската држава во основа е „територијална Ал Каеда“ којашто може да се активира каде било во Африка – Евроазија што е од стратешка корист за САД и сега за сега тоа изгледа како да нивната најнова арена ќе биде Балканот, со користење на благонаклонетите Албанци (кои се само мал дел од нивното целокупно население, тоа треба да се нагласи) како нивно локално сидриште.
Целта е да се радикализира транснационалната албанска заедница, особено во Македонија и Србија така што ќе се предизвика поголема војна помеѓу христијаните/Словените и муслиманите/Албанците за којашто САД се надеваат дека ќе се случи. Се надеваме дека и двете страни сфаќаат што е во прашање и како САД очајнички се обидува да манипулира со нив во ова страшно сценарио.
Гускова вели дека Американците сакаат да го покорат словенскиот народ на Балканот, народ којшто тие никогаш не го покориле, и покрај огромниот притисок против нив и наметнување на одредени марионетски режими. Таа укажува дека Република Српска ја зацврстува својата позиција, Македонија ја брани својата независност, а Србија одбива да го признае Косово. Што мислите вие?
Корбико: Секако е вистина дека Македонија, Србија и Република Српска останале единствени коишто допрва треба да се покорат, и покрај одредени периоди од нивната историја кога тоа можело за малку да се случи, но САД се желни да доминираат врз сите народи на Балканот, како и да го прави тоа постојано со оние коишто моментално ги контролираат (Бошњаци, Хрвати, Албанци). Македонија, Србија и Република Српска формираат една геостратешка мрежа на држави кои јас ги нареков „Централен Балкан“, затоа што тие не претставуваат само географски центар на овој регион, туку исто така она што им е заедничко е нивниот силен патриотизам кога треба да се справат со некаква надворешна доминација. Натаму, сите три водат прагматични политики со Русија.
Тоа кажува дека некои од најмалите држави во Европа всушност се единствените коишто имаат храброст да се спротивстават на притисокот на САД во врска со санкциите против Русија, бидејќи тие не само што го одбиле тоа, туку воспоставиле дури и подлабоки врски со Москва во текот на овој период преку нивната соработка на проектот за Балканскиот гасовод. Нивните симболични дејства означуваат одбивање на униполарноста која што САД се обидуваат да ја наметнат, и согласно тоа, како одговор САД ги таргетирал овие земји за непосредна дестабилизација. Тоа е причината зошто на Македонија и се случија Обоена револуција и обиди за неконвенционална војна од страна на Албанците насочена против неа, Србија е растргната од страна на ЕУ и САД, а Република Српска треба да ги издржи слабо прикриените терористички закани од лојалистите во Сараево. Тогаш, на тоа не треба да се гледа како на коинциденција дека сите три земји, а особено Македонија и Србија, се сега фокусни точки на бегалската криза.
Постои забележителен пораст во активностите на терористичките организации и исламистите на Балканот. Може да се најдат „вехабисти“ и „Црвена роза“ во Србија и Црна Гора, „тарик“ во Македонија, како и ќелии на Ал Каеда на Косово и во Северна Албанија. Каков е вашиот коментар во врска со ова?
Корбико: Создавањето на терористички гнезда, како што се оние коишто вие ги спомнавте е основниот дел на поголемата стратегија на отпочнување на регионалната војна меѓу Словените/христијаните и Албанците/муслиманите планирана од страна на САД. Муслиманското население на Балканот природно не е приемчиво на оваа реторика, па затоа САД мора да го „измие“ мозокот преку внесување радикални исламисти под закрила на бегалската криза. Исто така, некои од бегалците може да бидат пофундаменталистички настроени отколку муслиманските верници коишто се историски врзани за Балканот, па така ако тие останат во регионот (или поради немање избор или затоа што тие едноставно не можат да влезат во ЕУ), некои од нив би можеле да поработат на менување на ставовите на локалното население во врска со ова.
Психолошките операции коишто се водеа против регионот, значи, не се фокусирани толку многу врз Македонија, Србија и Република Српска (иако тие се дефинитивно таргетирани, иако од различни [промена на режим] причини), туку врз Албанците и Бошњаците во обид да се натераат да ги гледаат сите регионални случувања низ лажната и крајно секуларизирана призма на „Војна за исламот“. Ако САД можат да „исперат“ мозок на најмалку 10 отсто од секоја од овие одделни муслимански заедници кои што ќе наседнат на таа пропаганда (ткн теорија на драматична промена (tipping point theory), тогаш тие ќе можат да имаат доволно голема „домашна сила/подмладок на секое од трите можни боишта (Македонија, Србија и Република Српска) за да иницираат таква војна и да бидат убедени дека тие ќе „издржат“ да опстојат бескрајно и „автономно“. Ова е причината зошто иницијативите за контра-радикализација во името на секоја влада и нивните локални муслумански претставници во таа влада се важни во спречувањето на овој опасен развој и треба веднаш да бидат имплементирани доколку не се.
Во БиХ, неодамна, исламистите истапија со барања земјата да остане унитарна под имплицитна закана дека секоја промена во нејзиниот статус би можела да доведе до терористички напад и други дестабилизирачки дејствија. Дали е можно ова да биде дел од проектот „Зелена трансверзала“?
Корбико: Ова е дефинитивно поврзано со поголемиот проект за кој што ние дискутиравме и геополитичкото насилство на САД врз Централен Балкан. Република Српска има уставно право да го одбие судскиот систем на ниво на целата држава за кој се залага Сараево, бидејќи нема ништо што е содржано во Дејтонскиот договор за неопходноста од вакво тело. Тогаш, причинита што таа е притисната, е да се ослаби суверенитетот на Републиката со цел да се подготви една поширока игра на моќ против нејзината целосна автономија, а затоа претседателот Додик и неговиот народ одлучно го одбива тоа и тие жестоко се борат против тоа. Сепак, сега откако тие го зазедоа својот став, сараевските лојалисти иницираат една однапред планирана информациска војна со која се обвинува Република Српска за „сепаратизам“ и прекршување на Дејтонскиот договор“.
Ова не е вистина во која и да е форма, но тие го прават ова за да му наштетат на угледот на Републиката и да створат услови за европските и американските народи за претстојниот бран на формална агресија против неа. Тоа е она што всушност беше поента на провокацијата на Советот на безбедност на ОН и на ОК во Сребреница насочена кон тоа да ја претстави Република Српска како ентитет „создаден со геноцид“ кој што нема право да постои. Русија стави вето на резолуцијата токму заради оваа причина, но поучниот момент овде е дека Запад откри што планира да прави во Босна. Тој води асиметрична војна против Република Српска која што е веќе во фаза на информации, со крајна цел да ја пренесе во економска и терористичка фаза кога ќе се донесе таква одлука. Ослободувањето на злото (Unleashing the scourge) на исламскиот тероризам против неа (слично на она што се случи во текот на „обидот“ во Зворник) е наменето да служи како еден од поттиците за поширока регионална војна која што ја заговараат САД.
Според некои анализи, ѕидот на унгарската граница значително ќе го зголеми бројот на мигранти од Средниот исток кои што ќе останат во Србија и Македонија, а чиј што вистински идентитет никогаш не може да биде потврден. Што мислите за оваа закана?
Корбико: Ѕидот е одговор на Европа на кризата којашто, како што спомнав на почетокот на ова интервју, е херметички да се изолира од Балканот доколку ситуацијата нема да може да се контролира. Фактот дека Унгарија се движи напред со таква брзина во имплементирањето на оваа идеја покажува колку е сериозна нејзината влада во справувањето со оваа криза (и колку сериозна таа очекува да стане во иднина), и бидејќи таа беше прифатена од ЕУ без некои позначајни замерки, тоа исто така може да се протолкува како Брисел да го зема проблемот во свои раце. Ова е важно, бидејќи навистина покажува како ЕУ се откажува од Србија и Македонија во едно важно време во кое што на двете земји им треба секоја можна помош, со што се открива дека Брисел никогаш немал какви било позитивни намери кон која било од двете негови можни членки.
На овие две земји отсекогаш се гледало како на идни пазари и ништо друго, за кои што никогаш не се размислувало како за еднакви партнери и тоа е причината зошто на ЕУ не и пречи што безбројните бегалци и терориристи кои што се инфилтрирале во целиот регион треба да останат под целосна контрола на Балканот. Социјалните, економските, политичките и безбедносните дестабилизации поврзани со тоа имаат огромно влијание во секој поглед и навистина можат да ја пореметат секоја од засегнатите земји, но ЕУ одбира да не се справува со ова и попрво би го прифатила можниот колапс на државите на Централниот Балкан наместо да даде вистинска помош и придонес на нивните напори.
Најголемиот делод бегалците се мажи на возраст од 27-35 години, од кои 94 отсто се муслимани, од кои повеќе од половина немаат семејство и ги избегнуваат сите форми на изложување на медиуми. Кој ги финансира овие луѓе, или како тие успеваат да се издржуваат?
Корбико: Како што претходно кажав, огромното мнозинство од бегалците не се терористи, но многумина од нив имаат сомнителни профили што може да претставува знак за узбуна. Проблемот е што нема начин да се утврди нивниот идентитет и оттаму, нема начин државите да видат дали тие се наоѓаат на некоја листа на терористи. Дури и ако не се, никој не ја знае намерата на овие луѓе и изгледа необично тоа што голем број од овие мажи (коишто според традиционалните муслимански култури на таа возраст би требало веќе да се женети и да имаат деца) навлегуваат во ЕУ без ниеден член од семејство.
Во сево ова нешто не се совпаѓа и не е можно дека повеќето од тие луѓе сосема случајно не соодветствуваат на нивните демографски очекувања или го прекршуваат општествениот кодекс од нивните земји со тоа што ги напуштиле своите сопруги и деца. Не се знае како тие се стекнале со пари за да го финансираат своето патување, но можно е тоа да било со помош на заштедите од нивните семејства и / или преку продавање на нивниот движен и недвижен имот. Сепак, оние кои што имаат врска со тероризмот веројатно се финансирани од страна на други терористи и според претпоставеното богатство на „Исламската држава“ таа теоретски би можела да финансира илјадници терористи кои што ќе се инфилтрираат во ЕУ и на Балканот под изговор дека се бегалци.
Извор: “Макфакс“