Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:25 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » September » 15 » ИРАН И СЕ ПРИДРУЖИ НА РУСИЈА: Иранската војска влезе во Сирија и и се придружи на руската во елиминирањето на терористите!
    4:19 AM
    ИРАН И СЕ ПРИДРУЖИ НА РУСИЈА: Иранската војска влезе во Сирија и и се придружи на руската во елиминирањето на терористите!

    ИРАН И СЕ ПРИДРУЖИ НА РУСИЈА: Иранската војска влезе во Сирија и и се придружи на руската во елиминирањето на терористите!

    ИРАН И СЕ ПРИДРУЖИ НА РУСИЈА: Иранската војска влезе во Сирија и и се придружи на руската во елиминирањето на терористите!

    Кога пред десетина дена беше објавено дека Русија испратила своја војска во Сирија да му помогне на режимот на Асад во борбата против ИСИС, Ал Нусра и другите терористички групи поддржани од САД, многумина беа скептични.

    iran_vojska2

    Меѓутоа, Блумберг вчера потврди дека „врховни официјални лица ќе се состанат пред Комитетот на заменици на Националниот совет за безбедност за да расправаат за одговорот на стационирањето на руска војска и опрема во Латакија“ и за тоа што „Русија се подготвува за борбени воздушни мисии од нова авиобаза во Сирија“.

    Значи, Русија јасно му предочи на светот дека го поддржува Асад, и дека нема да толерира какво било финансирање на терористичките организации од страна на САД. Секако, тоа не е изненадување за САД. Како што САД ја користат ИД како изговор да на нападнат блискоисточната земја, така и Русија сега ја користи ИД како изговор да интервенира. Ако ИД навистина е непријател на човештвото, тогаш руската помош нема да биде на одмет, зарем не?! Меѓутоа, она што изненадува за САД е фактот дека американскиот дипломатски љубимец Иран им се придружи на руските сили во Сирија во соработка со рускиот претседател Владимир Путин.

    Оваа вест дава одговор на прашањето дали Иран немо ќе гледа како Турција, САД, Саудиска Арабија, Јордан и Катар го споборуваат Асад или ќе застане на страната на Москва.

    Како што пренесува АП, „Иранскиот министер за надворешни работи во понеделникот ги критикуваше барањата за оставка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, наведувајќи дека тоа само ја разбуди оваа граѓанска војна. Мухамед Џавад Зариф дури рече дека оние кои бараа оставка од Асад минатите години се одговорни за крвопролевањето во Сирија.“

    Значи, Иран ја избра својата страна и одлучи да ѝ се придружи на Русија во Сирија.

    Според израелската новинска агенција Ynet, Иран се вмешал во Сирија „бидејќи Асад е во криза“, а руско-иранската соработка е „резултат на состанокот на Солемани со рускиот претседател“.

    Што точно значи вклучувањето на Иран во конфликтот? „Тешко е да се предвиди дали присуството на Русија ќе одлучи за судбината на Сирија, но сигурно е дека борбите и крвопролевањето ќе продолжат уште неколку години, зашто ИД нема да се предаде“, наведува израелски извор.

    Iranian army is planing holding a massive military drill in fall of 2013.

    Со други зборови, потребно е уште странски сили да се вклучат во интервенцијата против ИД со цел да го одбранат или да го нападнат Асад, инаку сирискиот конфликт ќе трае довека. Тоа потоа наметнува прашање кога и како Израел ќе се вклучи во војната.

    Едно е сигурно, вклучувањето на Иран во конфликтите во Сирија значително ќе ги загрози дипломатските напори на претседателот Барак Обама.

    Тоа исто така значи дека Русија сега има медиумски кец во ракавот, бидејќи постојат фотографии од ирански војници во Сирија, кои воопшто нема да им се допаднат на американските политичари.

    Сепак, факт е дека вовлекувањето нови страни во сирискиот конфликт само го одложува постигнувањето ненасилно решение, а сега кога се вмеша и Иран, голема е веројатноста дека Израел и Саудиска Арабија ќе бидат вовлечени во конфликтот и покрај тоа што не е нивна волја.

     

     

     

    Преведено од Media.mk

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 264 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024