Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-03, 7:43 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » September » 14 » УБАВИНА ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ: 10 Македонски села кои ќе ви го одземат здивот!
    3:59 AM
    УБАВИНА ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ: 10 Македонски села кои ќе ви го одземат здивот!

    УБАВИНА ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ: 10 Македонски села кои ќе ви го одземат здивот!

    УБАВИНА ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ: 10 Македонски села кои ќе ви го одземат здивот!

    Македонија ги поседува сите услови за успешен селски туризам. Во продолжение ви го прикажуваме нашиот избор за втората листа на 10 најубави села во Македонија, со десет нови дестинации, еднакво вредни за посета колку и претходните. Порталот Block.com.mk ви претставува 10 Македонски села од кои застанува здивот!

     

    Вевчани

    После селото Велешта, во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13-ти и 14-ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори.

    vevcani

    Стење

    На влезот на селото Стење е поставена и табла на која се испишани информации за природните и културните убавини на селото, Преспа и Преспанското Езеро и за островот Голем Град. Во заливот Лиса има панорамски поглед на езерото. Ова е само дел од тајната на Стење и неговата околина. Мештаните имаат обичај и да се пошегуваат со дојденците, велејќи дека не сакаат да ги откриваат убавините на селото бидејќи ќе привлечат голем број посетители, со што недопрената дивина ќе биде уништена.

    stenje

    Белица

    Белица се наоѓа во Поречката област, во подножјето на планинскиот масив Мокра Планина (Даутица, Јакупица и Караџица) на надморска височина од 600 до 680 метри . Во овој предел се наоѓаат изворите на најубавата река во Македонија, реката Белешница, која преставува најголема притока на реката Треска. Во околината на селото има неколку подземни пештери кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореогафија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.

    belica

    Папрадиште

    Во областа Азот во западната страна на велешката околија, сместено на 1.000 метри надморска височина, каде што орлите се гнездат под врвот Солунска Глава, на падините на планината Јакупица се наоѓа мијачкиот „остров“ во централна Македонија – селото Папрадиште. Престојот во ова село е задоволство, било да е лето или зимa. Името го има добиено поради изобилството на папрат во селото и во околината. Со асфалтен пат е поврзано со селото Богомила од кое е оддалечено осум километри.

    papradiste

    Тресонче

    Тресонче е едно од најстарите села во Република Македонија. Неговото име најнапред било Старо Село. Се наоѓа во срцето на планината Бистра, во западна Македонија, а е распослано по левата и десната страна на Тресонечка или Мала Река. Низ историјата се споменува како дервенџиско село, а неговите главатари неколкупати се среќавале со турските султани во Цариград, поради што Тресонче е и споменувано во султанските дефтери како стратегиски значајно село на патот кој од Кичево и Дебар водел кон Елбасан, Косово, Драч и Солун.

    tresonce

    Глобочица

    Селото се наоѓа на западните падини на Караорман, на бреговите на езерото Глобочица. Преку езерото, жителите на некогашна Глобочица веќе две децении создаваат нов живот во новоизградената населба создавана со бројни работни акции кои на мештаните им го јакнат чувството на заедништво, а на населбата и даваат лик кој плени. Пред  повеќе од 20 години тие го обновија и манастирот „Св. Антониј“ до кој води уредена шумска патека.

    globocica

    Зовиќ

    Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел на областа Мариово. Припаѓа на Општина Новаци и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско Мариово. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на Градешка Река. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка Свети Атанасиј, во подножјето на висорамнината Добро Поле. Иако куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови, според надморската височина Зовиќ е ридско село. Крај селото веднаш по познатиот Зовички мост, Градешка Река која извира и дотекува од планината Ниџе навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката Сатока која потоа се влева во Црна Река.

    zovic

    Слепче

    Слепче се наоѓа западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево – Демир Хисар, на 680 м. над. вис. Земјиштето на Слепче е 24,5 км², од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха.

    slepce

    Смолари

    Живописното струмичко село Смолари се наоѓа во северното шумовито подножје на планината Беласица наречено Подгор, оддалечено околу 25 километри од градот Струмица во југоисточна насока, на надморска височина од 360 метри. Вгнезден длабоко во северните падини на планината Беласица, скриен помеѓу столетните букови дрвја над селото Смоларе, тече Смоларскиот водопад, на надморска височина од 600 м. Тој претставува ретка природна убавина, која долг период беше сокриена од љубителите на природата, поради својата непристапност.  Планинската патека преку 300 скалила ве води до чудото на природата, а на целта ве очекува досега невидена убавина, што ќе ви го одземе здивот.

    smolari

    Радожда

    Радожда е крајбрежен рај кој за разлика од другите комерцијализирани локалитети на Охридското езеро го красат и облагородуваат мир, спокој, тишина која во лето ја брануваат летните бубалки, шумот од лисјата од како крв црвените муренки и езерските шамаци. Доколку сте љубител на опуштените летни денови, езерска хармонија која ги одмора и релаксира мислите, како и мирна и чиста езерска вода во која ќе се изнауживате и разладите – Радожда е вистинскиот избор за вас.

    radozda

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 483 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024