Турција и Саудиска Арабија претходно ја испланирале масовната миграција на сириските бегалци за да испровоцираат социјални немири и да ги принудат европските челници да се вклучат во борбата против сирискиот претседател Башар ал-Асад, пишува во португалското списание Publico, политикологот и публицист Назанин Арманиан.
Целта е постигната, смета Арманиан. „Лондон, Берлин и Париз се заканија со воздушни удари врз напатената Сирија, и покрај тоа што активностите од овој вид им противречат на нивните сопствени закони“, истакнува овој политиколог.
Од 2011 година сунитските земји Турција, Саудиска Арабија и Катар, не можат самите да го соборат од власта сирискиот алавитски (шиитски) претседател Башар ал-Асад, па се обидуваат да го убедат својот сојузник САД во неопходноста од неговото отстранување од политичката сцената, пишува натаму Арманиан.
По потпишувањето на договорот за иранската нуклеарна програма, ситуацијата на Блискиот исток драматично се промени, при што се измести рамнотежата на моќта во регионот, но не во полза на Турција и Саудиска Арабија. Според Арманиан, Анкара и Ријад започнаа со поттикнувањето на Европејците да се вклучат во сирискиот вооружен конфликт од две причини: економската ситуација не им дозволува во ист обем како порано да ги финансираат вооружените опозициски групи, и Асад одби да го прифати мировниот план што го предложија Иран и Русија, кој претпоставуваше одржување предвремени избори и преоден период за политичка транзиција на Сирија.
Сепак, „војната е многу полоша отколку режимот на Башар ал-Асад“, а „секоја воена акција може да доведе до појава на уште поголем број бегалци“, предупредува политикологот.
Друг факт на кој Арманиан го свртува вниманието, е тоа што воените дејствија во Сирија тешко може да се разберат како граѓанска војна. „Почнувајќи од 2012 година САД, Велика Британија, Франција, Турција и Израел вршат повремени напади врз Сирија, ја финансираат опозицијата и ѝ доставуваат оружје“, пишува коментаторот.
Во таквата ситуација, Вашингтон преку ткн контролиран хаос се стреми да го пресече возобнувањето на кинескиот „Пат на свилата“ од Азија во Европа и продолжува да го притиска Техеран, смета политикологот.
Извор: “Макфакс“